- Член од
- 16 јули 2008
- Мислења
- 1.858
- Поени од реакции
- 1.034
На моменти ми се чини дека сé што можело да се каже за проблемот се кажало и дека сите можни решенија и компромиси се истрошиле. Друг пат, пак, ми се чини дека никогаш нема да биде решен и дека ќе се провлекува до бескрај, што е случај со навидум нерешливите немири на Блискиот Исток
Идната недела на 27 септември во Скопје премиерно ќе се прикажува документарниот филм „Името е име“. Како продуцент на филмот, многу сум среќен што ќе се прикажува и во Македонија, по прикажувањето во целиот свет и се надевам дека ќе има влијание врз македонската публика како што имаше влијание и врз светската. Како што сум кажал и претходно, филмот има три главни цели: да ги поучи немакедонците, да ги охрабри Македонците и да им послужи за забава и на двете групи. Што се однесува до поучната страна, во Вашингтон по прикажувањето на филмот, еден италијански дипломат стана и рече: „Сега го разбирам проблемот и разбирам како се чувствуваат Македонците“. Што се однесува до охрабрувачката улога, едно момче, Македонец, по прикажувањето на филмот во Аделеаида, Австралија, ми рече: „Горд сум што сум Македонец“. Што се однесува до забавната страна, речиси на сите места каде што се прикажуваше филмот беше поздравен со бурни овации.
Иронично е што баш сега се прикажува во Македонија. Изминатава недела ситуацијата со таканаречениот проблем со името уште повеќе се вжешти додека македонските и грчките дипломати се собираат во Њујорк за да преговараат заедно со амбасадорот Нимиц, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и други. И додека го очекуваме извештајот на Европската комисија за Македонија и самитот на НАТО во Лисабон, спорот и понатаму е присутен на вестите, па и во умовите на тие што се засегнати од него.
На различни начини сум бил вклучен во спорот со името уште откако првпат дојдов во Македонија во 1996 година. И иако не сум дел од политиката и преговорите, спорот го чувствувам како свој проблем од две причини: прво, проблемот е поврзан со идентитет и правда и, второ, на многу начини влијае врз моите пријатели од Македонија. На моменти ми се чини дека сé што можело да се каже за проблемот се кажало и дека сите можни решенија и компромиси се истрошиле. Другпат, пак, ми се чини дека никогаш нема да биде решен и дека ќе се провлекува до бескрај, што е случај со навидум нерешливите безредија на Блискиот Исток.
Вистина е дека во решавањето на спорот многу енергија вложија не само печатот и невладиниот сектор туку и многу владини службеници. И не треба да се кажува дека напорите вложени во решавањето чинат скапо, ако тоа не се однесува на директните трошоците што им се плаќаат на луѓето што се вклучени во преговорите, тогаш сигурно се однесува на нештата од кои мора да се откажеме за да се фокусираме на спорот со името. Во секој случај, тоа ја чинеше Македонија. И до тој заклучок дојдоа многумина што мислат дека е време за компромис.
А кога сме кај компромисот, дебатата продолжува и во Македонија и во целиот свет, и особено во дијаспората. Дијаспората има заземено цврст став во врска со спорот, а тоа е дека „Името ни е Македонија“, идеја што ја носат многу билборди и медиумски кампањи. Сум разговарал со многу Македонци во врска со тоа кој компромис е прифатлив и на крајот на секој разговор добивам одговор што се чини противречен или нејасен.Сепак мислам дека едно можам да разберам, ниту еден Македонец (барем ниту еден здраворазумен Македонец) не сака да ги компромитира името или идентитетот. Всушност, ниту еден здраворазумен човек, од која било земја, не би сакал да ги компромитира името или идентитетот.
Затоа често сум пишувал дека имињата и идентитетите ни се важни, па дури и свети. Истражувањата покажале дека особено во бизнисите со ресторани ќе добиете подобра услуга ако на келнерот или на келнерката им се обратите со името напишано на легитимацијата што ја носат на униформата. Зашто сите сакаме да си ги слушаме имињата. Нема ништо попријатно од тоа да ти го изговараат името.
Спротивно на тоа, кога не си ги слушаме имињата или слушаме погрдни имиња, се навредуваме и страдаме. Во Америка како деца ни кажуваа една песничка „Стапови и камења коски може да ми скршат, ама погрдни имиња нема да ме допрат.“ За жал, вистината е сосема поинаква. Ние луѓето користиме навредливи зборови, пцости и понижувачки имиња за да се омаловажуваме едни со други. Македонците ќе се согласат со ова. Албанците исто така ќе се согласат со ова. Црнците веќе да не ги спомнуваме. Набројувањево може и понатаму да продолжи како доказ дека имињата и тоа како се важни. Затоа е толку важно меѓусебно да се нарекуваме со името што го носиме од деца или кое сме го избрале за себе.
Меѓународната заедница знае дека ова е вистина. Затоа 127 земји ги признаа Република Македонија и Македонците. Ама меѓународната заедница има уште една важна улога, а тоа е да ги решава проблемите. И ете уште една мрачна, тажна и болна вистина. Како да исчезне овој проблем? Колку и да не го знам целосниот одговор, сепак знам дел од него: Македонијо, не давај го името.
Автор: Џејсон Мико
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92310103645&id=13&prilog=0&setIzdanie=22090
Не сваќа дека овде има кретени што за една "торба урда" гз ќе дадат не име.Ќе имаат после "стандард"