- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 35
ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ "СЛИВОВИЦА И ШАМПАЊСКО"
Бреговиќ во Скопје на 20 мај
Босанскиот музичар со светска кариера Горан Бреговиќ (61) доаѓа во Скопје со свој концерт на 20 мај. Бреговиќ ќе одржи концерт во Метрополис арената со својот "Оркестар за свадби и закопи". Концертот го организираат "Октопуси ентертејмант" од Скопје и "Мјузик стар" од Белград. Деталите за цената на билетите ќе се знаат наскоро. Брега и бендот во Скопје ќе го промовираат актуелниот албум "Сливовица и шампањско".
Бреговиќ е музичар со импозантна кариера. Со 16 години ги формираше "Бијело Дугме", композитор е на музиката за најпознатите филмови на Емир Кустурица, и соработувал со многу светски и балкански ѕвезди како Иги Поп, Офра Хаза, Цезариа Евора, Северина. Автор е на операта "Кармен со среќен крај", а неодамна во неколку европски градови имаше премиера на музичко-театарскиот проект "Марго, мемоарите на една прекрасна кралица". Пред премиерата на проектот лани во номеври во Солун, Бреговиќ даде екллузивно интервју за "Вест".
- Од сите градови на Балканот Скопје најмногу личи на Сараево. Кај вас се јаде, се пие и се пее, исто како кај нас во Босна. Имате супер кафеански живот и фантастични народни песни. Крадев по нешто и од македонската музика. Секоја национална музика е дел од природата на една земја. Нема ништо лошо во тоа да земаш од природата. Јас балканската природа ја извезувам надвор. И мојот албум "Шливовица и шампањско" е извоз на еден природен производ. Свиревме насекаде низ светот, и таму каде што се пие ракија и таму каде што се пие шампањско", рече Бреговиќ во интервјуто.