Ги тепаат ако бараат плата!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Странските работници во Чешка претворени во бело робје

Ги тепаат ако бараат плата!
Босовите во бизнисот со странски работници се поврзани со посредничките агенции и задруги, па честопати прибегнуваат кон употреба на физичка сила, доколу некој од работниците ги побара своите права или им се закани дека ќе ги пријави на властите затоа што не му даваат плата

911D306BFB3C3845A1374C2030F6E35F.jpg
Глобалната економска криза илјадниците гастарбајтери во Чешка ги претворила во бело робје, бидејќи посредничките агенции кои ги довеле во Чешка, во услови кога ќе останат без работа, си востановиле легално право да не им плаќаат ниту круна. Во таа нова трговија со бело робје, најактивни се босовите од Чешка и Украина кои порано заработувале рекетирајќи ги своите земјаци, пренесува "Блиц". Сега тие тоа им го прават и на другите, бидејќи се поврзани со посрдничките агенции и задруги, па честопати прибегнуваат кон употреба на физичка сила, доколу некој од работниците ги побара своите права или им се закани дека ќе ги пријави на властите затоа што не му даваат плата. Најголем број на странски работници има од Украина, 134.707, потоа следуваат Словаците со 77.985 и Виетнамци со 61.092 работници.
Трговијата со евтина работна сила која Министерството за труд на Чешка се обидело да ја реши со поостри контроли и казни за агенциите, се преселила во правен облик на задруги кои се задржани само кај вработувањето странци. Странскиот работник кој ќе ја загуби работата мора да и плати на агенцијата 240 евра, за да му средат работна дозвола, но, тогаш губи секаква заштита, но и сигурност дека ќе добие барем и минимална плата. Ваквиот парадокс бил возможен со законот што го контролира задругарството и поделба на профитот по одлука на управата врз основа на деловните резултати.
Чешката полиција, испашена од фактот дека илјадниците странски работници претставуваат и ризик за безбедноста на земјата, од пред некое време ја активира програма за доброволно враќање на странците во нивните земји, со тоа што им ги плаќала авионските билети и им давала џепарлак од 500 евра. За првите четири месеци оваа можност ја искористиле 1.700 гастарбајтери.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A93A8B44CCBB5A469A9FCBBF62C7FC59
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom