Фудбалски занимливости и факти

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Тука би се постирало се што е интересно за читање а има врска со фудбалот. Јас ќе ја почнам темата со неколку занимливости... па продолжете.
 
Најлудиот фудбалски натпревар EVER!!!

На натпреварот од европскиот куп помеѓу Арсенал и Динамо Москва се случи фарса, со невидени размери... која не е надмината до ден денес.

Имено еден студен есенски ден во 1945 година во северен Лондон се сретнаа овие две екипи. Поради големата магла која беше паднала над стадионот и малата видливост, фудбалерите на Арсенал побарале преигрување на мечот. Судијата го одбил ова барање бидејќи гостите специјално за овој меч допатувале дури од Москва.

... Започнал мечот и уште на почетокот се навестувала вистинска драма, уште во првите минути бил исклучен еден играч на Арсенал поради предизвикување на тепачка. Но само неколку минути подоцна се вратил во игра, судијата не го забележал поради слабата видливост. Фудбалерите на Динамо не останале покусо. Тие извршиле замена, но наместо еден играч да влези а друг да го напушти теренот тие само внеле играч плус на зелениот тепих. Судијата не се посоомневал иако ова русите го направиле уште неколку пати, во еден момент на теренот ималу дури 15 играчи на Динамо, а 11 на Арсенал. Вистинска фарса која немала крај, поради маглата која се спуштала се повеќе... играчите веќе не можеле да видат ништо. Голманот на Арсенал дезориентиран, се затрчал и удрил директно во стативата... по што се онесвестил. На негово место влегол еден навивач од публиката...

ЗАКОН!!!!
 
хахахахаха,е да се случи ова коа играт интер против милан ...и јас по некоја срека да сум таму...и ти јове нормално :)
 
Најтешкиот играч што воопшто играл фудбал бил голманот Вилијам Хенри „Фети“ Фоулк (William Henry „Fatty“ Foulke) (1874-1916), бил висок 1,90 метри и тежок 165 килограми. Еднаш по негова вина бил прекинат натпреварот, затоа што ја соборил стативата. Поточно, во момент на досада, се обесил на пречката и ја скршил. За него е испеана и една не многу позната навивачка песна, "Who Ate All the Pies?".

Еве го јунакот.

arton506.gif
foulke.jpg
 
Кака игра одлично кога го гледа баба му

Најдобриот играч на европскиот првак Милан, Бразилецот Кака има свој верен навивач,а тоа е, верувале или не, неговата баба Соња Силвеира дос Сантос.
Кога таа е на трибините и го гледа во живо својот внук, Кака игра одлично и редовно постигнува голови.Така беше и во Вторникот, на гостувањето на Милан во Доњецк против домашниот Шахтјор каде што росоњерите го добија со убедливи 0-3.
Погодувате, Кака беше стрелец на еден гол, а асистираше и при еден од погодоците на Филипо Инзаги.
Многу сум задоволен од триумфот во Доњецк.Таму имав и посебна причина да одиграм најдобро што знам, затоа што на трибините беше и мојата баба.Таа е мој верен навивач и секогаш кога времето и здравјето тоа и го дозволуваат, доаѓа да ги гледам моите натпревари.Беше и на финалето на Лигата на шампионите минатата година во Атина. Таму не играв најдобро, но ми се исполни сонот, со Милан го освоив вредниот пехар во Лигата на шампионите вели Кака.

Бразилецот израснал со голема грижа на својата баба Соња Силвеира дос Сантос, која можеби е и главниот виновник што Кака денес е врвен фудбалер.
Таа на двегодишна возраст му ја подарила првата фудбалска топка.
Баба ми ми ја подари првата фудбалска топка. Јадев, пиев и спиев со неа. Едноставно не се одделував од таа топка. Дури и кога се излижа од многу шутирања, таа ми беше омилена. Се сеќавам како да е вчера-раскажува Кака.
Бабата на Кака живее во Бразил, но многу често е негов гостин во Милано, во луксузната вила на младиот фудбалер.
Можам повеќе да издржам без да ги видам моите родители и без брат ми, но не и без мојата баба. Затоа на секои три-четири месеци ја поканувам да дојде во Милано или, пак, му се радувам на секој повик за репрезентацијата на Бразил затоа што ке се сретнам со мојата мила бабичка открива најдобриот фудбалер на Милан.:wink:

Извадок од весникот Време.
 
lele kaka i negovata baba hehehheheheheh ma moram da ja vidam taa babicka kako naviva za vnuk i aj moze nekoj den zaedno ke navivame na san siro:)
 
Никарагва--Коста рика---1-7 е на полувреме после ке постирам колку ке заврши на крајот.

Осеќам добар крај ке има.

Едит 1-9 заврши.
 
Според правилникот на ФИФА постои правило во кое капитените на двата тима можат да се договорат да нема пауза помеѓу двете полувремиња.Исто така доколку топката оди во правец на голот,а голманот не може да ја фати може да фрли по неа со некој дел од опремата пр.копачката или ракавицата и доколку ја спречи топката да не влезе во голот,противничкиот тим изведува индиректен слободен удар
 
Хммм, интересно :)
 
Имаше еден ваков случај кога играше Барселона со Сантандер минатата сезона...јас се чудев како може да изведува индиректен удар од шестнајсетникот внатре. Го изведе индиректниот удар на 1 ипол метар од белата точка.:vozbud:
 
Викторианус, индиректен се изведува и кога топка вратена кон голман со нога, тој ја прифати со рака. Не мора да значи дека фрлал по терен. :)
 
Според правилникот на ФИФА постои правило во кое капитените на двата тима можат да се договорат да нема пауза помеѓу двете полувремиња.Исто така доколку топката оди во правец на голот,а голманот не може да ја фати може да фрли по неа со некој дел од опремата пр.копачката или ракавицата и доколку ја спречи топката да не влезе во голот,противничкиот тим изведува индиректен слободен удар
:pos2: :pos2: :pos2: ...Neznaev deka taka mozelo?A golmanot,ke dobie karton?:nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom