Голем Еколошки Хепенинг 19.03 ( оваа сабота ) Фонтана Тоше Проески - Ново Лисиче 11ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата А.L.HC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 март 2011
Мислења
14
Поени од реакции
0
ЕКО Настан за подигнување на еколошката свест кај луѓето

ФОНТАНА ТОШЕ ПРОЕСКИ НОВО ЛИСИЧЕ - 19.03 11 - 16 часот


Волонтери облечени во бело со златни капчиња и патики и со испишано лого на маиците „Позлати го животот со добра мисла, добар збор и добро дело“ ќе се движат на најфреквентните места, каде загадувањето е најголемо како и на зелените површини и паркови. Со добар збор на несовесните граѓани ќе им се предочува да направат добро дело кон екологијата и дека не е добро да ја газат тревата, да ги кршат гранките на дрвата, фрлаат смет насекаде, паркираат автомобили на зелени површини и слично. Со тоа ќе се влијае на подобрувањето на потенцијалите и подигнување свеста за екологијата во сите сегменти во животот на граѓаните. Сето тоа ќе биде пропратено со пријатна и забавна музика како и многу забава за најмалите.

--- надополнето ---

http://www.facebook.com/friends/edit/?sk=requests#!/event.php?eid=133554083380965

ГРУПА НА ФБ
 
Комунизмот никогаш нема да се врати. Џабе одповикување за подобра еколошка средина, кога прво државата ни тоне во гом*а.
 
Nevladinata organizacija nage vaza go realizira ovoj pomal proekt pod naslovot Pozlati go zivotot so dobra misla dobar zbor dobro delo i zastiti ja prirodata, kako del i svoeviden pocetok na edna pogolema kampanja koja ke ja podigne svesta na lugjeto na site sferi od zivotot.

dojdete na nastanot ke bide zabavno, posebno za najmladite
 
Не ми е јасно како волонтерите со капчиња ќе ги натераат несовесните да бидат совесни... Тоа е нешто што родителите и општеството требале да им го врежат уште во најраните години, а не сега. Патем, тревата е за газење, не за гледање од страна. Од каде сега тоа „не е добро да се гази трева“? Тоа што нашиве садат неквалитетна трева која воопшто не ја одржуваат - тоа е друга приказна. Не е добро да не трујат фабрики и автомобили, но ако дојдовме до тоа дереџе да ја „спасуваме екологијата“ со забрана за газење на трева, тешко нас.

Во секој случај, оправдајте ги парите за печатење на маички. Само мене ми се чини дека поголем ефект имаат акции за чистење/позеленување/потсредување на одредени површини, отколку парадирање во маички и опоменување луѓе да не газат трева. Не сум против кампањата, не ме сфаќајте погрешно. Ќе поминам да видам што ќе се случува.
 
ЕКО Настан за подигнување на еколошката свест кај луѓето

ФОНТАНА ТОШЕ ПРОЕСКИ НОВО ЛИСИЧЕ - 19.03 11 - 16 часот


Волонтери облечени во бело со златни капчиња и патики и со испишано лого на маиците „Позлати го животот со добра мисла, добар збор и добро дело“ ќе се движат на најфреквентните места, каде загадувањето е најголемо како и на зелените површини и паркови. Со добар збор на несовесните граѓани ќе им се предочува да направат добро дело кон екологијата и дека не е добро да ја газат тревата, да ги кршат гранките на дрвата, фрлаат смет насекаде, паркираат автомобили на зелени површини и слично. Со тоа ќе се влијае на подобрувањето на потенцијалите и подигнување свеста за екологијата во сите сегменти во животот на граѓаните. Сето тоа ќе биде пропратено со пријатна и забавна музика како и многу забава за најмалите.

--- надополнето ---

http://www.facebook.com/friends/edit/?sk=requests#!/event.php?eid=133554083380965

ГРУПА НА ФБ

Незнам ни за вашата организација, ни за вашите искрени намери . . .(пошо денес нели е нормално во сечија намера и дејствие човек да се соменева, за жал) . . . сепак ќе признаам дека ме радува и тоа многу вашата акција. Посебно ми се свиѓа слоганот/ мотото "Позлати го животот со добра мисла, добар збор и добро дело" :):):)
Па макар и на момент, кај десеттина луѓе да ја кренете совеста за екологијата - тоа е супер :):)):, Ме интересира колку деца/волонтери ќе се влкучени во акцијата и каква конкретно е програмата, вие сте навеле ’’ . . .со добар збор на несовесните граѓани ќе им се предочува . . .’’ тоа е тоа што ми запна за око? печатен материјал имате? Поздрав и се надевам ќе вроди со полод вашиот напор :):)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom