Green Beach Festival 30&31.07.2016

  • Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување
T

Torchyrus

Гостин
GREEN BEACH FESTIVAL и годинава ќе ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Седмото издание на фестивалот ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули.

Познати се и првите изведувачи од светската музичка сцена кои го потврдија својот настап на Green Beach Festival!

На 30 јули, сабота:
James Zabiela - виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент.
Black Coffee - Најбараната јужноафриканска суперѕвезда и aпсолутниот феномен на современата електронска сцена.

На 31 јули, недела:
Dubfire - најпопуларната техно сензација, артистот кој секогаш ги поместува стандардите за врвно музичко доживување ширум светот;
Âme (DJ set) – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција.

Наскоро ќе бидат објавени и останатите артисти кои ќе го одбележат седмото издание на GREEN BEACH FESTIVAL!

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во петок (8 јули) преку продажната мрежа на MkTickets.

HAPPY WEEK акција за билетите со најповолни цени за Green Beach Festival 2016, само до 18 јули! Побрзајте и придружете ни се во највозбудливото музичко доживување со врвните уметници од светската електронска сцена! 8|
Продажни места:
* Скопје: Југотон (ГТЦ, 1 кат), Универзална Сала, Кафе Бар Љубов, Тобако - МПМ ПРЕС, Тобако Гоги - Драчево, Тобако Дрводекор, Тобако 2 - Скопјанка;
* Охрид: Њу Тобако;
* Куманово: Kaфе бар Агора;
* Битола: Хард Рок;
* Струмица: Концепт;
* ОНЛАЈН на mktickets.mk/gbf_7

Одлични изведувачи, посебно пријатно изненадување е Black Coffee, ова ќе биде феноменално издание на фестивалот, цена на картите скоро за џабе.
 
S

StormRage

Гостин
Освен за Забиела, можат комотно за џабе (буквално) да пуштат карти
(n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom