Грчката пошта ги саботираше Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
vinozito[1].jpg


Откако во соработка СО бУГАРСКАТА ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ 15000 ДИСКОВИ, Грција најде начин како да го доблокира пропагандниот материјал наменет за Македонците во Егејско


Државната пошта на Грција незаконски ја саботирала кампањата на партијата на Македонците од Грција, „Виножито“, за време на изборите за Европскиот парламент, на тој начин што не дистрибуирала околу 15.000 писма пропаганден материјал.

Скандалозниот и криминален чин на националната грчка пошта вчера го обелодени „Виножито“, кое на познатата интернет-страница „Јутјуб“ презентираше докази како „Грчки пошти“ незаконски го држело пропагандниот материјал, кој требале да го дистрибуираат во повеќе села и градови во северна Грција. Од видеоматеријалот што е презентиран на „Јутјуб“ може да се види како претставници на „Виножито“ вчера од „Грчки пошти“ го подигаат пропагандниот материјал, кој преку оваа државна компанија на Грција требаше да биде дистрибуиран уште пред 7 јуни, односно пред одржувањето на европските избори.

- „Грчки пошти“, со цел да се избегне вниманието на грчките медиуми за кампањата на „Виножито“ пред одржувањето на европските избори, незаконски го држеше пропагандниот материјал на партијата. Партијата пред почетокот на кампањата преку државната пошта на Грција испрати промотивен материјал до гласачите во северна Грција. Материјалот содржеше писма, дивидија и гласачки ливчиња. Но, вчера партијата беше официјално информирана од „Грчки пошти“ дека има пакет шро треба да си го земе од поштата. Кога официјални лица од нашата партија отидоа во „Грчки пошти“ за да го земат пакетот, беа шокирани кога видоа дека пратката за подигање всушност е пропагандниот материјал што требаше да биде дистрибуиран пред европските избори што беа одржани на 7 јуни - пишува во вчерашното соопштение на „Виножито“.

Партијата на Македонците од Грција ваквиот потег на грчката државна пошта го оценува како криминален и најавува судски процес против компанијата.

- Ова е уште еден пример како Грција преку своите државни органи ги саботира активностите на „Виножито“. Ние ќе побараме официјално објаснување од „Грчки пошти“ зошто нашиот промотивен материјал не бил дистрибуиран, а потоа и ќе ја тужиме - вели „Виножито“ во вчерашното соопштение.

Атанас Парисис, член на раководството на „Виножито“, вчера изјави дека по ваквиот чин „на цел свет и на цела Европа ќе и стане јасно дека митот за грчката демократија е најголема лага.&рдљуо;

- Грција уште еднаш по кој знае кој пат си го покажа вистинското лице. Познатата грчка демократија, која оваа држава се обидува да ја претстави пред светот, е најобичен мит и ништо повеќе. Грција нема ниту „д“ од демократија. Кога една легална партија, како што е „Виножито“, се прикажува како државен непријател, тогаш таканаречената грчка демократија може да се вика грчки национализам. Ова е демократија што сака да ги уништи сите оние што не се чувствуваат Грци - вели Парисис.

Тој нагласи дека „Виножито“ за скандалозното и криминално однесување на „Грчки пошти“ ги известило сите релевантни светски и европски организации.

- Целиот свет ја знае вистината и Грција нема да може уште долго да купува време. Во Грција има луѓе што можат да му стават крај на грчкиот национализам и на нивното прекршување на основните човекови права на сите оние што не се чувствуваат Грци - вели Парисис.

Станува збор за истиот промотивен материјал на „Виножито“ што се печател во Бугарија и кој минатиот месец беше запленет од бугарските цариници на граничниот премин „Кула“, на границата со Грција. Дури по еднонеделна заплена на материјалот, бугарските власти му дозволија на „Виножито“ да го внесе во Грција. Образложението на бугарските цариници тогаш беше дека „Виножито“ немало авторски права за ДВД-материјалите и покрај тоа што фабриката во Софија каде што се подготвувал материјалот испратила соодветни потврди за авторските права врз чија основа бил направен пропагандниот материјал.

„Виножито“ на европските избори не постигна резултат каков што очекуваше и освои помалку од еден процент од вкупните гласови во Грција.

Според оваа партија, лошиот резултат се должи на притисокот од страна на грчките власти, на целосната медиумска изолираност за време на кампањата и последно - на скандалозната саботажа од страна на државната пошта на Грција.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62591017129&id=9&setIzdanie=21721
 
Каде се нашиве избраници од народот да се жалат
 
Мека е фотељата таму..тешко се мрднува газот од неа.......

ние вакво нешто да направевме..досега ќе не „растргнеа’’ грците
 
Мека е фотељата таму..тешко се мрднува газот од неа.......

ние вакво нешто да направевме..досега ќе не „растргнеа’’ грците

Тука лежи зајакот. :)
Треба да им направиме. Ние ништо не им правиме а тие се на нас... :)
Треба и тие да осетат малку како е...
 
Мека е фотељата таму..тешко се мрднува газот од неа.......

ние вакво нешто да направевме..досега ќе не „растргнеа’’ грците

Забораваат дека така не мрднувајќи газ од неа,се губи таа мека фотеља
 
Оваа грчка реакција е веќе познат цинизам и секако дека треба да биде запознаен светот со ваквиот однос на грците. Лошо е што тој свет едноставно ги затвара очите пред ваквите испади на грците.
 
Важно е што е превземено нешто..се прашувам зошто материјалот е печатен во Бг. а не во Македонија! Тогаш не би постоеле бугарски цариници во случајов :toe:
Сепак од една страна ги обвинувам , за во иднина би сакал да им посакам повеќе храброст на сите Македонци во грција и нека не се плашат, доста беше, нека кажат гордо кои се и што се !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom