И/му зготвивте вечера - не дава комплимент (кој е следен чекор?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Samurai Jack
  • Време на започнување Време на започнување

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Возраст
32
Локација
Велес
Сте ја викнале на вечера, сте се потрудиле да зготвите добро јадење, но се случува следново.

Превземав иницијатива и идев на ризик, решив да одам малце подлабоко од СМС порака, па ја викнав на ручек, онака во домашна атмосфера решив да ја поканам на вечера, го зготвив нејзиното омилено јадење, "тавче гравче", знаев дека е љубител на оригано, пошто претходно гледав на нејзиниот фејсбук профил и видов дека лајкнала една страна со оригано, океј си викам, ќе ја изненадам со тоа што на јадењето ќе ставам малце оригано, се заврши во најдобар ред, успеав да го довршам готвењето во моментот кога пристигна, се помина океј, но на крајот од вечерата, што се вика народски "се нафука ко кобила" и не ми остави ниту еден feedback т.е. комплимент, ниту за графчето ниту за ориганото, што понатаму, кој е следниот чекор и како би реагирале вие, дали би ја викнале повторно или би прекратиле со секаков контакт со неа?
 
Сега најди сметка од маркет со грав и оригано и прати и ја по пошта. Одзади напиши, готвењето нека иде на моја сметка.
 
:facepalm:
А зашто мислиш дека е нешто до нејзе па треба да прекинеш секаков контакт. Можеби ти си лош готвач па не ти рекла ништо за да не те повреди, а сепак изела од култура. И што не си ја прашал на крај краева дали и се свиѓа.
И зошто тавче-гравче на дејт:confused: сигурно имала и друго омилено јадење. :D
 
пер...... зашто не ја ееш ?
нема култура типката, нема што да праиш со такви.. освен ако не е таа твој тип, што логично е да не е :)
следен пат евентуално, удри си на афродизијак и уживај во благодетите на животецот. :)
 
Не ми е криво за ништо друго туку за тоа што немаше никаква култура, дури и да не ти се допаѓа нешто а гледаш дека е убав гест тогаш пожелно е да се даде комплимент, не верувам да не и се свиѓаше јадењето.
 
Види, треба да готвиш добро за да видиш дека свршава кога јаде... а не да те фали... :)

Или па викнија на „месење пица“ следен пат :icon_mrgr:
 
Сте ја викнале на вечера, сте се потрудиле да зготвите добро јадење, но се случува следново.

Превземав иницијатива и идев на ризик, решив да одам малце подлабоко од СМС порака, па ја викнав на ручек, онака во домашна атмосфера решив да ја поканам на вечера, го зготвив нејзиното омилено јадење, "тавче гравче", знаев дека е љубител на оригано, пошто претходно гледав на нејзиниот фејсбук профил и видов дека лајкнала една страна со оригано, океј си викам, ќе ја изненадам со тоа што на јадењето ќе ставам малце оригано, се заврши во најдобар ред, успеав да го довршам готвењето во моментот кога пристигна, се помина океј, но на крајот од вечерата, што се вика народски "се нафука ко кобила" и не ми остави ниту еден feedback т.е. комплимент, ниту за графчето ниту за ориганото, што понатаму, кој е следниот чекор и како би реагирале вие, дали би ја викнале повторно или би прекратиле со секаков контакт со неа?
Така ти е кога гравче тавче праиш на протеински ден наместо скробен :D
 
ddd25bdcc9b156390f5fdd78d98aec49528bd4996a0d9f71005a3c06d8d8ab93.jpg


Samurai Jack hacked by Пропалица?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom