ГАРФИЛДИЈАНСТВО версус религиите досегашни (Еко1 и НиколаП се пророците)

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Веб-сајт
maddox.xmission.com
А кога ќе видиш и едните и другите во ист бог веруваат. Разликата е во догмите кои ги заслепуваат. Но, како што рече КОљоПе, објаснето во темата за догмите.
 
Будизмот не е религија, тоа е духовно учење. А Буда не е бог, учител. На индиски гуру значи даскал.
 
Околу убиствата, над 200.000 сарацени (жени и деца такуѓере) се заклани во 1-та крстоносна војна при заземањето на Ерусалим од страна на рисјанските рицари, а кога Балион го предава Ерусалим во рацете на Салајдин, ниту еден не е убиен од рисјаните.

Како историски факт. Да напоменам.

Како спикер на темата морам да дадам насока, нели. Ова Процедурално.

Реплики на дани?
 
Ако рачунаме убивања, поробувања, силувања и сл, рисјаниве убедливо водат. Ја не би играл на таа карта, Дани. Чисто процедурално и ја.
 
NikolaP напиша:
Ако рачунаме убивања, поробувања, силувања и сл, рисјаниве убедливо водат. Ја не би играл на таа карта, Дани. Чисто процедурално и ја.
Секоја војна на то се води.. Религиите се само изговори за побудување на страста и исполнување на целите на поедници, лошото е што дугачие трае
 
Е така де, темава е отворена за разбирање и рушење на стереотипите и за двете релиии, не за нечии лични крстоносни војни или џихади.
 
Интересно, убаво, точно, правилно, објективно.

Реплика некој? За збор?
И да се најдеше јунак догматски на прашањето да ми одговори:

Кој повеќе го седел зборот божји?
пророкот Мухамед рекол коли - овие го послушале.
Синот Божји велел не коли и устата пења му фатиле, го распнале, па пак не го послушале и тоа го чинеле со благослов од оние кои ја продолжувале Исусовата мисла.

Оф топик, ама многу некако ми е ќеиф да сис е понашам на темава вака, ем си читкам, ем си се зезам, ем увидувам кој како размислува и се обидувам да доловам зошто баш така.

Значи, реплика? Збор?
 
Dani^^^ напиша:
Зборуваме за религии и пророци а не обични смртници.И те молам,христијаните воделе во војни?Па види го цел свет е у војна и у секоја војна се вмешани муслиманите..ај да не се лажеме

ова е оф топик, но на некој начин може да се вметне во темата:

Цел свет е у војна.. Кој свет? - Америка против Ирак, Авганистан, Иран.

Ирак има нафта. Многу нафта. Иран има 10% од светските резерви. "We are addicted to oil" - вели Буш.

Не мора да бидеме овци кои паѓаат на пропагандните приказни за света војна меѓу “добрите христијани“ и “лошите муслимани“. Во Ирак досега “добрите“ имаат убиено едно стотина илјади од “лошите“, ама нафтата никако да протече како што треба - изгледа ќе треба уште “света“ војна.

Ако немаме сила да му се спротивставиме на лажачот од Вашингтон, барем имаме сила да речеме дека не му веруваме на лагите... со други зборови: дискутираме за религијата, не за тоа кому како му чини да ја злоупотребува религијата и религиски заблеаните овци!
 
Garfield напиша:
Интересно, убаво, точно, правилно, објективно.

Реплика некој? За збор?
И да се најдеше јунак догматски на прашањето да ми одговори:

Кој повеќе го седел зборот божји?
пророкот Мухамед рекол коли - овие го послушале.
Синот Божји велел не коли и устата пења му фатиле, го распнале, па пак не го послушале и тоа го чинеле со благослов од оние кои ја продолжувале Исусовата мисла.

Оф топик, ама многу некако ми е ќеиф да сис е понашам на темава вака, ем си читкам, ем си се зезам, ем увидувам кој како размислува и се обидувам да доловам зошто баш така.

Значи, реплика? Збор?
Има разлика у кавантитет и квалитет нели?
Следбениците на Мухамед го слушале ама за многу лоши работи како колење,убивање,обљубување,ропство а Исусовите следбеници помалку го слушале ипак не целосно за многу поубави работи.
И оние кои го распнаа Исус беа евреите а не оние христијани за кои што збориме -не оние кои што го следеа Исус.

P.S.Павел мене ми е јасно што збориш али тоа го спомнав за да докажам дека не е точно дека христијаните воделе во убивање и војни.Дека ако не поише ама барем се исто муслиманите со христијаните. И баш затоа сакав оваа дискусија да ја терам со коранот и библијата а не од актуелните случувања на тн верници или од случувања кои што немаат врска со едната или другата книга.
 
Ти се читаш пто пишуваш?
Мухамед го слушале за лоши, ама сепак го слушале, а Исус не го слушале и пак правеле лошо?
Алооооо!

Ги прашаа закланите: каде е разликата, ве заклаа послушните муслимани или непослушните рисјани и има ли разлика?
Одговорот бил: не знаеме, се исто ни е нам, ние сме мртви.

Понатаму, те прашав дали да ја преименувам темава во разпуцавање соп цитати и глуви уши или ќе го прочиташ насловот поубаво и внимателно?
Ти сакаш девојче да цитираш, а бараш деманти, Никој друг очигледно не ти се фаќа на јадицата. Батали, дискутирај, како сакаш чини, ама не се лути што некој решил да го интерпретира поинаку од тебе заглавието на темата и следствено да ти одговара и реплицира.
ОК, ме разбра.
В ред, идеме понатака.

Продолжете
(јеботе ко Љ. Јордановски се осечам, ама ми смрскуе)
 
A ти мене ме читаш?Поената ми беше дека за мене е битно што МЕ УЧЕЛ Исус а не кој колк уго прифатил тоа т.е за мене е битно што ми проповеда мојата религија и дали ако се однесувам на одреден начин сум во согласност со библијата или не.

Garfield напиша:
Ги прашаа закланите: каде е разликата, ве заклаа послушните муслимани или непослушните рисјани и има ли разлика?
Одговорот бил: не знаеме, се исто ни е нам, ние сме мртви.
Нема разлика за мртвите точно ама има разлика за религиите. Ако некој некого заколе и е муслиман онда постапува во согласност со својата религија а ако е христијанин ЌЕ ГОРИ ВО ПЕКОЛОТ.тоа е разликата.

Јас не викам дека дискусијата не треба да се прошири и на она како религијата била прифатена или интерпретирана меѓу верниците но сепак јас кажав дека мојата дискусија до сега си ја темелев на коранот и библијата така да на таква дискусија неможеш да и одговориш со-па и во Америка имало ропство!

Garfield напиша:
Ти сакаш девојче да цитираш, а бараш деманти, Никој друг очигледно не ти се фаќа на јадицата. Батали, дискутирај, како сакаш чини, ама не се лути што некој решил да го интерпретира поинаку од тебе заглавието на темата и следствено да ти одговара и реплицира.
Сакам кога дискусијата ќе тргне во една насока да се задржи во таа а не кога ќе згусне да се напушти текот на дискусијата и да се користата аргументи што немаат врска со тоа што се коментира. Да точно и христијаните праеле лошо но не им било така наредено од библијата додека самиот коран ги тера муслиамните да ги колат евреите (пример).
 
И ти тврдиш дека како христијанка се држиш за библијата само, и што таа кажува?
Не лажи... Кршиш и ти правила во библијата што се пишани. И во стариот и во новиот.
И ја повеќе ценам кога некој ќе дискутира со свои зборови и факти, отколку со туѓи цитати. Некои од цитатите кои ги напиша не беа од коранот или библијата, туку од книги и луѓе кои ги интерпретирале. Ние што правиме тука?
 
Лилааааааа, а мор Дани, па не ли се обидувам да ја канализирам дискусијава ебаго, не ја ли раздвоив темата за да не се меша со догматика?
Аман побогу, нели мора да има некој кој ќе ве контролира оти на крај едните ќе ве запишам сосила во теолошко, а другите у медресана.

И фала за зеленкото на онаа на сеирот.
Хехехе, нели ми текна.

Но, да не рушам ред. Батали ме, терај, оти ако решам да ти одговарам на цитираните делови или пак ќе отидеме во догматика или пак ќе се вртиме во магичен круг, на твоите цитати и моите мисли и философии на религии.
Ве оставам, само ќе надгледувам. Не за друго, за да го јадам Шлак, ако дојде, симпатично се пали како хепо коцкица. Се шалам.
Терајте, релативно добра муабте, а штета ако мнозина не читаат, барем нешто ќе научат, ако ништо друго, колку обете не чинат :) и се само догматики!

Уф невидов, КољоПе бе!!! Ние знаеме, сега и она знае дека знаеме, срам да ти е :):):):)
 
Dani^^^ напиша:
ако не поише ама барем се исто муслиманите со христијаните.

Во Ирак и Авганистан им водиме со 20:1. Колку за потсетување, како убаво ги рендаме, еве ти една снимка од “автопатот на смртта“ од Ирак 1991:

0ml21.jpeg

Откако Садам потпиша капитулација, ирачката војска тргна да се повлекува од Кувајт. Арно ама, “нашите“ прочитаа какви подли намери има во нивните недораснати муслимански мозоци, па им ја запржија чорбата. Исто како да си играш компјутерска игра - стисни копче, и бум!

2000 возила, 10000 изгорени и распарчени трупови расфрлани долж 60 километри од автопатот. Онака милозливо, по христијански.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom