Go2bed
Vasilij Zajcev
- Член од
- 2 март 2005
- Мислења
- 972
- Поени од реакции
- 13
- Возраст
- 49
Дома > Вести > Свет
Голема анти-терористичка акција изведе ноќеска британската полицијата, изјави министерот за внатрешни работи Џон Рид. Пресечено е она, за што ние веруваме дека е голема закана за Обединетото кралство и за странските партнери, изјави Рид, потврдувајќи ги и официјално вестите за заканите од терористички напади на британски авиони.
„Полицијата заедно со Службата за безбедност МИ5, истражува заговор да се урнат неколку авиони со експлозии во текот на летот, предизвикувајќи значителна загуба на животи“, соопшти британскиот министер за внатрешни работи.
Во 2 часот утрово Здружениот терористички аналитички центар го подигна нивото на заканата во Обединетото кралство на највисоко ниво на „критично“ , предупреди Рид.
Најмалку 20 лица се уапсени во Велика Британија поради сомневање дека учествувале во подготовката на големите терористички напади во воздушниот транспорт, соопшти полицијата.
„Тоа е голема операција, што неизбежно ќе биде долга и комплексна“, јави британската телевизија „Скај Њуз“, повикувајќи се на полициски извори.
Според истите извори група терористи се подготвувале да активираат бомби, тајно внесени во авиони во рачниот багаж. Планирано било терористичките напади да бидат извршени во најскоро време во британски авиони над неколку градови во Велика Британија и Соединетите Американски Држави(САД).
Неколку месеци траела акцијата за откривање на заговорите и подготовката на операцијата за апсење на осомничените од страна на анти терористичките оддели на Скотланд Јард и специјалните служби на Велика Британија.
„Сакавме уште веднаш да го увериме народот дека операцијата е спроведена, имајќи ја впредвид пред се јавната безбедност“, се наведува во официјалното соопштение на Скотланд Јард.
По објавувањето на веста за можните бомбашки напади, авиокомпанијата „Бритиш ервејз“, забрани внесување на рачен багаж во авионите.
што ке беше да успеева нападите????....