Гностика

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
Возраст
41
Локација
Frankfurt
Веб-сајт
www.iluzionist.com.mk
(Темава по грешка ја отворив во Мистерии, модераторот нека ја стави во Философија или каде и да и е местото. Откако ќе ја префрли нека го избрише ова во заградава.)

Многу од нас кои посветиле малку повеќе аналитичко внимание на себе и својата околина, стануваат фрустрирани бидејки согледуваат како многу работи во реалниоста во која живееме не се такви, како ни се чинат на прв поглед, а посебно не како што другите ни ги претставуваат. Стануваме свесни за работи кои досега не сме иле во состојба да ги видиме, иако тие секогаш биле тука, па смото тоа ни направи едно неубаво чувство од кое произлегува прашање-уште колку такви работи има кои се важни,а ние не сме во состојба да ги видиме? Истовремено, не фрустрира и тоа што многу луѓе околу нас не приметуваат ниту дел од тоа што наме веке одамна ни стана -очигледно ?!?

gnostika.jpg


Што значи да си буден? Ако зборуваме за будење дали тоа имплицира дека ние моментално спиеме или живееме во некој вид на транс т.с -хипнотички сон? Тоа што може да се најде наспроти сонот,тоа може да биде само -објективна реалност. Значи –аквизиција на реална перцепција. Како би можела да изгледа објективната реалност? Во филмот Матрикс, главниот јунак Нео, иако пред тоа веке долго има сомневање во “Концензус реалитет” во кој живее,сепак не може да издржи да не поврати, кога ќе се соочи со “објективната реалност”. Што ако објективната реалност изгледа така да доколку успееме да ја видиме,а да пред тоа не сме ја прошириле својата свест во толкава мера, дека сме во состојба да го акомодираме она што би го виделе голем број од нас, не само да би повратиле туку би доживеале некој вид нервен напад,после кој не би биле во состојба веке “нормално да функционираат”!?!

Гурџиев кажува како,,голем број луѓе целиот свој живот го минуваат во сон, некои во тој свој сон се занимаваат со наука а некои дури пишууваат и книги,,.

Ние и да сме слушнале вакво нешто, имаме тенденција да веднаш помислиме-ако е такво нешто можно,тоа сигурно се однесува за некој друг,никако за нас самите.

Тој исто така додава дека некои може да сонуваат откако ќе се разбудат,а исто такаи тоа дека на некои им поаѓа од рака да се разбудат накратко, мегутоа, тогаш силите кои ги држат во сон се спуштаат на нив со десетострука сила ги враакаат повторно во сон.

Кои се тие “сили“ кои човекот го држат во сон,-и зошто? За тоа како некои од тие сили делуваат на човекот ке дискутираме подоцна. Во секој случај факт е дека ”кандидатите за будење” се под некој вид специјално набљудување и дека колку повеќе напредуваат толку повеќе ,,замаскирани,, замки им застанувааат на пат.

Што значи –предвидување. К.Кастанда кажува дека –предвидување доаѓа во облик на внатрешно знаење .”Предвидување е посебно чувство, да знаеш нешто без трункасомневање” (Внатрешен Оган,стр.15). Меѓутоа, колку човек да има остро око, кое е во состојба да регистрира многу детали, сето тоа не е доволно доколку нема со што објективно да го интерпретира она што го гледа неговото око. Така се случува да некои слепи во буквална смисла на зборот,гледаат повеќе од луѓето со добар вид.

Развојниот степен на човековата свест е во директна врска со “ширина” на неговата перцепција. Сега се јавува проблем колку е човековата свест во голема мерка во копндиција т.с., програмирана со помош наодредени надворешни ”сили” а да човекот не е свесен за тоа. Така човекот се поистоветува со својата личност и тело, што од езотерична точка на гледање не е далеку од тоа што подразбираме под – роботи или машини.

Значи, може би требало да тргнеме од претпоставка дека на некој начин сме “програмирани” и би требало да се “депрограмираме”?!

Трагикомично е тоа како денес многумина во тој свој транс прибегнуваат кон било какви “меркаба” медитации, “ wicca tehnikama” ,маѓиски друг ритуали , имгинација со било какви светлосни завеси, тетраедрон, октаедрон, итд. Како би се заштитиле од други или како би манипулирале со другите. Многу од тие ритуали промовираат , како цкрвата така и голем број т. н. “ тајни друштва” па дури и гуруи ”new –age” движења. Во некои од нив дезинформациите се замотани во завеси од “ светлост “ и “љубов”,како би изгледале попривлечни, а тие кои ги промовираат се нарекуваат гуруи, носители, увари или војници на светлината, воскреснати мајстори , и.т. н. Се чини дека таа нивна т.н. “ духовна хиерархија “ не се разликува многу од било какви други хиерархији мои ги наоѓаме овде во 3D ,како на пр. во цкрвите, тајни друштва , политички системи , војска итн. Како што на политичарите усттата им е стално полна со демократија , а вистината демократија ја нема на повидок , така и овие мајстори на духовна манипулација се со полна уста за “љубов” се завиткуваат со завеса на светлината давајќи ни напатствија што да мислиме и што да правиме.Многу од нивните следбеници тврдат за самите себе како се разбудиле , иако во битието една илузија замениле со друга. Така во многу случаи , има слепци кои упразнуваат било какви ритуали а да немаат јасна претстава ниту за себе самите , ниту за тие ритуали а камо ли што навистина сакаат да постигнат со тоа.

Иствремено, малку на кој му паѓа напамет дека прво би требало да се спзнае самиот себе си и дека целата филозофија “будење” и еволуцијата на нашето тело и душа се состои во работа со самиот себе, собирање вистинско знаење и проширување на личната свест и перцепција. Значи, од ритуалите, волшебните напивки , формули ниту збор, тешко да има било каква полза, напротив спротивно на тоа. Значи таа РАБОТА човек мора сам да ја направи кога ќе осети дека е спремен за тоа.

За такво нешто, нема рецепт, т.с не постои книга во која може на едно место да се најде се што е потребно да може тоа да го разбереме и оствариме. Причината за тоа не би требало да ни биде непозната. Не случајно се спалувани книги, ликвидирани луѓе во текот на историјата, кои на овој или оној начин се обидувале да достават информации врз основа на кои би стекнале целосна слика за сето тоа. Секако , денес постојат многу книги со звучни имиња како што е Гностика, Езотерика итн., што истовремено не значи дека нивната содржина е веродостоја.

Далеку од тоа дека во нив нема вистина, меѓутоа, таа вистина која внатре ја наоѓаме на моменти служи да не врзе за вешто пласираните дезинформации и така не сврти на крив пат.

Од друга страна, со поврзување на сите елементи кои се тука и тамо, во некој облик достапни и истовремено избегнувајќи замките, човек го развива својот ум многу побрзо, отколку да му е сервирано на тањир.

Иствремено, вистинските информации кога ќе се поврзат со резултатите од сопственото истражување и личните искуства - стануваат - ЗНАЕЊЕ.

Се на се состојбата можеби не е толкју безнадежна. Постојат некои делови на одредено учење кое вероватно потекнува од времето на Атлантида и кое преку некои грчки и руски манастири се пренесувало повеќе во вербални форми икое некои руски метафизичари како пр. Гурџиев, Успенски, и Моравјев се обиделе да соберат и протумачат, а Моравјев и да соедини во книгата Гнозис ,Stady and Commentarieson EzoterikTea chings of Estem Ortodoxy.Се чини тука се работи за фрагменти на едно учење кое било познато на некои групи како пр.Катари (Албинежани), Богомили а кои ги наоѓаме и во исламскиот Софи движење. Така, можеби може да ја извлечеме срцевината од тоа учење и да ја поврземе со фрагменти кои доаѓаат од повеќе страни во една каква таква целина. Тоа учење е познато по името-ТРАДИЦИЈА. Се дели на тн.”3Круга”, егзотерични (надворешни), мезотерични (средни ) и езотерични ( внатрешни).

Извор - Илузионист
 
lugeto vo denesno vreme ne se svesni za nisto drugo osven kako da zarabotat pari a so toa kako sto rece se im e servirano na tanjir
 
Se sto e vnatre toa e i nadvor i obratno... nemam sto da dodadam koj znae razbira

BTW da pofalam mnogu ubavo izraboten sajtot
 
a mALEFACTOr , дали јас неможев да разберам или пропуштив некој дел од текстот , ама ме интересира како ти се изјаснуваш? како личност со проширена перцепција и свест издигната на повисоко ниво , или не??? доколку одговориш потврдно на поставеното прашање, како можеш да бидеш сигурен во тоа дека си "буден" ?
 
Стварно многу време и напор ќе ми треба за да се осврнам на целиот текст, со кој почнува овој trade.
Ќе се осврнам само на еден мал сегмент на текстот, а тоа е делот против присуството на хиерархијата во односите.
За да се оди патот, по било која патека, потребна е дисциплина (меѓу другото). Хиерархијата во односите помага во воспоставувањето на дисциплината. Тоа не е единствена причина за постоење на хиерархијата. Самата природа, карактеристиките на ученикот (од една страна) и учителот/изворот/ослонецот од каде ќе се тргне (од друга страна), наложуваат хиерархиска поставеност на нештата.
Во овие сфери хиерархијата не само што е неопходна туку е и неизбежна. Довербата во ваквиот систем е само еден од предусловите за успех.
Злоупотребата на хиерархискиот распоред, доаѓа само од човечката несовршеност, која задолжитено се пресликува, според универзалниот закон. Според кој и не треба да ве чуди пресликувањето на секојдневните материјални хиерархиски механизми, на другата страна. (односно вистината е дека тоа, пресликувањето оди во обратна насока)

На кратко, беше ова, само околу хиерархијата, а во контекст на уводниот текст на авторот на темава.
Било која реченица од мојов пост волен сум да ја дообјаснам посебно.

P.S. Во било која од раните или доцните работни групи на Гурџиев (кој гледам го почитуваш), е присутен неговиот авторитет и задржана хиерархиската поставеност на работата. Ако сакаш и пошироко со примери...
 
Jas sakam mene me interesira ... pa da menajme razmisluvanja

ja ova so hierarhijata bas ne go sfativ bas taka

jas znam deka gnozata mora da ide po nekoi zakonitosti... znaci od kvantitet vo kvalitet... doduse ja nemozam da ja o[pisam vaka dobro znam da ja osetam ...

sakam da kazam ima stpeni na soznanija kako stepenici edna po edna ..i taka toa sakam kazam ne znam recam
 
Многу добар текст. Целта на гностикот е ако не се лажам иста како на верникот, да дојде до целосно единство со Бога, т.е. до свесност за тоа единство, бидејќи тоа отсекогаш постоело и ќе постои, но нашето его створа илузии, и тоа јаки дека не е така. Само патот на гностикот не е патот на слепата вера, туку на учење, постојано преиспитување и запознавање на себеси и се околу себе, а тој принцип не ја исклучува ни примената на злото ако треба. Всушност, на тој пат до вистината секоја ронка сомнеж мора да исчезне.
 
Back
На врв Bottom