Hunger and Thirst for Knowledge?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Често размислувам на тема едукација, знаење и разбирање.Не е некоја тајна дека во целиот свет едукацијата на младите и старите е на многу пониско ниво отколку што реално би можело да биде и за жал ситуацијата не се подобрува.
Сепак надеж постои и не е се така црно и иако можеби само во некои делови на Африка луѓето немаат пристап до едукација, поголемиот дел од популацијата на планетата земја ја има таа привилегија и човеково право.
Но, сепак се јавува една контрадикторност, повеќе знаење не допринесува за поголемо разбирање
Жално, но вистинито знаењето не може да се изедначи со мудроста..
All wrong-doing arises because of mind. If mind is transformed can wrong-doing remain?

Во продолжение на ова се јавува една појава која е благо кажано траги-комична и не знам дали да плачам или да се смеам секогаш кога сум сведок на дотичната.
Промовирање на глупост или неукост или двете како нешто кул е релативно честа појава,експерти за се и сешто на секој чекор кои не знаат ама баш никој и ништо.
Не знам колку сте свесни, но светот сака да останете глупави, да ви отупе мозокот, да не бидете креативни, да немате ваши идеи, за да може лесно да се контролира со вас.
А, пак најжално од се е ограниченоста на човековиот ум.
Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former.
Кога е во прашање некоја глупост никако да се рече не,секогаш први...
Кога треба нешто треба да се направи, па не е тоа моја работа, а пак кога треба нешто ново да се научи млад сум немам време, стар сум не можам да учам...
ИЗГОВОРИ! ИЗГОВОРИ! ИЗГОВОРИ!

Во денешно време благословени сме со појавата на интернетот во ова доба на лесен пристап до информации и уште полесен начин на комуникација зошто сеуште знаењето е на толку ниско ниво?
Која е причиниата поради што било кој, би престанал да учи кога има толку многу за учење што целиот живот е прекраток?
Дали сеуште има луѓе што сметаат дека постои такво нешто како „доволно знаење“?
True wisdom comes to each of us when we realize how little we understand about life, ourselves, and the world around us.
И за крај она што највеќе ме интересира која е целта на системот за едукација?
Да се здобиеме со елементарни познавања за животот кои на овој или оној начин би ги стекнале за време на „патувањето“ наречено живот?
Зошто целта на овој систем не би била да се разбуди гладта и жедта за знаење со кои потоа ќе стекнеме не само знаење туку и разбирање и мудрост?
Ве оставам со едно последно прашање:
Како да се разбуди жедта за знаење кај луѓето?Или пак како на вас ви успеало да ја разбудите истата или ако сте од тие „заспаните“ што ќе направите за да се „разбудите“?

П.С Благодарност до сите кои се потрудија да исчитаат до крај ;)
 
1. И за крај она што највеќе ме интересира која е целта на системот за едукација?
2. Да се здобиеме со елементарни познавања за животот кои на овој или оној начин би ги стекнале за време на „патувањето“ наречено живот?
3. Зошто целта на овој систем не би била да се разбуди гладта и жедта за знаење со кои потоа ќе стекнеме не само знаење туку и разбирање и мудрост?
4. Како да се разбуди жедта за знаење кај луѓето?Или пак како на вас ви успеало да ја разбудите истата или ако сте од тие „заспаните“ што ќе направите за да се „разбудите“?

1. Целта на системо на образование да креира доволно учени човеци да работат и да плаќат даноци, недоволно паметни и храбри да пробат да ги сменат системо шо ги експлоатира.
2. Полесно за системо е да те насоче и тренира на кој начин да размислуваш. За да може да се уклопеш порано у машинеријата и да почнеш да плаќаш давачки, и да изрануваш некој тртеј.
3. Колку повеќе си гладен и жеден за знаејне, толку повеќе си безполезен на еден систем, а богами и опасен за поредоко.
4. Не знам. Покажи оти има материјална корист од нови нешта.
 
Како да се разбуди жедта за знаење кај луѓето?Или пак како на вас ви успеало да ја разбудите истата или ако сте од тие „заспаните“ што ќе направите за да се „разбудите“?
Многу просто. Спакувај куферите и замини некаде каде не познаваш никого, немаш пари ни кров над глава. Во експресен рок ќе станеш мајстор за шибицарење, шверц, наука, берза и шопинг на попуст, а и ќе научиш полесно да ќариш цури.
 
Ако се познаваш себе си не постои место каде што не познаваш никого :)
Некој друг предлог?
 
Да! Ако имаш повеќе личности во главата, не постои место каде не познаваш никого. Плус се квалификуваш за бесплатен престој во ментална установа.
 
Често размислувам на тема едукација, знаење и разбирање.Не е некоја тајна дека во целиот свет едукацијата на младите и старите е на многу пониско ниво отколку што реално би можело да биде и за жал ситуацијата не се подобрува.
Сепак надеж постои и не е се така црно и иако можеби само во некои делови на Африка луѓето немаат пристап до едукација, поголемиот дел од популацијата на планетата земја ја има таа привилегија и човеково право.
Но, сепак се јавува една контрадикторност, повеќе знаење не допринесува за поголемо разбирање
Жално, но вистинито знаењето не може да се изедначи со мудроста..

Во продолжение на ова се јавува една појава која е благо кажано траги-комична и не знам дали да плачам или да се смеам секогаш кога сум сведок на дотичната.
Промовирање на глупост или неукост или двете како нешто кул е релативно честа појава,експерти за се и сешто на секој чекор кои не знаат ама баш никој и ништо.
Не знам колку сте свесни, но светот сака да останете глупави, да ви отупе мозокот, да не бидете креативни, да немате ваши идеи, за да може лесно да се контролира со вас.
А, пак најжално од се е ограниченоста на човековиот ум.

Кога е во прашање некоја глупост никако да се рече не,секогаш први...
Кога треба нешто треба да се направи, па не е тоа моја работа, а пак кога треба нешто ново да се научи млад сум немам време, стар сум не можам да учам...
ИЗГОВОРИ! ИЗГОВОРИ! ИЗГОВОРИ!

Во денешно време благословени сме со појавата на интернетот во ова доба на лесен пристап до информации и уште полесен начин на комуникација зошто сеуште знаењето е на толку ниско ниво?
Која е причиниата поради што било кој, би престанал да учи кога има толку многу за учење што целиот живот е прекраток?
Дали сеуште има луѓе што сметаат дека постои такво нешто како „доволно знаење“?

И за крај она што највеќе ме интересира која е целта на системот за едукација?
Да се здобиеме со елементарни познавања за животот кои на овој или оној начин би ги стекнале за време на „патувањето“ наречено живот?
Зошто целта на овој систем не би била да се разбуди гладта и жедта за знаење со кои потоа ќе стекнеме не само знаење туку и разбирање и мудрост?
Ве оставам со едно последно прашање:
Како да се разбуди жедта за знаење кај луѓето?Или пак како на вас ви успеало да ја разбудите истата или ако сте од тие „заспаните“ што ќе направите за да се „разбудите“?

П.С Благодарност до сите кои се потрудија да исчитаат до крај ;)
Значи, не се сите како тебе бе брат.
Ако за тебе, не е денот ден, ако не научиш нешто ново, за друг не е денот ден, ако не си ги изгледа сериите. Има луѓе што сметаат дека секој ден кај што не си ебнал нешто е пропуштен ден. Итн. Секој си го живее својот живот, и тоа на свој начин.
Ги немаат сите истите вредности како тебе.

А тебе па ти се чудам на паметот. Зашто мислиш дека сите треба да учат и сите треба да се надградуваат итн. Луѓето сакаат да бидат среќни бе другар, а претерано знаење и разбирање не им оди во прилог на таа цел. Баш напротив ми се чини. Всушност тоа што е спортивно на науката и знаењето (празноверието и религијата), им помага да бидат среќни.
И така.
 
Целта на системот за едукација е да произведе послушни работници.
Со тоа би требало да е одговорено е второто прашање за тоа колку системот е загрижен за индивидуата и зошто истиот не ја мотивира жедта за знаење и креативност преку училиштата како неков инструмент за тоа, но морам да ставам забелешка дека денеска образованието е заглавено некаде во минатиот век каде што треба да се штанцаат кадри за ерата на индустријализацијата.
Треба да се променат од корен парадигмите на едукацијата.
Како прво наша одговорност и должност е како родители да ја разбудиме креативноста и жедта за знаење кај своите деца од мали деца.
Образованието секако дека нема да го направи тоа, ниту пак гледање турски серии и играње дота.
 
Значи, не се сите како тебе бе брат.
Ако за тебе, не е денот ден, ако не научиш нешто ново, за друг не е денот ден, ако не си ги изгледа сериите. Има луѓе што сметаат дека секој ден кај што не си ебнал нешто е пропуштен ден. Итн. Секој си го живее својот живот, и тоа на свој начин.
Ги немаат сите истите вредности како тебе.

А тебе па ти се чудам на паметот. Зашто мислиш дека сите треба да учат и сите треба да се надградуваат итн. Луѓето сакаат да бидат среќни бе другар, а претерано знаење и разбирање не им оди во прилог на таа цел. Баш напротив ми се чини. Всушност тоа што е спортивно на науката и знаењето (празноверието и религијата), им помага да бидат среќни.
И така.
И јас едно време така мислев дека можеби не чини, дека можеби повеќе знаење е лошо.Но, не е така цела философија дека глупавите луѓе се посреќни е смешна и неточна.Најверојатно е поттикната таа мисла од истата машинерија која сака послушни офци.
Среќата не е цел таа е случаен продукт
Значи не знам колку бев сватен во постот јас зборам не само за постојано учење туку и за постојано разбирање.Што и да правиш каде и да одиш ако сакаш, ако имаш желба ќе собереш по патот по некоја мудрост не е битно дали читаш книга, гледаш филм, спортуваш, правиш муабет со пријател/ка или пак гледаш турска серија.
Друго нешто помеѓу глупавиот и интелегентниот можно е или едниот или другиот да биде посреќен, но помеѓу глупавиот,интелегентниот и мудриот третиов е секогаш најсреќен.
Дали човек кој е успешен на работа има милион долари во банка, но за сметка на тоа приватниот живот му е хаос може да се нарече успешен човек?
Неколку работи имам на листата од кои повеќе е подобро.
Мудрост,Здравје,Среќа,Рамнотежа
 
Нема човек што знае се, и нема ни да има, секој знае она што го интересира, за некој може тоа што јас сакам да го знам е глупост додека пак она што он сака да го знае за мене е глупост итн.
 
Се е во ред тоа мене друга ми беше поентата.
Не велам јас сите исто да знаат или сите исто да учат.Велам да не престанат да учат.
Пример можам да ти дадам од една блиска личност која можеби и е на исто ниво или по интелегентна од мене ,но за жал поради недостаток на мудрост стана ограничен ум и тргна по погрешен пат(читај дрога,коцка...).
Поентата ми е дури и некој паметен без перспектива, без идеја ќе западне во депресија или ќе го згреши патот.
Една мудрост: Drugs are BAD.
Втора мудрост:Коцката нема да ви ги реши финансиските проблеми
Сега можам уште 100 вакви изреки да наредам ама мудроста не се учи неа мора сами да ја сфатиме.
 
Те сфаќам, и знам луѓе со голема интелегенција што се потрфлаат на коцка, дрога и што уште не, а за тоа да не престанат да учат е невозножно, додека си жив учиш и неможеш да престанеш сакал не сакал тоа е, освен ако не се затвориш во соба и само да јадеш и да спиеш. Се учи и добро и лошо, таа личност што ја спомна дека била интелегента и дека се потфрлила на дрогата исто и таа учи, како се прави џоинт, како се конзумира и се друго :D Се ладам но точно е тоа дека неможеш да престанеш да учиш. Имаше една изрека "Паметниот учи од грешките на другите, додека пак глупавиот од сопствените."
 
И јас едно време така мислев дека можеби не чини, дека можеби повеќе знаење е лошо.Но, не е така цела философија дека глупавите луѓе се посреќни е смешна и неточна.Најверојатно е поттикната таа мисла од истата машинерија која сака послушни офци.
Ама ти го знаеш тоа. Повеќето ќе речат нема аир од книга, глеај си серија, глеај футбал, навијај за репрезентација.. и слични овчи активности :)
 
Нема тука многу филозофија. Или те бива на наука или не те бива. Ако те бива или учиш или не учиш. Ако учиш е ок може ќе успееш да добиеш можност за академска кариера па и ќе го надградуваш знаењето.
Не знам колку си стар но луѓето имаат и други цели. Со тек на време се појавуваат еден куп обврски. Треба да направат потомство, семејство, да купат леб, да одат на работа, да се одморат, да спортуваат, да се информираат и гледаат вести, да одат на колоноскопија.. После некое време со обврските се намалува желбата за знаење па што си собрал од образовниот систем додека си се образувал си собрал и тоа ќе си го имаш до крај на живот. Нормално овде онде ќе разбереш нешто ново или ќе откриеш дека нешто те научиле и погрешно ама не е тоа некоја голема количина на знаење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom