Instagram (официјална тема)

B

boomlakashaka

Гостин
Дали ако смениш пасворд на инстаграм те одјавува од секаде?
Ако се сомневаш на нешто дали е доволно да смениш пасворд за да заштитиш профил?
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Мислам дека те прашва дали сакаш да се одјавиш од сите уреди.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Дали ако смениш пасворд на инстаграм те одјавува од секаде?
Ако се сомневаш на нешто дали е доволно да смениш пасворд за да заштитиш профил?
Settings > Security > Login Activity

Ги имаш сите активни сесии, оди им logout. Дополнително и пасворд смени си.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Дали постои начин да видам кои хаштагови биле најуспешни за одреден пост, односно имале најголем reach, а кои најмал?
 
Член од
7 октомври 2009
Мислења
310
Поени од реакции
151
Имам проблем со инстаграмот.
`рчкав нешто со unfollow request, глеав туторијал за mass unfollow request преку Inspect на страната и некој код у Console, и сеа коа сум логиран на профилот и ќе кликнам на икончето да ме даде на профилната страна ми пишува ова :
Error
Please wait a few minutes before you try again.

Ми удриле некој рестрикции?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.941

За неколку саати ќе те пуштат, јас правев пред неколку недели ботови во селениум за автоматски like/follow/unfollow/search by hashtag и исто ме блокираа, за саат два бев ок, а дневно не дава повеќе од 100тина да кликнеш фолоу.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
Ја би ти препорачал InstaPy да го ѕирнеш. Го користев пред околу година време за follow - ги таргетирав тие што следат профили слични на мојот, чисто за да им искочам и голем дел враќаа назад пошто беше доста активен профил и имаше квалитетна содржина. После неколку дена го пуштав да прави unfollow на тие што не ме заследиле. Штета по којзнае пат пропадна клабинг сцената, а со неа и профилот и сајтот :)

Ботот има еден куп опции за да го поставиш како сакаш, а има и некои готови скрипти на линкот. Го имав подесено околу 20 секунди да има помеѓу акции, 2-3 пати на ден по околу пола саат.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Секој ден сум на инст,многу добра апликација
 
Проблем е што од Ноември наваму имале Инстаграм ставено граници колку можеш да заследиш. За нови акаунти се под 100, т.е отприлика на 50тина дури и рачно да ги кликаш ќе те блокира неколку часа. Јас откако ги напишав скриптите мислев дека имаат толку добар AI што успеа дури и со рандом чекање измеѓу кликови и пребарувања да ме фати и пробав да кликам рачно за тест, на под 50 заследувања ме блокираше, откако ме ослободи пак искликав уште 40тина и ме блокираше до другиот ден. Читав по гугл има доста постови на оваа тема, порано имало поголем лимит, сега е паднат на апла активни акаунти на некој лимит од 300-600, на нови акаунти од неколку недели/месеци под 100ка.
 
Уште од старт ако пуштив ботови отиде профилот јабана. Мора прво сам да го разработиш, да добиеш followers, да има интеракција и после на (по)безбедно си, а за тоа ти требаат повеќе месеци рачна работа. Плус не знам колку овие ботовите ги средуваат хедерите, може лесно да детектираат дека не пристапуваш од „обичен броусер“.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.941
Уште од старт ако пуштив ботови отиде профилот јабана. Мора прво сам да го разработиш, да добиеш followers, да има интеракција и после на (по)безбедно си, а за тоа ти требаат повеќе месеци рачна работа. Плус не знам колку овие ботовите ги средуваат хедерите, може лесно да детектираат дека не пристапуваш од „обичен броусер“.
Јас од досада ги искуцав, имав проект претходно со Selenium Web Driver i Beautiful Soup и дури ми беше свежо во неколку саати го скоцкав и овој за инстаграм :D
Акаунтот немаше ни еден пост на почеток тогаш креиран и одма го удрив на бот, само што ставив времетрањето помеѓу кликовите да биде рандом вредност од 3-20 секунди, логирањето исто со рандом времетраење меѓу кликовите на внес на корисничко и пв, впрочем да изгледа што е можно поприродно.
Пробај и рачно да кликаш ќе видиш дека блокираат.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
Пробај и рачно да кликаш ќе видиш дека блокираат.
Знам, знам. Рачно дури и побрзо би ги искликал, отвараш само листа и ги кликаш едно по едно, 1 секунда по акција ќе му дое :) Тогаш дека решив високо квалитетни followers да бркам и многу замарање ми беше рачно да ги прегледувам сите профили пред да ги заследам, пошто строго ги таргетирав, па решив да пуштам бот да ми заврши работа :) Околу 10.000 профили вкупно се собраа, минус приватните и плус некој коефициент се пресметуваше за секој профил, па ги филтрирав и по тоа.

Инаку не се занимавам со social media, ниту нешто многу ме интересира. Се решив да го билдам, па ај и ова да испитам како функционира :)
 
Член од
7 октомври 2009
Мислења
310
Поени од реакции
151
За неколку саати ќе те пуштат, јас правев пред неколку недели ботови во селениум за автоматски like/follow/unfollow/search by hashtag и исто ме блокираа, за саат два бев ок, а дневно не дава повеќе од 100тина да кликнеш фолоу.
Нема никаква промена ни после 12 часа.
Нормално можам да се логирам и да гледам објави од други што ги следам, ама ако пробам да влезам кај нив на профил или на мојата профилна страна уште седи
Error.
Please wait a few minutes before you try again.

Е сеа друга работа е што на мобилен се функционира најнормално, нема никаков застој... никој друг немал ваков случај???
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Вака постојат некои предлози за пријатели на инста, приватни профили.
Кога сакав да видам кој следат не сакаше, а кај некои дава, што е работата дали постои опција да ја скрие листата?
 
Член од
27 октомври 2019
Мислења
6
Поени од реакции
5
Добро нешто за лажни профили на инстаграм колку ги имаат направено досадно им е во животот па прават лажни профили и остај тоа имаат по 35К+ следбеници еве некој од тие не ги разбирам што сакаат која им е целта?
marijaa.mitrovska, teodora.nikolovskaa, _ivanaa_99, ivana.m_99
 
Kajgana Shop

На врв Bottom