И конечно пристига iPhone 3GS!!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Компанијата Apple објави дека новата верзија на iPhone ќе се појави на пазарот во текот на месецов, поради што цената на актуелниот модел ќе падне на 99 долари. Ова го соопшти Филип Шилер, потпретседателот на маркетинг одделот на Apple, за време на годишната конференција на компанијата во Сан Франциско.

Шилер истакна дека новиот „iPhone 3GS“, кој ќе може да снима и видео фајлови, ќе може да се купи од 19-ти јуни.

-Ова е најмоќниот iPhone кој досега сме го произвеле. Тоа што се наоѓа внатре е нешто сосема ново, рече Шилер.


Новиот телефон ќе има меморија од 16 гигабајти и ќе чини 199 американски долари, додека моделот со двојно поголема меморија ќе чини 299 долари.

Новата верзија на оперативниот систем iPhone 3.0 ќе стане достапна на 17 јуни, а сопствениците на iPhone телефони веднаш ќе можат бесплатно да го надградат својот OS.

Кога ќе дојде тука? Најверојатно накај нова година...:pos2:
И BTW ова веќе ќе биде стварно iPhone ко шо треба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom