Германка си го бара таткото Македонец

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
ГЕРМАНИЈА ГО ОТВОРИ ЗА ЈАВНОСТА АРХИВОТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Германка си го бара таткото Македонец
Сите оние што имаат некого изгубено во Втората светска војна, можат да дознаат нешто за него преку Германскиот архив и преку Меѓународната мрежа на служби за барање, а целата процедура и истрага се бесплатни
9B926F087840B94ABF35F8E3187C18D3.jpg
Пред еден месец Германија го отвори за јавноста Архивот од Втората светска војна. Целата документација поврзана со судбината на милиони цивили, жртви на нацистичкиот режим на Хитлер, е собрана во 26.000 метри пишани документи и 50 милиони фајлови. Документите сведочат за монструозни злодела и убиства на милиони Евреи од Европа. Во архивата се заведени 17,5 милиони лица, нивните болести, рендген снимки, па до тоа колку вошки имале во главата пред да бидат однесени во гасна комора.
"На 29 април Меѓународната служба за барање, по 64 години постоење, и официјално го отвори Архивот за јавноста. Тоа беше направено пред 27 национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, кои се дел од Мрежата и имаат свои служби за барање на исчезнати лица од Втората светска војна. Македонија е приклучена од самиот почеток на постоењето на Мрежата", вели Валентина Колеска, стручен соработник во Службата за барање во Црвениот крст на Македонија.
Архивата уште по војната, во 1946 година е сместена во малото гратче Бад Аролсен, кое е избрано затоа што се наоѓало во средината на четирите окупирани зони. Целта била да се координира спојувањето на семејствата и репатријацијата и емиграцијата на преживеаните. Гратчето останало многу малку оштетено од бомбардирањата и во него функционирале телеграфскиот и телефонскиот систем, што претставувало олеснителна околност за работа.
Архивата содржи оригинални документи од концентрационите логори, детали од принудните работни логори, емиграциски списоци и документи од камповите на раселените лица како резултат на воените дејства.
"Македонија е вклучена во меѓународната истрага за исчезнати лица од војната уште од самиот почеток, но засега имаме само еден случај. Станува збор за шеесетгодишна Германка која го бара својот татко Македонец.
C5C4215EF4D4144F9DBF93068AFEFA26.jpg
Пред да почине нејзиниот татко старател, и кажува дека нејзиниот биолошки татко е Македонец којшто за време на војната, односно при крајот на 1946 година се наоѓал во Германија и бил со нејзината мајка", објаснува Колеска.
За македонскиот случај во Архивот било заведено дека Македонецот бил роден во 1912 година и оти во Германија ги привршувал своите студии, кои биле поврзани со воздухопловството. Исчезнатиот Македонец, за кого во моментов се води истрага, бил во Германија до 1948 година. Потоа заминал за Америка.
"Ние имаме обврска да исконтактираме со Службата за барање во Америка. Го имаме неговото име и презиме и година на раѓање, но во оваа фаза од истрагата не можеме да ги објавиме. Така налагаат правилата. Во почетокот овие податоци не се објавуваат, мора да бидат доверливи. Подоцна во некоја фаза можеби ќе се јави потреба да се објави неговиот идентитет за полесно да се најде лицето. Очекуваме колегите од Америка да нe информираат дали тоа лице сe уште е живо и дали, евентуално, има потомци. Тоа е и целта на оваа госпоѓа. Таа е свесна дека нејзиниот татко можеби е мртов, но сака да знае дали, можеби, има брат или сестра таму", кажува Колеска.
Се претпоставува дека исчезнатиот човек мигрирал во Германија и дека, најверојатно, бил во некој работен логор. Затоа се третира како случај од Втората светска војна. Во Црвениот крст на Македонија се убедени дека има уште многу други случаи кои се поврзани со нашата земја, но кои досега не се отворени.
0526118DBFBACC46BC9E9D5630540397.jpg
"Во Источна Европа има уште огромен број нерешени случаи од Втората светска војна. Но откако ќе се процесуираат илјадници нерешени случаи, сигурно дека ќе се отворат и нови случаи кои ќе бидат адресирани до нашето национално друштво. Сакаме да им кажеме на луѓето, на сите оние што имаат некого изгубено во Втората светска војна, дека постои можност да дознаат нешто за нив преку овој архив и преку оваа мрежа на служби. Целата процедура и истрага се бесплатни", објаснува Валентина.
Архивот во Германија сега најмногу го користат потомците на жртвите. Тие сакаат да дознаат каде исчезнале нивните родители и дали, можеби, на друго место формирале семејство.
Само во 2008 година биле поднесени 10.000 барања за исчезнати луѓе во Втората светска војна. Во Австралија 441, во Германија 2.880, во Франција 910, во САД 1.180, во Украина 665, во Полска 777, во Русија 475 во Израел 667 и други.
"Меѓународната служба за барање во април годинава организираше состанок за службите за барање на 27 национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На состанокот се разговараше за различни случаи на исчезнати и за понатамошната соработка на националните друштва. Ни беа презентирани разни документи од Архивот. Запрепастува фактот какви сe податоци има во нив. За луѓето што биле во концентрациони логори се водела детаљна евиденција. За секого има досие со име, презиме, родители, браќа и сестри. Има и неверојатни работи. На пример, утре ќе носат едно лице на убивање, и ден пред тоа тие му прават комплетно лекарско испитување. Со рендген му ги снимаат градите. Значи, има податоци од тоа како влегол во логорот, во каква состојба бил кога дошол и пред да биде убиен", велат во Македонскиот Црвен крст.
Целата документација во Архивот е во електронска форма и достапна на компјутер. 77% од документите се оригинални.
За роденденот на Хитлер убиени 3.000 Евреи
Во Архивот во Бад Аролсен постои документ во кој стои дека по повод роденден на Хитлер во концентрационен логор биле убиени 3.000 Евреи. Постои оригинална книга каде што е напишано дека еден од генералите на Хитлер, кога се собрале на свечен ручек по повод роденденот на фирерот во логорот, одлучил дека треба да му го честитаат со убивање на Евреи.
"Кога наздравувале, генералот рекол: 'Не му купивме никаков подарок на фирерот, ама јас му подготвив изненадување'. Го зел телефон, му се јавил на Хитлер и му рекол: 'Во чест на Вашиот роденден, денес во концентрациониот логор ќе бидат убиени 3.000 Евреи. Таков наслов и стои на книгата во која се евидентирани сите убиени", раскажува Колеска.
Сите 3.000 лица се евидентирани по име и презиме, датум на раѓање. Евиденцијата била толку педантна, што на крајот на графата за секого е напишано и од кои болести боледувал, па дури и колку болви и вошки имал во главата кога бил убиен.
Архивот на децата бегалци е во Србија

Во Црвениот крст на Србија се наоѓа архивата на децата бегалци од Егејска Македонија. Сите лица во Македонија што имаат потреба од какви било информации, од овој архив можат да побараат податоци преку Црвениот крст во Скопје. Таму постојат документи за луѓето што пребегнале од Грција, и тие документи сега можат да бидат достапни само преку службите на Црвениот крст.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=A2EF082DE8D2A44ABE80947E09354540
 
to so germania super, a to so serbia ic neubo.

zs ne pobarat drzavata nasa da naprajt barem kopija od arhivniot materijal za decata begaltsi?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom