Големото око - Google Earth

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
Ајде да шпионирате малку низ светот :D
Можете да ја зумирате буквално секоја точка на светот, да барате ресторани, патишта, банки, хотели...Скоро се! Некои локации сеуште не се добро скенирани и фотографирани-како Македонија на пример, но во блиска иднина Google ќе го направи тоа, ова програмче сеуште е во бета верзија, но работи одлично. Во Америка и некои делови во Европа, можеш да зумираш дури до 200 метри височина. Си ги најдов местата кај што имам кампирано, кај што имам планинарено и летано и слетувано со праглајдер :D

Потребно е да го симните програмчето кое тежи 10 мега и добра конекција на интернет и секако солиден компјутер.

Уживајте! :wink:

линк за симнување на програмот: Google Earth

z14kq.jpg

z25sq.jpg

z37rq.jpg

z46zy.jpg
 
Право да ти кажам сакам вакви програмчиња да бараш низ светот...... ова одма ќе го симнам... пред некој ден баш го симнав NASA World Wind али слабо е тоа не зумира колку ова што го гледам на screen shot-овите... а тоа на NASA тежеше едно 180 MB .... али ја ова ќе го зеам обавезно ...... :lol: :lol:
 
Леееелеееее! Се возбудив, а во моментов чекам пиво и кикирики да ми донесат! Додека да стигнат ќе го даунлодирам. Ќе имам занимација! :)
 
Хм, јас го симнав..... ама не ми го инстлаира што ќе да е проблемов ...... све ќе кршам...... ааааа :twisted:
 
Кај мене е океј, бриши го и пробај пак.
Него, да го префрлевме топиков во "ИНТЕРНЕТ"?
 
Мистичен напиша:
Кај мене е океј, бриши го и пробај пак.
Него, да го префрлевме топиков во "ИНТЕРНЕТ"?

Може да го префрлиме, јас го ставив со таков топик за да привлече малку внимание :wink:

Одиме во интернет :arrow:
 
Мистичен напиша:
Кај мене е океј, бриши го и пробај пак.
Него, да го префрлевме топиков во "ИНТЕРНЕТ"?

Го симнав пак и го инсталирав ок е сега... кога го уклучив ме зезаше несакаше да се логира не сервер... но го средив до Firewall-от беше.... :lol: :lol:
 
Инаку програмчево е лудница цел свет на дланка :lol: :lol: :lol:

Баш вчера едно другарче што отиде во Америка ми кажуваше кај живее во Чикаго.... и зградата му ја видов во која што живее.... интересно.. :lol:
 
на прв поглед не е нешто посебно, ама уште не сум го разгледал детално
 
Гижо напиша:
на прв поглед не е нешто посебно, ама уште не сум го разгледал детално

Ме разочаруваш Гижо :D
Програмчето е одлично. По најразвиените делови од светот можеш да добиеш и информации кои куќи се продаваат, кај има хотели, пошти, кај има криминал...И уште милион други работи. можеш да гледаш во живо преку поставените веб камери...А сеуште е во бета ова програмче :wink:

Чекај да ве најдам тебе и Стенмарк како кркате пиво во Охрид :D

z51us.jpg

z61fu.jpg

z78sv.jpg
 
ме интересира дали сликите се стари или во моментот на гледањето?
 
Гижо напиша:
ме интересира дали сликите се стари или во моментот на гледањето?
Не би рекол дека некој би ти дал тебе сателитски стриминг, да гледаш што се случува во моментот во секој дел од светот. :wink:
 
Acid напиша:
Гижо напиша:
ме интересира дали сликите се стари или во моментот на гледањето?
Не би рекол дека некој би ти дал тебе сателитски стриминг, да гледаш што се случува во моментот во секој дел од светот. :wink:



нормално дека нема да даде, не го поставив прашањето добро, мислев дали се сликите стари или направени од во моментот на вклучувањето на програмата или нешто слично
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom