Имате 1 нова судска пресуда на вашиот Фејсбук профил

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Фејсбук за прв пат во светот е искористен за врачување на правни документи, бидејќи обвинетите не се појавувале на судските рочишта, а не можеле да се пронајдат на вообичаените начини.

Имено, најпознатата светска интернет социјална мрежа, му послужила на судот во Канбера за да им врачи правосилни пресуди на обвинетите.

Локалниот суд на Австралија донел пресуда која требало да им се врачи на двајца обвинети на вообичаен начин, но тоа не можело да се направи бидејќи никој не ја знаел нивната адреса ниту знаеле каде се наоѓаат.

Но решението од оваа ситуација го пронашол адвокатот Марк Мек Кормак, истакнувајќи го Фејсбук како еден од најдобрите начини за лоцирање на бараните личности. Тоа се покажало точно, обвинетиот на Фејсбук имал објавено уредни податоци со име, презиме, место и датум на раѓање, што им било доволно на судските органи да го идентификуваат во системот и да го побараат на вистинската адреса.

Нешто порано, судовите имале искуство со достава на пошта преку e-mail, но ова е прв случај тоа да се направи преку Фејсбук.

Ohridnews

Ете колку е паметно да се оставаат сите податоци на социјалните мрежи... :nesum:
 
еее зато внимавајте што пишувате на интернет, или судот и полицијата ќе ве бара, или на ремет на чек дис аут на кајгана...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom