Hовата ракета на NASA, Ares I-X

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
NASA Unveils Ares 1-X Rocket for Historic Test Flight


For the first time in nearly 30 years, a brand new NASA rocket has rolled out to a seaside launching pad in Florida to prepare for a launch test debut.

The rocket is Ares I-X — a suborbital prototype for the Ares I rocket NASA plans to use to launch its shuttle successor, the Orion spacecraft. Currently the world's tallest booster, the Ares I-X rolled out to the launch pad early Tuesday and is slated to blast off Oct. 27 at 8 a.m. EDT (1200 GMT) on a short demonstration flight.

0_21_450moon.jpg
 
Темава мислам треба да оди во Астронимија.
 
Сеуште е неизвесна судбината на целиот проект Арес – Орион, т.е. Constellation програмата. http://en.wikipedia.org/wiki/Constellation_program
Проектот е започнат уште 2004 година и треба да го наследи Спејс Шатлот. Но системот се предвидува да биде ставен во функција дури после 2015. Имајќи во предвид дека Шатлот ќе престане да лета 2010, Американците доста долго време би останале без пилотна космонаутика. Самиот систем можеби е и перспективен и во подоцнежните фази на негов развој би требало да овозможи изградба на постојано населена база на Месечината, а подоцна и на Марс. Но, најмалку половина деценија без летови во вселената.....:jaj: А системот изгледа ќе биде скап, потребна е нова инфраструктура, за ракетата Арес1 која што прва се развива потребен е нов мотор, нов 5-сегментен степен на цврсто гориво, нов горен степен на течно гориво...

Фамилијата на ракети Арес, заедно со Сатурн 5, и Спејс Шатлот:
800px-Size_Comparison2.png


Решение е можеби системот Јупитер. Се работи за измена на постојната структура на Спејс Шатлот, така да инфраструктурата останува иста, ракетните бустери на цврсто гориво не претрпуваат никакви измени. Постојните мотори од шатлот се додаваат на рактата носач на течно гориво (наместо централниот резервоар на шатлот), кој што ќе го носи модулот Орион. Се предвидува дека ваквиот систем ќе може да се користи веќе во 2012 година. (Се разбира со соодветно финансирање, кое што е многу помало од она кај системот Арес). И системот Јупитер во подоцнежните фази ќе овозможи летови кон Месечината и Марс...
http://en.wikipedia.org/wiki/DIRECT

Каква ќе биде судбината на Американската вселенска програма, ќе зависи од десетте независни експерти кои што ги ангажира Американската влада... Дали ќе се продолжи со Арес, Јупитер или нешто трето?

Фамилијата на ракети Јупитер:
720px-Jupiter_Family.jpg
 
Хмммм...ЕНЕРГИЈА се враќа на голема врата??? Изгледа на времето русите ги прибрале вистинските германски инжињери, а им го подметнале фон браун на американците :)

155398483.jpg
 
Еве со превод на Македонски:
Подготвена за лансирање, новата ракета Арес 1-X се наоѓа на лансирната рампа 39B. „Новата ракета е доста повисока и има супер изглед“, вели д-р Брајан Кокс (Dr. Brian Cox). Сепак, некако се чини дека оваа ракета би требало да биде поширока. Таа дефинитивно е висока: со своите 100 метри, е за 43 метри повисока од вселенскиот шатл. Изгледот настрана, ова е историски настан, бидејќи за првпат по 25 години, нова ракета е поставена на лансирната рампа во вселенскиот центар „Кенеди“, на Флорида.

Ares_1-X%20launchpad.jpg
Нова ракета на лансирната рампа во вселенскиот центар „Кенеди“
Тест-ракетата беше поставена на рампата во вторникот, во 07:45 часот по локално време. Транспортерот ја напуштил зградата за подготовка на леталата во 01:39 часот, и до рампата се движел со брзина не поголема од 1,5 километри на час, поминувајќи го вклупното растојание од 6,5 километри. Ракетата била осигурана на лансирната рампа во 09:17 часот.

Пробниот тест на Арес 1-Х е закажан за во 08:00 часот на 27 октомври. Овој тест ќе и овозможи на НАСА да ги тестира хардверот, моделите, можностите и земјените операции поврзани со моторот и лансирањето на ракетите Арес 1. Ќе биде тестирана модификувана конфигурација на Арес 1, преку суборбитален лет, кој ќе ја лансира ракетата на 43 km во висина. Ова е првиот пробен тест на програмата „Соѕвездие“, која ги вклучува ракетите Арес 1 и 5, леталото Орион и лунарниот модул Алтаир.
 
Хмммм...ЕНЕРГИЈА се враќа на голема врата??? Изгледа на времето русите ги прибрале вистинските германски инжињери, а им го подметнале фон браун на американците :)

155398483.jpg

Или Сатурн 5 се враќа? Американците потрошија огромни средства на Аполо програмата. И одеднаш им доаѓа на памет супер идеја... Сакаат летало кое што ќе се користи повеќе пати т.е. нема да биде за еднократна употреба. И на сцената се појавува Спејс Шатлот. А Спејс Шатлот се покажува и како скап и како небезбеден. Дали идејата им дошла од филмот Одисеја 2001??????

Кај Русите приказната е поинаква. По неуспехот во трката на Месечината, (а неуспехот е поради проблематичната огромна ракета N1. N1 е со димензии приближни на Сатурн 5), целосно се менува конструкторскиот тим и потоа се до распаѓањето на СССР имаат беспрекорна вселенска програма. Ракетата Енергија, советскиот шатл Буран, орбиталната станица Мир се врвот на таа програма. (Иако наликува на Спејс Шатлот, системот Енергија-Буран, е многу поинаков и пооргинален.) За жал ракетата Енергија е само два пати лансирана, а заедно со Буран еднаш... СССР се распага, немаат пари за големи проекти....

Русите поради немање средства ги напуштаат големите и амбициозни проекти. Американците поради глупост. Наместо да продолжат со Аполо, тие почнуваат со Спејс Шатлот. И сега наместо да ги искористат системите од Спејс Шатлот, тие пак прават нешто од почеток со новите ракети Арес.
 
И кај американците и кај русите , на некој начин вселенските програми МАТУРИРААТ...се напушта младешката занесеност и работите почнуват да се гледаат на РЕАЛЕН начин...
Космосот не е едноставна заебанција...и не е ПРАЗЕН..:)
Спејс шатлот со своите чврсти мотори со композитно гориво...читај: амониум перхлорат и врзиво... е плус тоа НЕВЕРОЈАТЕН загадувач на атмосферата....
...ова е занимлива тема ..ќе треба да ја помуабетиме..., но интересен е еден друг пристап.....П.О Л Е С Е Н од воздухот ....за доведување на товар во ниска орбита....има ли некој повеќе информации???
 
И кај американците и кај русите , на некој начин вселенските програми МАТУРИРААТ...се напушта младешката занесеност и работите почнуват да се гледаат на РЕАЛЕН начин...
Космосот не е едноставна заебанција...и не е ПРАЗЕН..:)
Спејс шатлот со своите чврсти мотори со композитно гориво...читај: амониум перхлорат и врзиво... е плус тоа НЕВЕРОЈАТЕН загадувач на атмосферата....
Дали матурираа, или можеби паднаа на испитот и сега повтараат? А Русите иако матурираа, немаат пари да запишат факултет. Американците уште 1973 - 1979 ја имаа вселенската станица Skylab, која што за жал не доби наследник. Значи пред Шатлот, со тогашната технологија имаа и вселенска станица и летови кон Месечината.http://en.wikipedia.org/wiki/Skylab
Добро, буџетот тогаш бил многу поголем од денешниот, но дали вредеше целосно да се напушти Аполо програмата? Ни денес буџетот не им е баш мал и ако се земе во предвид колку пари се трошат на Шатлот... Дури до 600 милиони до 1 милијарда долари за една шатл мисија... Ако се спореди со цената на Рускиот Сојуз... Плус две шатл катастрофи со 14 жртви... До тогаш ја имаа само онаа несреќа 1961, со капсулата на Аполо 1 и тоа не се случило при лансирање туку на земја, за време на обука кога во пожар загинале тројца астронаути..

...ова е занимлива тема ..ќе треба да ја помуабетиме..., но интересен е еден друг пристап.....П.О Л Е С Е Н од воздухот ....за доведување на товар во ниска орбита....има ли некој повеќе информации???
Технологијата со ракети носачи иако е многу лоша ќе се користи уште долго, за жал. Да, убаво звучи ова со вселенскиот лифт, или можеби концептот на Рутан, кој што со понатамошен развој можеби еден ден ќе постигне орбитална брзина... Не е научна фантасика, но не е ни толку блиска перспектива.
 
Мислам дека тоа со вселенскиот лифт е крајно не можно има многу други подобри идеи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom