Попај
Буржоазија
- Член од
- 10 јуни 2006
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 9
Прв конгрес на ВМРО-Народна Партија
Напнат изборот на лидер
ВМРО-Народна партија вчера избираше лидер на својот прв Конгрес, кој се одржа во Скопје. Кандидати за функцијата беа Ѓорѓи Трендафилов, Марјан Додовски и досегашната в.д. претседателка Весна Јаневска.
Конгресот почна во напната атмосфера. Борче Стефановски, кој се откажа од кандидатурата во корист на Трендафилов, ја оспори легитимноста на делегатите.
- Избрани се во хаотична ситуација и затоа барам повторно да се верификува нивниот мандат. Унија на млади сили не постои и затоа не може да се предлагаат делегати од нејзино име. Конгресот е тој што треба да ја основа Унијата - рече Стефановски, чиј предлог беше одбиен.
Голем број делегати беа револтирани од присуството на потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити, кој седеше до сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски. Некои се жалеа дека материјалите им биле поделени 15 минути пред почетокот на Конгресот и слично.
Неформалниот лидер Љубчо Георгиевски беше избран за почесен претседател. Тој пред делегатите рече дека не сака да биде лидер, зашто е против рамковниот договор, албанизацијата на Македонија и поради политичките порази од 1999 година што и' ги донел на партијата.
Георгиевски прогнозира дека до крајот на годинава популарноста на премиерот Никола Груевски ќе се распадне како кула од карти. Причината за тоа е што Груевски ја продолжил политиката на СДСМ и немал јасна економска визија.
Георгиевски рече дека секогаш ќе биде со партијата и ќе и' помага во најтешките моменти, но побара слободно да ги искажува своите политички ставови.
Наследникот на Љубчо Георгиевски, Ѓорѓи Трендафилов го прослави својот изборот за претседател на ВМРО-Народна партија.
Како лидер имал јасни визии за партијата, но за ставот кон власта ќе решавале партиските тела во нов состав.
„Не очекувам да си заминат членови од ВМРО Народна, затоа што дојдовме овде со слободна волја, да го одржиме првиот, односно 13-от конгрес, да ги дефинираме нашите стратешко цели, начинот на кој ќе функционираме“, изјави Ѓорѓи Трендафилов, претседател на ВМРО-НП.
Тој повика на единство, без делби со јасни визии за понатамошната работа на партијата. Ова е прв конгрес на ВМРО-НП.