T
Tetro
Гостин

http://www.time.mk/read/a5575ad245/6dd9d3c5e9/index.html
Учесници од 20 држави – ресторани и угостители ќе ги понудат своите специјалитети на фестивалот за храна и пијалак „Гурман 2012“ што од вечерва започнува во Скопје...
На кејот на Вардар до Камениот мост во Скопје до 20-ти мај ќе има забавна и едукативна програма, готвење во живо, дегустации и промоции на македонска, италијанска, тајландска, арапска, индиска и турска кујна од 30-тина реномирани ресторани од Македонија и од странство.
Ќе има и презентации на вино и чоколада, часови по готвење на традиционални македонски јадења со Адријана Алачки, дегустација на различни сосови за тестенини, вегетаријанска гозба, дел посветен на познатиот домашен бурек, како и презентација за винскиот туризам во Македонија.
Во рамките на фестивалот ќе се одржи и хуманитарна акција со која ќе се постави своевиден рекорд во печење 1.000 плескавици и исто толку колбаси.