- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
МАЛЦИНСТВАТА ВО АЛБАНИЈА СЕ' ПОГЛАСНИ ЗА СВОИТЕ ПРАВА
Грците бараат попис, Ромите образование и работа
Претставниците на здруженијата и на партиите на малцинствата во Албанија се се' погласни во барањата за остварување на своите права.
Партијата на грчкото малцинство за заштита на човековите права повторно побара од албанската влада да спроведе попис на населението, што во периодот по падот на комунизмот во земјата, во неколку наврати го бараат и Македонците, Власите, Србите, Црногорците, Ромите и Египќаните. Лидерот на партијата на грчкото малцинство и пратеник во албанскиот парламент, Вангел Дуле, побара попис, при кој секој припадник на малцинство ќе може да се изјасни за својата етничка, верска и јазична припадност. Според него, Албанија е единствена земја од поранешниот комунистички блок која нема спроведено таков попис.
Последниот попис во Албанија беше спроведен во 2001 година, кога истиот беше бојкотиран од страна на малцинствата. Ветување дека ќе има „реален попис“ тие добија пред десетина години, кога премиер беше социјалистот Фатос Нано. Истото го вети и сегашниот премиер Сали Бериша пред повеќе од четири години. Во една телевизиска емисија тој изјави дека ќе има попис и дека не се плаши од бројките што ќе произлезат од него.
Ниту едно малцинство не ги прифаќа официјалните бројки на Институтот за статистика. Грците сметаат дека се над 600.000, наспроти тврдењата на Иститутот дека ги има околу 70.000, а Македонците велат дека се меѓу 120.000 и 150.000, наспроти Институтот, кој признава нешто над 4.000 Македонци во Мала Преспа. Власите тврдат дека ги има околу 200.000, Ромите и Египќаните од 150.000 до 200.000, а Србите и Црногорците над 40.000.
Грците, Македонците и Власите се признаени како малцинства, иако не на целата територија, додека останатите го немаат овој статус. Македонците се признаени само во Мала Преспа, но не и во Гора и Голо Брдо, каде што ги има многу повеќе. Доколку заминат од Мала Преспа во друг дел на Албанија, тие го губат тој статус.
Ромите и Египќаните се најмаргинализирани. Тие живеат во мизерни услови, а според нив, не им се достапни ни услугите од одредени државни институции, вклучувајќи ги и здравствените. На саботната средба со министерот за социјална работа Спиро Ксера, Ромите се пожалија дека државата одбива да им помогне на Ромите-уживатели на дрога. Последен пример е одбивањето на воспитувачите да работат со Ромчињата во градинка во Фиер. Претставниците на нивните здруженија побараа од Ксера попис, образование и работа. Министерот истакна дека владата активно работи на обезбедување заштита на малцинствата, имплементација на нивните права и задоволување на нивите потреби, без да бидат дискриминирани во однос на мнозинското албанско население.