Hugh Laurie

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.602
Поени од реакции
8.655
James Hugh Calum Laurie е роден во Јуни 1959 година, познат е како Hugh Laurie кој што е Англиски актер, комедичар, музичар и уште многу други професии.
Повеќе луѓе го знаат по серијалот кој што го глумеше од 2004та па се до 2012та година со име House M.D глумејќи го главниот лик Gregory House, но пред тоа неговата актерска кариера била премногу успешна иако многу мал број го знаат тоа, кариера со многу оскари и награди, исто така познат е и по серијалот Fry and Laurie глумејќи заедно со неговиот пријател исто така комичар Stephen Fry.



Сепак ова беше накратко за неговата кариера која што се води на филмското платно, во оваа тема ќе се води дискусија за неговата музичка кариера која што ми е една од омилените.
Laurie е исто така познат и по свирењето на неколку инструменти како што се пијано, гитара, тапани, саксафон и др. Тој започнал со часови по пијано од неговата 6та година.
На 26ти Јули 2010та, беше прогласено дека Laurie ќе пушти во промет албум со блуз музика после потпишувањето договор со Warner Bros. Records. Албумот, наречен Let Them Talk, беше пуштен во Франција на 18ти Април 2011 година и исто така во Германија на 29ти Април.
Овој албум беше сниман за време на серијалот House M.D, албум кој што е голем предизвик да се сними за време на еден огромен притисок како што беше ликот на House, но еве го денес и мора да му се даде почит за неговата работа.
Но тука не застанува, неговиот втор албум наречен Didn't It Rain, беше пуштен во продажба во Велика Британија на 6ти Мај 2013та година.



Албумот Let Them Talk 2011 ги содржи следните песни:

"You Don't Know My Mind"​
"Six Cold Feet"​
"Buddy Bolden's Blues"​
"After You've Gone" (featuring Dr. John)​
"The Whale Has Swallowed Me"​
"John Henry" (featuring Irma Thomas)​
"Police Dog Blues"​
"Winin' Boy Blues"​
"Baby, Please Make a Change" (featuring Sir Tom Jones & Irma Thomas)​
"Let Them Talk"​
Целиот албум можете да го слушнете тука:

Потоа неговиот втор албум со име Didn't It Rain 2013та ги содржи следниве песни:

"Vicksburg Blues"​
"Wild Honey"​
"Send Me To The 'Lectric Chair"​
"Evenin'"​
"I Hate A Man Like You"​
"Changes"​
Целиот албум можете да го слушнете тука:

Но ова не се неговите единствени песни, тој има препеано многу од песните и дури подобри се од оригиналот, темата е за дискусија, повелете.
 
Член од
9 април 2006
Мислења
3.502
Поени од реакции
1.856
Не сум некој негов фан генерално али лани му бев на концерт во Париз и ме изненади, одличен беше концертот!

Јес да повеќе беше како бенд-концерт отколку негов самостоен али сепак беше супер!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.905
Поени од реакции
17.199
Ѕвер, не му ја знам музиката искрено, али како човек/глумец многу го почитувам.
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.866
Поени од реакции
5.616
Едноставно криво ми е шо можеше да ќари подобра жена отколку сегашната која ја има .... ко Пирс Бросман ... :D иначе легенда е ....
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.432
Поени од реакции
1.939
Јас го обожувам, и како глумец и како музичар и како човек.
 
На врв Bottom