Gaming house или такозвана играчница!

  • Креатор на темата Креатор на темата D_NazGUL
  • Време на започнување Време на започнување
D

D_NazGUL

Гостин
Значи декаденцијава завлегува во секоја дупка на општествотво и крајнитот кретенизам и пуста желба за збогатување преку ноќ веќе ми оди на живци.

Да елаборирам.

Во гејминг сферата сум влезен ептен, од кога излезе првата Call of Duty игра - љубов на прв поглед, што би рекло дека од 2004 година сум по играчнициве низ Скопје. Се отвараа се затвараа секакви квази играчници, по подруми, станови, гаражи итн. и одеднаш просветление, се отвори ЕнтерНЕТ (Сетнет првата е премногу мала за да се споредуе). Огромна просторија, над 100 компјутери, пушачи - непушачи, версус соби, абе милина. Ко мали дечиња сме си се радуеле кога првпат отидовме тамо. :vozbud: Се си тераше фино, се отвори уште едно СетНет, Инсомнија у Лептокарија, Ентернет (по купувањето од Инсомнија) во Аеродром ...

Одеднаш нешто се случи и настана крах на системов што така убаво функционираше некое време. Престанаа да функционираат како играчници, туку како депонии на стари компјутери. Не функционираат мауси, тастатури, слушалки, монитори менуваат бои, се рестартираат, а да не збориме за пингот - тоа е веќе сосема друга димензија. Инсомнија у Лептокарија се затвори, таа у Аеродром не знам дали постои сеуште...

Толку ли беше, ставија пари у џеб и пријатно ли? Не ли разбираат дека ова е спорт кој тек сега ќе се развива во Македонија. Дека во светот на натпревари од овој тип се присуствува со иљадници посетители. Слушам играчниците не биле веќе у мода секој имал интернет дома. Да бе има секојо интернет дома, ама не е тоа работата, дружбата сеуште е битна.

Сори ако се поклопив со некој друг пост али морав.
 
Незнам што да ти кажам друго друже освен дека сосема си во право...ова денеска веќе на ништо не личи.
Многу играчници што беа солидни и што ги посетував до пред некое време го ставија катанецот на вратите...
Во тие играчници што преостанаа одвај се стартуваат програми како гарена и една обична кантер страјк!
А да не зборуваме за оштетената опрема...која денешниве деца незнаат како да ја зачуваат и ја кршат,ја крадат итн...
Слушалките речиси никаде не работат,некаде ги нема.Компјутерите сами се рестартираат...ерори еден тон...и што ли уште не...
Еве пред некој ден го затворија и Сет Нет кај Скопјанка...слушам дека го отвориле во ТЦ Бисер...таму незнам каква е состојбата ама ќе треба да одам да проверам...се надевам ако е таму ок ситуацијата нема брзо да стане како горенаведенава!
 
Повеќе од очигледно е дека, немаат минативе газди амбиции за ново преуредување на самите простори, а и самата опрема. Тука лежи фактот, дека чекорот на технологијата многу брзо оди, а со тоа, времето за нив е премалку. Од ден на ден, излегува по нешто ново и многу е тешко да ги опремуваш компјутерниците во склоп на моменталниот статус што го има технологијата во светот. Ја би.. да отварам една профи компјутерница, каде би се играло кантер/дота и која би се чувала и обновувала со години.. мислам дека за се друго, не се исплати.
 
Види за се има решение. Еве пример може при земање кредит да ти даваат слушалки и маус па ако ги вратиш скршени - наздравје. За се има начин само треба некој да се заинтересира. Незнам најверојатно и вработените се толку слабо платени да не ги ни интересира да се зафатат за некоја идеја или предлог. Да не прејудицирам сеа, битно е дека иде на полошо.
 
Вака, кај нас во Македонија никаде немам сретнато подобра играчница од онаа мојата дома што е, да у право е дечкото погоре дружбата е важна али неможеш да играш кантер на компјутери кои сецкаат ко луди и вадат максимум 40 фпс и сецкаат во димни, јас порано играв професионално кантер и учествував на турнири ко qWCG и Insomnia Winter и уште многу други како ЛАН така и онлајн..Немаш услови за игра, ако сакаш добра опрема си носиш од дома тоа што ти треба, ако не ќе се сликаш со делукс на кој му фали десен клик и слично.
Отсекогаш е било така, така и ќе биде а како што можам да забележам развојот на гејмингот у Македонија у последно време стагнира иако никогаш не ни бил развиен, и на турнирите и другите event-и секогаш се гледало како да се профитира затоа и пропадна Инсомниа и МАХ серверите.
За да имаш играчница која ќе биде со тек на времето, првин треба да имаш многу пари, добри услови и слично па на крај сето тоа да резултира со посетеност и проширување..
Малце забегав али ми ја сфаќате поентата, иначе оние кафеа по гаражи, подруми и уште каде не не ги ни рачунам.
Да се надоврзам, неможете да ги споредуете европските земји со нашата, кај нас уште важат некои стереотипи околу гејмингот, и како е тоа незрела работа и си напунил 18 срамота е да играш игри.
 
Во играчница последен пат отидов во 2006-та година. Зошто да плаќам да играм во играчница кога дома имам поубава машина, повеќе игри и побрз интернет? Башка со развојот на VPN и VoiP технологиите немора веќе да сме физички во LAN поврзани за да играме заедно.
 
ОМГ . Ова беше перверзно :)
 
Прв проблем НЕ ЧИНИ НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ, одиш во игачница маваш по тоа тастатурата маусто што можеш гледаш да украдеш. Треба да си ептен будала за да отвориш такво нешто за овај народ.

Втора причина тие пари што ќе ги дадеш за играње ќе си земеш оригинал игрица па ќе си плешаш дома колку сакаш со кој сакаш.
 
Една од причините за лан играње и евенти се дружењето и зближувањето.. Мислам дека WCG имаше таква идеологија.. Не сум 100% сигурен..
 
Дота играм .. па да речеме долго време - некои 6-7 години одприлика .

Знаете која разлика ја има ако играм од дома ( Гениус тастатура и х7 маус ) опремата се ок .. или пак ако со тие 5 души кои што играм еве седнам во Ентернет во Версус 1 и имаме комуникација ?

Оваа разлика може да значи тотален пораз или неверојатно лесна победа , се е до комуникација дури скилот на играчот е ставен во втор план - доколку слуша и следи наредби скоро и да е ирелеватно тоа .

И дома кога играм знам да се јавам на другарчето и да го оставам телефонот уклучен пошто и онака бесплатно збориме , ама сепак не е тоа тоа .

Ќе напоменам дека многу сум задоволен што барем некој од владеачкиве партии се заинтересира за Гејминг светов и младите поточно Дота-та па поради тоа минатиот викенд беше организиран Дота турнир во општина Карпош од страна на општината .
 
Значи декаденцијава завлегува во секоја дупка на општествотво и крајнитот кретенизам и пуста желба за збогатување преку ноќ веќе ми оди на живци.

Да елаборирам.

Во гејминг сферата сум влезен ептен, од кога излезе првата Call of Duty игра - љубов на прв поглед, што би рекло дека од 2004 година сум по играчнициве низ Скопје. Се отвараа се затвараа секакви квази играчници, по подруми, станови, гаражи итн. и одеднаш просветление, се отвори ЕнтерНЕТ (Сетнет првата е премногу мала за да се споредуе). Огромна просторија, над 100 компјутери, пушачи - непушачи, версус соби, абе милина. Ко мали дечиња сме си се радуеле кога првпат отидовме тамо. :vozbud: Се си тераше фино, се отвори уште едно СетНет, Инсомнија у Лептокарија, Ентернет (по купувањето од Инсомнија) во Аеродром ...

Одеднаш нешто се случи и настана крах на системов што така убаво функционираше некое време. Престанаа да функционираат како играчници, туку како депонии на стари компјутери. Не функционираат мауси, тастатури, слушалки, монитори менуваат бои, се рестартираат, а да не збориме за пингот - тоа е веќе сосема друга димензија. Инсомнија у Лептокарија се затвори, таа у Аеродром не знам дали постои сеуште...

Толку ли беше, ставија пари у џеб и пријатно ли? Не ли разбираат дека ова е спорт кој тек сега ќе се развива во Македонија. Дека во светот на натпревари од овој тип се присуствува со иљадници посетители. Слушам играчниците не биле веќе у мода секој имал интернет дома. Да бе има секојо интернет дома, ама не е тоа работата, дружбата сеуште е битна.

Сори ако се поклопив со некој друг пост али морав.

Вака, кај нас во Македонија никаде немам сретнато подобра играчница од онаа мојата дома што е, да у право е дечкото погоре дружбата е важна али неможеш да играш кантер на компјутери кои сецкаат ко луди и вадат максимум 40 фпс и сецкаат во димни, јас порано играв професионално кантер и учествував на турнири ко qWCG и Insomnia Winter и уште многу други како ЛАН така и онлајн..Немаш услови за игра, ако сакаш добра опрема си носиш од дома тоа што ти треба, ако не ќе се сликаш со делукс на кој му фали десен клик и слично.
Отсекогаш е било така, така и ќе биде а како што можам да забележам развојот на гејмингот у Македонија у последно време стагнира иако никогаш не ни бил развиен, и на турнирите и другите event-и секогаш се гледало како да се профитира затоа и пропадна Инсомниа и МАХ серверите.
За да имаш играчница која ќе биде со тек на времето, првин треба да имаш многу пари, добри услови и слично па на крај сето тоа да резултира со посетеност и проширување..
Малце забегав али ми ја сфаќате поентата, иначе оние кафеа по гаражи, подруми и уште каде не не ги ни рачунам.
Да се надоврзам, неможете да ги споредуете европските земји со нашата, кај нас уште важат некои стереотипи околу гејмингот, и како е тоа незрела работа и си напунил 18 срамота е да играш игри.

Абе другари, на кој не му е за парите? На кого му е гајле за гејмингот во Македонија, сите гледаат да си заработат што повеќе пари и да не им пропадне инвестицијата. И неможеме да споредуваме гејминг во Македонија со гејминг во Европа кога европските држави се, прво, економски развиени и имаат финансиски средства за вакви работи. Кај нас, каде што просечна плата е 12.000, сигурно на администрацијата, а не па на обичните граѓани на крај памет нема да им падне да трошат финансии на вакви работи. Ако веќе сакате турнири, ќе се пријавите на онлајн турнири иако тоа не е тоа. Сепак, за тоа ви треба оригинални игри се разбира, а кај нас оригиналните игри се 30%-40% проценти поскапи одколку во странство, а државата ни е економски понеразвиена. Иако можеме да нарачуваме оригинали преку интернет, и се фаќа многу поевтино. Како и да е, сите овие фактори придонесуваат гејмингот во Македонија да е сведен на 0.
 
Една моја професорка често ни викаше..
„Не постои фразата Не знам или Не можам... Доколку некој сака да направи нешто, ќе го научи, ќе го направи..“

Гејмингот би можел да биде многу развиен.. CS = 5e, CoD4 = 9e, QL = free, LoL = free, FIFA11 = 15e... Време = се продава у трафика... Што уште треба?
CS не бара ѕвер конфигурација за 100 fps.. QL не бара ѕвер конфигурација за 125 fps... CoD4 на 125fps, доволно е 8800GT(испробано во играчница.. можеби и на послаба графичка ќе оди).. Мислам дека доста од поновите „играчници“ можат барем да ги задоволат потребите за тие игри...

Приметив некој се буни зошто имало Delux тастатури во играчниците.. Немало услови... Овие денови секој гејмер си носи своја опрема.. На која е веќе навикнат...

Така да.. Ситуацијата би можело да изгледа многу добра.. Но.. Што гледаме? Турнири каде играчи плаќаат учество, и првото место добива малку повеќе од дадените пари за учество, а организаторот се збогатува... Турнири без никакви дефинирани правила (или мал број, недоволно дефинирани)... Да не зборуваме за спонзорите (добро.. тука може да се каже дека сме стварно дива лига, многу е тешко да се најдат спонзори..)

Сепак... ЛАН евентите имаат голема улога во компетитивниот гејминг... Тука се вртат парите.. Не на ESL/ClanBase/EnemyDown/некоја друга лига (добро.. има пари, но во споредба со лан, тоа е нула...).. Сигурноста дека некој нема чит (Punkbuster, Aequitas, VAC... Не постои 100% proof античит.. ), а и пред се дружењето се предности на ЛАН.. И многу повеќе спонзори би платиле нивниот бренд да е присутен до гејмерите кога играат, наместо нивното име да е напишано во име на сервер/турнир и слично...
 
И носењето на своја тастатура, маус и слушаличи не е проблем. Сум го правел тоа порано. Сепак треба самите компјутери да се оддржуваат. Во ентер толку брзо ги менуваат вработените, што јадниве немаат време да научат што е версус а што open area. Не верувам дека ако на еден Нико или Неоком или Мебиус не им се даде предлог за соработка со добра реклама, не би се нафатиле да спонзорираат опрема за некој натпревар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom