In-ear слушалки

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.653
Поени од реакции
1.899
Ова е тема конкретно за овој тип на слушалки.
Слободно споделувајте искуства и мислења генерално за овој тип на слушалки и какви се во споредба со over-the-ear слушалките или конкретно за одредени модели.

Досега сум користел евтини слушалки, дали некои што ми доаѓале со мобилен или некои што сум ги купувал за 600 денари од АМЦ/Анхоч. Ама стално ми се расипуваат и веќе ми дојде преку пенис и решен сум да купам некои поквалитетни што пред се нема да цркнат за 6 месеци корисење.
Исто така не би било лошо да се набројат продавниците што продаваат поквалитетни слушалки. Еве неколку примери од тоа што разгледав низ другите теми:
Ве молам, препорачајте модел до 3-4к ден. Потребите не ми се нешто професионални. Ги користам за се и сешто: како замена на звучници кога сум на лаптоп, за слушање музика по пат до работа, кога се движам низ град, кога зборам на телефон.... (тука да спомнам дека би било пожелно да имаат микрофон).
 
Сликава само што ја најдов на вики. Нека седи за да се прави разлика.
Earbuds.png
 
Ако планираш да зимаш canalphones слушалки, обавезно прво пробај со некои обични како ќе ти лежат на увцето. Малце се проблематични они, а и искрено никад не сум бил фан на такви слушалки. Конкретно мене на левово увце никако да ставам canalphone слушалка.
Со earbuds немам гајле, си користам SONY веќе година дена како тие погоре слични и ми се одлични за надвор, автобус, факултет.
За дома на лаптопот ти препочаувам да земеш некоја поквалитетна слушалка, ако си гејмер немаш подобар избор од SteelSeries, тие се баајаги поскапи ама ептен квалитетни. А за просечен корисник барај SONY, Philips обично нема да имаш проблем, квалитетни се. Ја користам Philips SHP1900 повеќе од две години.
 
Последните два пара, вклучувајќи ги и овие што сега ги носам, на кои им се расипа левата слушалка се canalphones, што значи, знам какви се и ми се допаѓаат.
Earbuds не ми стојат фиксно, ми излегуваат. На пример ако сакам да вежбам на орбитрек со нив.
Во последно време ми текна да вежбам на орбитрек со слушалки и еве сега ми се расипаа....
Можно е да е до влажноста?
 
Па не би требало, ама па сепак се работи за евтини слушалки, не би ме чудило. Мојата препорака ако сакаш слушалки додека вежбаш на орбитрек не зимај такви, земи си класични како моиве Philips, нема да се замараш за влажноста, нема ни да ти испаѓаат, а ќе се зачудиш колку добар звук вадат.
 
Па обично одат со гумички во неколку различни големини така што не би требало да имаш проблем. Јас сега купив слушалки за PC Џиниус ама доколку ги споредам со овие што ми се за на телефон едно 1000 пати полош звук вадат.

Како и да е ако планираш да си купуваш пробај ги тие што ги постирав, го имаш во Техномаркет и во Сони продавниците низ Скопје мислам иста цена се.
 
Каде може да се купат во МКД и кој модел би го препорачал?
За во Македонија не знам, ако ги нема никаде, види од ebay порачај ги. А за модел, зависи тоа колку пари ти се даваат. Од 20-тина, па до 300 и кусур евра имаш. До толку во детали околу моделите не се разбирам, ама општо како бренд се издвојуваат од сите останати по квалитетот на репродукцијата.
 
Ако си аудиофил ни Sony, ни Philips, ништо друго.... само Sennheiser.
Ме насмеа, добар си. Да беше аудиофил немаше да бара вакви слушалки воопшто. Али да, Sennheiser имаат ептен добри слушалки.
 
Ме насмеа, добар си. Да беше аудиофил немаше да бара вакви слушалки воопшто. Али да, Sennheiser имаат ептен добри слушалки.
Дај критика за овој тип или споредба со друг тип на слушалки, чисто за информација за лаици како мене што ќе ја отворат темава.
 
Сајнхајзер ви се професионални бе дечки, шо мешате. Ние овде правиме муабет за просечни корисници, не професионални музичари па да фрлате 100 евра за Сајнхајзер.
 
Сенхејзер во АМСКИ, одлична фирма. Цените се солени, ама со добра причина.
Ме насмеа, добар си. Да беше аудиофил немаше да бара вакви слушалки воопшто. Али да, Sennheiser имаат ептен добри слушалки.

Што треба да бара ако не Сенхејзер?
 
Јас пошто слушам многу музика, а не ми се маваат којзнае колку пари за слушалки, пошо стварно не гледам квалитет у цена, си имам Trevi слушалки, купени од Carrefour од Сити Мол во Скопје за 400 денари сосе торбичка, и ептен сум задоволен од звукот кој го произведуваат. Ем добри и гласни, ем имаат одличен бас.

0000009145_A_0069005.JPG

1514755.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom