Me2
интериста
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 5.205
- Поени од реакции
- 2.199
Sunday 24th January from 20:45
Кратка историја за Интер :
ФК Интернационале Милано или почесто именуван како Интер, е италијански фудбалски клуб од Милано. Формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како АЦ Милан. Група Италијани и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пиетро Дел’Оро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Виф и Карло Андруси) кои биле незадоволни од доминацијата на Италијаните во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до креација на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеници.
Во својата историја Интер освојувал многу трофеи, од кои најголемо значење имаат титулите во домашното првенство: Шампиони на Италија (17), Куп на Италија (5) и Супер Куп на Италија (4), како и меѓунароните титули: Куп на Европски Шампиони (2), Куп на УЕФА (3), Интерконтинентален Куп (2).
Фудбалерите кои освојувале највисоки признанија додека играле за Интер се бразилецот Роналдо и германецот Лотар Матеус. Роналдо на два пати е прогласуван за играч на годината од ФИФА а еднаш ја освоил „Златната топка“, додека Матеус по еднаш ги освоил овие две награди.
Комплетен преглед:
Сериа А:
Победници (17): 1909–10; 1919–20; 1929–30; 1937–38; 1939–40; 1952–53; 1953–54; 1962–63; 1964–65; 1965–66; 1970–71; 1979–80; 1988–89; 2005–06; 2006–07; 2007-08; 2008-2009
Куп на Италија:
Победници (5): 1938–39; 1977–78; 1981–82; 2004–05; 2005–06;
Италијански Суперкуп:
Победници (4): 1989; 2005; 2006; 2008
Уефа Лига на шампиони (Поранешен куп на Европски шампиони)
Победници (2): 1963–64; 1964–65
Уефа Куп:
Победници (3): 1990–91; 1993–94; 1997–98
Интерконтинентален куп:
Победници (2): 1964; 1965
Други титули
Серија Де Мартино:
Победници (6): 1958-59; 1960-61; 1961-62; 1962-63; 1965-66
Трофео Тим:
Победници (5): 2002, 2003, 2004, 2005, 2007
Бира Морети куп:
Победници(3): 2001; 2002; 2007;
Пирели куп:
Победници: 2001
Во поголемиот дел од неговата 100 годишна историја, Интер носел дресови со црно-сини линии. Кога бил основан клубот во 1908, црната боја била одбрана да ја претставува ноќта, а сината да го претставува небото.
По спојувањето со Унионе Спортива Миланезе, Интер го променил името во Амброзиана СС Милано, а дресовите во бели со црвен крст, кој го претставувал знамето на градот.
После втората светска војна, клубот го вратил името и старите бои, што водело до прекарот „Нероазури“. Белиот дрес со знамето на Милано се користи одвреме - навреме како резервен (гостински) дрес.
Еден од прекарите на Интер е "I Biscione" што значи „големата тревна змија“. Одбран е затоа што во хералдиката на Милано змијата има големо значење. Се наоѓа на грбот на „Куќата на Сфорца“ која владеела со Италија од Милано, во текот на периодот на Ренесансата, на градскиот грб на Милано, грбот на „Војводството на Милано“ - 400 годишна држава настаната по Римската Империја и грбот на Инсурбија - географски регион во кој спаѓа Милано.
Уште еден прекар на клубот е „Ла Бенеамата“, или „Галеници“.
Кратка историја за Милан :
ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од Англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани[3], и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан има освоено вкупно 18 признати официјални интернационални титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати). Што се однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 17 титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27) Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство еднаш.
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците два пати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија пет пати, како и пет пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.
Клубот бил основан во 1899 година од страна на британските доселеници Херберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанскиот шампионат во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула се до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот куп истата година. По пензионирањето на Џиани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за прв пат во историјата. Скандалот беше базиран на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија шампионатот 1981-82 во зоната за испаѓање.
Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клубската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.
Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на утакмици. Милан беа казнети со одземање на 15 поени и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 поени и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата.
Низ целата историја на клубот, тие беа репрезентирани од боите црвена и црна. Боите беа избрани за да ја покажат огнената жар на играчите (црвена) и стравот на противниците да го предизвикаат тимот (црната). Поради црвено-црните дресови тие го добија прекарот росонери.
Национални титули
Серија А / Италијанско фудбалско првенство:
- Победници (17): 1901; 1906; 1907; 1950-51; 1954-55; 1956-57; 1958-59; 1961-62; 1967-68; 1978-79; 1987-88; 1991-92; 1992-93; 1993-94; 1995-96; 1998-99; 2003-04
- II место (14): 1902; 1947–48; 1949–50; 1951–52, 1955–56, 1960–61; 1964–65; 1968–69; 1970–71; 1971–72; 1972–73; 1989–90; 1990–91; 2004–05
- Победници (2): 1980–81; 1982–83
- Победници (5): 1966–67; 1971–72; 1972–73; 1976–77; 2002-03
- II место (7): 1941–42; 1967–68; 1970–71; 1974–75; 1984–85; 1989–90; 1997–98
- Победници (5): 1988; 1992; 1993; 1994; 2004
- II место (3): 1996; 1999; 2003
Лига на шампиони (поранешен Европски куп):
- Победници (7): 1962-63; 1968-69; 1988-89; 1989-90; 1993-94; 2002-03; 2006-07
- II место (4): 1957–58; 1992–93; 1994–95; 2004–05
- Победници (5): 1989; 1990; 1994; 2003; 2007
- II место (2): 1973; 1993
- Победници (2): 1967–68; 1972–73
- II место (1): 1973–74
Интернационален Куп
- Победници (3): 1969; 1989; 1990
- II место (4): 1963; 1993; 1994; 2003
- Победници (1): 2007
Dubai Challenge Cup
- Победници (1): 2009
- Победници (2): 1951, 1956
- II место (1): 1953
- Победници (1): 1981–82
- Победници (2): 1988, 1990
- II место (1): 1999
Толку од мене сега вие коментирајте... :baeh: