ИМА ЛИ КРАЈ НА ГЛУПОСТА ?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Не знам што да кажам, што да искоментирам...Едноставно нема крај на глупостите...Прочитајте па коментирајте Вие.

Џаро не му простува на Фрчкоски
Поради сознанијата на Џаровски дека против професорот се водат и други постапки за кривични дела и сомнежот дека поради тежината на делото може да ја напушти државата, бара на Фрчковски да му се одреди мерка притвор и да му биде одземена патната исправа

9BADE1236A9146489B88496657DB9C15.jpg
Откако го тужеше за надрилекарство, естрадниот менаџер Велибор Џаровски поднесе нова кривична пријава против професорот Љубомир Фрчкоски. Овој пат кривичната пријава е за криење и помагање на сторител по извршено кривично дело, според член 325 од Кривичиот законик.
Минатата недела Џаро до скопското Јавно овинителство поднесе кривична пријава против професорот. Тој се повика на член 209 од Кривичниот законик, што според новиот закон тоа се однесува на надрилекарство. По направената грешка Џаро се исправи. Овој пат во новата кривична пријава поднесена вчера се повикува на правилниот член.
"Осомничениот Фрчковски во колумната Баналност на злото изнесе дека му е познато лицето кое ја направило фотографијата на автомобилот со кој е извршен атентатот на Претседателот Киро Глигоров. Со самото тоа осомничениот знаејќи го лицето кое го фотографирало возилото, презел дејствие насочено кон спречување за негово откривање, а со тоа и давање непобитни податоци за откривање на лицата кои го извршиле гнасниот чин. Напоменувам дека во тој временски период осомничениот бил министер за внатрешни работи" - стои во кривичната пријава поднесена од Џаровски, во која тој посочува дека Фрчкоски со намера да спречи откривање на лица кои се инволвирани во атентатот на претседателот Киро Глигоров не го пријавило лицето кое го фотографирало возилото во кое бил експлозивот.
Џаро предлага Обвинителството да спроведе истрага против Фрчкоски, а бидејќи постои опасност да го повтори делото, како и поради сознанијата на Џаровски дека против професорот се водат и други постапки за кривични дела, бара да му се одреди мерка притвор. Тој се сомнева дека Фрчкоски поради тежината на делото може да ја напушти државата. Затоа бара да му биде одземена патната исправа или доколку не поседува, да не му се издава.
E8EA5D6E16AF7B40A79EA021B0FEB0F1.jpg


Обрнете посебно внимание на крајот од кривичната пријава (болдираниот дел)...Каква весела комбинација од еднина и множина, каква граматика........каква глупост. Е стварно глупоста е вечна и бескрајна.

ИЗВОР:
 
Gluposti...Frchkovski ne go znael tuku citiram : Деновиве дојде кај мене едно лице што сега работи во компанија надвор од полиција и ми се претстави како поранешен полицаец од државна безбедност, вработен за време на атентатот на претседателот Киро Глигоров во Седмата управа за следење, пишува Љубомир Фрчковски.
 
Gluposti...Frchkovski ne go znael tuku citiram : Деновиве дојде кај мене едно лице што сега работи во компанија надвор од полиција и ми се претстави како поранешен полицаец од државна безбедност, вработен за време на атентатот на претседателот Киро Глигоров во Седмата управа за следење, пишува Љубомир Фрчковски.


Ееееее, ама тоа не пали кај препредениот Џаро, не можеш ти Џаро така лесно да го заебеш.... Само не знам што е поголема глупост ? Дали е тоа поднесената кривична пријава и бламажа од страна на Џаро или пак одвојување на медиумски простор, во случајот страна во весник за ваква баналност ?:kesa:

П.С. Предлагам истрагата да ја води лично Џаро !
 
Nema vrska...ustvari koj gi znae shto praat i Frchko i Dzaro...samo logichki mi e razmisleno deka Frchko ako e kriv za neshto ne bi objavil...ne e glup..plus toa eden od podobrite profesori na pravniot fakultet e ama kako i da e ochigledno e deka mu e trn vo oko na Dzaro pa ke vidime kako ke se zavrshi razvrskata.
 
Се дискутира за атенататот, Фрчко и сведотот на друга тема. Нема потреба да се дуплираме. :locked:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom