ФРЛЕНАТА БИБЛИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата okrovenie
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 мај 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
ФРЛЕНАТА БИБЛИЈА

„Фрли го тоа низ прозорецот!“ Војниците обично наоѓаат тема за разговор, а исто така знаат да се шегуваат, особено со гласно смеење, кога се возат со воз. Во аголот на едно купе седел регрут и ја читал својата Библија. „Ајде да се пошегуваме со тоа побожно момче и да му ја фрлиме Библијата низ прозорецот!“ За секунда, Библијата се нашла меѓу шините. Дали се налутил младиот војник? Не, тој имал учител кој вели: „Јас сум кроток и благ во срцето“ Матеј 11:29. Бил нажален, но молчел. Неколку дена потоа нашиот млад пријател добил пакет од дома во кој имало храна, а внатре имало и една Библија. Покрај неа имало интересно писмо. Некој работник на пругата, ја нашол Библијата и преку неа го чул Божјиот глас. Дотогаш се плашел заради своите гревови, но читајќи го Светото Писмо го сретнал Спасителот. Библијата ја пратил на адресата што била запишана во неа, а самиот си набавил друга. Сега разбрал војникот зошто требалода помине неколку дена без својата Библија. „Зашто Божјиот Збор е жив и делува... И нема нешто кое е скриено од Него. Сe му е откриено пред очите“. Еврeите 4:12-13
 
ИСПОКИНАТАТА БИБЛИЈА

Илјади, дури и милиони луѓе доживеале благослов преку Библијата. А честопати тоа било само ливче или стих – семе кое донело стократен род. Во некој мал германски град, на аукција на која се продавала покуќнина, меѓу другото се наоѓала и една голема стара Библија. Но никој не се интересирал за неа. Конечно, некој трговец дал понуда за неа и можел да ја понесе дома за неколку фенинзи. Практичниот трговец сакал да ја употреби како хартија за завиткување и не помислил каква вредност имаат листовите на оваа книга, дури и тогаш кога се испокинати и валкани. Бог рекол: „Мојот збор нема да се врати празен“ Исаија 55:11.
Во тој град живеел еден човек кого постојано го мачела помислата дека е виновен за смртта на некој човек. Ни дење, ни ноќе не наоѓал мир. Често го слушал зборот „убиец“ или често му се појавувал пред очите со сјајни букви.
Еднаш кога го пратил синот да купи нешто од продавницата, се вратил носејќи го купеното завикано во лист од некоја стара Библија. Таму се наоѓал текст од посланието до Евреите, 9-та глава: „Без пролевање на крв, нема простување“. Во прв момент, не го разбрал тоа. Простување веќе барал, но сакал да знае нешто повеќе за тоа и се заинтересирал што пишува понатаму во таа книга.
Го пратил пак момчето кај трговецот кој со кинење на листовите стигнал веќе до 1 Јованово Послание. Кога тој човек, оптоварен со свеста за вина, ја прочитал и таа страница, му паднал товарот од душата: постои простување, постои очистување од сите гревови, бидејќи тука стои запишано: „Крвта на Исус Христос, Божјиот Син, нe очистува од секој грев“, и „Ако ги признаеме своите гревови, верен е и праведен да ни ги прости гревовите наши и да нe очисти од секаква неправда“ (1 Јов. 1:7). Тие зборови светнале како светлина во неговата мрачна душа. Дознал дека крвта на Исус Христос, која се пролеала на крстот, во состојба е да ги измие сите гревови на оние кои ја признаваат својата вина пред Бога. Така и тој нашол потполн мир во своето срце. Дури и истргнатите листови од Библијата можат да направат некого среќен.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:17 ---
ПРОСТРЕЛАНАТА БИБЛИЈА

„Слушај, зошто ти е прострелана Библијата? Да се пука во Библијата, тоа е страшно подло. Тоа не смее да се прави“, му рекол некој стар војник на еден млад војник земајќи му ја Библијата од раце. „Но за мене токму тоа е убаво, бидејќи тоа ми го спаси животот“, рекол младиот војник. „Бев на фронтот, ползевме од ров до ров, кога почуствував силен удар во градите, а потоа и силна болка. Што се случи? Обично со себе ја носев својата џебна Библија. Ако непријателскиот куршум најнапред не удреше во Библијата, сигурно би ми го погодил срцето. Така добив само површна рана која брзо се залечи. Во тоа го гледам Божјото предупредување. Оваа прострелана Библија два пати ми го спаси животот. Првиот пат, кога ми го покажа патот кон Спасителот и вториот пат, кога го запре смртоносното зрно.“
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:18 ---
ВЅИДАНАТА БИБЛИЈА

Пред отприлика сто години, кога сe уште не бил изграден тунелот Сент Готхард, сите патишта кои патувале од Италија во Швајцарија и обратно, морале пешки да го минуваат преминот Сент Готхард, а тоа пешки барало доста време. Честопати се патувало и во групи. Еднаш патувала и група ѕидари од околината на градот Лугано, во внатрешноста на Швајцарија, бидејќи таму можеле да заработат повеќе. Меѓу нив бил и еден млад човек по име Антонио кој за време на патувањето започнал разговор со една постара жена. Таа му зборувала за Исус Христос. Антонио не сакал ништо да знае за тоа. Таа жена му подарила на Антонио убава Библија во кожен повез. Ја зел со себе, но не ја читал.
Кога стигнал во градот Гларус, морал да помогне во градбата на една голема куќа. При тоа весело пцуел и се мајтапел заедно со своите пријатели. Кога го завршувале ѕидот, забележал една дупка која требало да се заѕида. Во тој момент се сетил на Библијата, коха се уште ја имал во својата вреќа и им рекол на другарите: „Момци, ми текна една добра шега. Погледнете, тука имам една Библија која ќе ја ставам во дупкава.“ Библијата одвај влегла во дупката и кориците малку се оштетиле. „Така, сега само уште малку малтер наоколу“, рекол Антонио, „баш би сакал да видам дали ѓаволот ќе може да ја извади!“ После тоа, Антонио неколку недели постојано се враќал дома преку брдото.
Во 1861 година, на 10ти мај, градот Гларус го зафатил голем пожар. Четиристотини и деведесет згради потполно изгореле. Целиот град бил една страшна рушевина. Требало градот да се гради одново. Некој ѕидар од северна Италија, по име Иван, добил задача да пребара една скоро нова зграда која била делумно срушена. Со чекан чукал по ѕидовите и од еден ѕид отпаднал малку малтер. На свое големо изненадување, во ѕидот нашол книга. Ја извадил. Библија... како ли се нашла тука? Тоа му било чудно, зашто тој веќе еднаш ја имал таа книга, но му ја одзеле. „Тоа нема веќе да ми се случи“, си мислел. Иван, во слободното време упорно ја читал Библијата. Сe уште не разбирал се, само делумно евангелијата и псалмите. Од нив научил да се моли. И така, не потрајало долго, додека дознал дека е грешник, но и тоа дека Бог го љуби и дека со вера во Господ Исус може да добие простување на гревовите. Кога во есента се вратил кај својата фамилија во својата земја, зборувал насекаде каде ја нашол радосната вест за своето спасение. Во слободното време доел по околината со куфер полн со Библии за да ја објавува радосната вест. Така дошол и во градот во кој живеел Антонио. На пазарот поставил маса со Библии. Таму поминувал Антонио, застанал и рекол: „О, Библии! Не ми се потребни! Би требало да појдам во Гларус, бидејќи таму имам една која е вѕидана во една зграда. Баш би сакал да знам дали ѓаволот може да ја извади!“ Иван го погледнал сериозно младиот човек. Веднаш сe му било јасно и му рекол на младичот: „Биди внимателен, момче. Лесно е да се мајтапиш, но што ќе кажеш ако ти ја покажам таа Библија?“ „Немој да се правиш важен“, рекол Антонио, „јас таа книга ја означив и веднаш би ја препознал. Останувам при тоа: ни ѓаволот не може да ја извади од ѕидот!“ Иван ја извадил Библијата и прашал: „Пријателе, го познаваш ли овој знак?“ Во првиот момент Антонио бил без зборови кога ја здогледал оштетената Библија. „Погледни добро! Тоа не го сторил ѓаволот, туку Бог. Го сторил тоа за да видиш дека Тој е жив. Тој сака и тебе да те спаси.“ Тогаш избувнала од срцето на Антонио старата омраза кон Бог. Неговата совест му зборувала, но тој сепак ги повикал своите пријатели: „Момци, дојдете! Што бара овој овде со тие негови Библии?“ За неколку секунди ја превртеле масата на Иван. И самиот него, добро го изнатепале, а виновнците бргу се повлекле низ мноштвото љубопитни гледачи. Од тој момент, Антонио бил сe повеќе непријателски расположен кон Бог.
Кога еднаш на своето работно место пак испил премногу алкохол паднал од 17 метри високото скеле и тешко повреден го донеле в болница. Иван дознал за тоа и му пратил прекрасен буќет цвеќе, а и самиот отишол во болницата да го посети. Но срцето на Антонио останало тврдо како камен, иако љубовта на Иван кон него направила силен впечаток. Тој го посетувал секоја недела и така, Антониот на почетокот од досада, подоцна сепак од интерес, почнал да ја чита Библијата. Еднаш читал од Посланието до Евреите, 12 глава: „Сине мој! Не занемарувај ги карањата Господови.“ Тоа точно одговарало на неговата несреќа. Антонио читал понатаму, и Божјиот Збор почнал да делува во неговото срце. Ја спознал својата вина и ја признал пред Бог. Научил со доверба да верува во совршеното дело на крстот. Неговата душа се опоравила, но неговиот колк останал парализиран. Својата поранешна работа не можел да ја работи, па нашол полесна работа. Подоцна се оженил со ќерката на Иван и живееле среќно. Антонио е веќе во небото, но таа Библија, која еднаш ја заѕидал, е најубавото наследство за неговите деца.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:19 ---
ПЕЧЕНАТА БИБЛИЈА Јан Хус го сметаат не само за големиот реформатор од Бохемија, туку исто така и маченик од Чешка. Со неговото сведоштво, на илјадници луѓе им се имаат отворено очите за да го видат завршеното дело на избавувањето на Исус Христос. Но не потрајало долго јавното објавување на евангелието во таа земја. Јан Хус бил изгорен, крвта на христијаните течела во потоци, а слугите на римскиот папа насекаде ги барале и прогонувале. Некоја жена на која најголемото богатство и бил Зборот Божји, стоела токму до печката во која се печел леб, кога чула дека доаѓаат луѓето од инквизицијата. Во селото вршеле претрес и го апселе секој кај кого ќе нашле Библија. Без двоумење ја зела Библијата, ја замотала во тесто и ја ставила во печката меѓу останатиот леб да се пече. Недолго после тоа, инквизиторите дошле и во нејзината куќа. Пребарале сe, од подрумот до таванот, но залудно. Кога гонителите ја напуштиле куќата, лебот бил веќе испечен и така Библијата пак излегла на светлина. И ете чудо, Библијата била исто така неоштетена како Седрах, Мисах и Авденаго, коишто Навуходоносор ги фрлил во вжарената печка, а сепак излегле од неа неповредени. Наследниците на оваа одважна жена ја сочувале оваа Библија како драгоцено наследство. Последниот наследник бил селанецот Шеболд, по потекло Чех, кој живеел во Америка и го чувал фамилијарното наследство со голема почит.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:20 ---
ПРОДАДЕНАТА БИБЛИЈА За госпоѓата Линер започнале тешки времиња. После смртта на нејзиниот маж, се нашла во финансиски тешкотии. Неколку вредни делови од својата покуќнина веќе ги продала во антикварницата, како и некој накит, а денес на трговецот му ја дала и својата прекрасно укоричена Библија која ја добила како свадбен подарок во наследство. Порано се радувала на Божјиот Збор и наоѓала сила во него, но сега веќе подолго време ја немала читано. Кога била сама, мислите не и давале мир. Се чувствувала многу лошо што оваа драгоцена книга ја дала скоро за беспари. Почнала да станува сe повознемирена. Нејзините деца веќе спиеле. Ја заклучила влезната врата и отишла до антикварот да си ја земе назад својата Библија. Погледнала низ стаклото на излогот и, што да види таму? Четворица луѓе стоеле околу масата, а Леви, антикварот, читал од една книгам која веднаш ја препознала дека е нејзината Библија. Овие луѓе очигледно сакале од срце да се исмеваат на случките од оваа стара книга. Одеднаш во собата завладеала тишина. Леви токму читал нешто за страдањата и кога дошол до борбата во Гетсиманската градина, солзи почнале да му навираат од очите и грлото му се стегнало. Пријателите молчешкум излегле од собата. А госпоѓа Линер? За неа било премногу тоа, што се мајтапеле со нејзината Библија, па и нејзе и се наполниле очите со солзи. Нејзиното срце ја обвинувало. Кога сега повторно слушнала како нејзиниот Спасител страдал и за неа, се вратила дома и клечејќи во молитва му признала на својот Господ и Спасител дека го заборавила. Кога осамнал денот, во срцето и се вратиле утехата и сигурноста. Сега знаела дека најзината вина е отстранета и дека пак може да оди заедно со Спасителот низ животот. Решила да отиде веднаш кај Леви и да си го земе Светото Писмо назад. Но на големо изненадување го нашла Леви сe уште на истото место пред отворената Библија. Не можел да се одвои од Божјата книга.
Понатаму, читал за Исус како страдал и за тоа како извикал на крстот: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ Сега читал од познатата за него глава 53, од Исаија: „Но тој беше ранет за нашите престапи и тепан за нашите беззаконија.“ Леви бил натажен што Исуса невин го убиле, а тој оваа ноќ му се потсмевал, па извикал: „О, Исусе од Назарет, дали си ти навистина нашиот Месија, од Бога ветениот Помазаник?“ Така го затекнала госпоѓа Линер. Изненадеан стоела пред отворената врата, а Леви и рекол: „Драга госпоѓо, во вашата книга најдов богатство кое ми вреди повеќе од целиот свет.“ И таа му раскажала како ноќеска го нашла патот од мракот во светлината. Не е потребно да се каже дека госпоѓа Линер ја добила својата Библија назад, а и Леви си купил нова. Недолго после тоа и неговата жена нашла мир во крвта на Христос и двајцата се крстиле. Овој случај го раскажал еден еврејски мисионер, Јакоб Аугуст Хаусмајстер во Штрасбург, непосредно пред своето одење од оваа земја.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:20 ---
ПЛОВЕЧКАТА БИБЛИЈА
Некој јапонски офицер пловел со својот брод низ пристаништето Нагасаки. Во водата забележал една мала книга и наредил да се подигне на бродот. За жал, морал да заклучи дека таа книга е напишана со потполно непознато писмо. На разни места се распрашувал за да ја дознае содржината на малата книга, но сe било залудно. Конечно, некој трговец можел да му ја задоволи љубопитноста бидејќи знаел неколку англиски зборови и можел да прочита дека тоа е „книга за Исус“, значи книга од странските завојувачи и дека постои превод на кинески. Офицерот знаел само малку кинески, но сепак го замолил трговецот да му најде таква книга.
Кога ја добил, кинескиот Нов Завет, веднаш трудољубиво почнал да учи кинески. Иако не насетувал, Светиот Дух делувал на неговото срце. Кога ја прочитал целата книга, бил среќен човек кој знаел дека Исус Христос го спасил. За да се одржи јапонското идолопоклонство, во Јапонија било забрането да се воведува било каква нова богослужба. Офицерот не можел да молчи за својот Спасител, па во својата фамилија и со своите пријатели одржувал часови за проучување на Библијата. При тоа, на повеќето од нив, во срцата почнал да гори огнот на љубовта за Исус Христос. Подоцна била дадена поголема слобода за вероисповеста, така што во Нагасаки се доселил некој мисионер. Тогаш офицерот можел слободно да зборува за својата „книга за Исус“ и за својата вера во Спасителот. Тој бил еден од првите во Јапонија кој слободно признал дека му припаѓа на Христос, а неговата постапка и однесување биле жив доказ за тоа. Причина за сето тоа била пловечката Библија во пристаништето Нагасаки. Да, евангелието е сила која го спасува секој кој верува во него.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:21 ---
БИБЛИЈАТА ИСФРЛЕНА ОД МОРЕТО НА БРЕГОТ

Близу до Шпанскиот брег, среде големо невреме потонал еден германски пароброд. Неколку дена подоцна, морето исфрлило некои делови од бродот и морнарски облеки. Во една таква облека се наоѓал Нов Завет во кој било запишано следното: „Марко Ротман, Колквајсе 12, Хамбург. Првпат прочитан на молба на мојата сестра Лота. Вторпат прочитан од страв од Божјиот суд. Третиот пат и секој следен пат, прочитан од љубов кон мојот Спасител Исус Христос.“
--- надополнето: 28 мај 2013 во 22:22 ---
ПОСРАМЕНАТА БИБЛИЈА

Некој мисионер во Франција и подарил на некоја фамилија Библија. Домаќинот го примил подарокот, но веднаш истргнал неколку десетини листови од неа и со една од нив си го запалил лулето. Мисионерот си заминал разочаран. Неколку години подоцна, повторно дошол во тој крај и при тоа ја посетил истата куќа. Таа фамилија, во војната го изгубила својот син и токму во тоа време стигнале дома неговите работи. Меѓу нив била и Библијата. Мисионерот ја зел в раце и забележал дека тоа била Библијата која тој ја дал на таа фамилија и од која биле истргнати листовите. Загинатиот војник, запишал на задната страна: „Презрена и изругана, и конечно поверувана. Таа ми послужи за спасение.“
 
ФАЛСИФИКУВАНАТА БИБЛИЈА



Јероним(Хиеронимус) роден некаде средината на 4 век н.е. во Далмација како син на христијански родители, прочуен и омилен кај народот како вегетаријанец и пријател на животните. Студирал во Рим и Трир а во 379 година во Антиохија бил посветен за свештеник. Неколку години помина во Константинопол заедно со грчкиот црковен учител Григориј од Накијантиа, а беше почитувач и на Ориген(од црквата прогласен за еретик).

Во 382 год. н.е. се враќа во Рим и станува секретар на римскиот бискуп Дамасус I.

Дамасус I му нареди на Јероним, кој говореше 7 јазици, да направи еден нов превод на постоечките текстови на латински јазик: „Вулгата„, подредувајќи ги дотогашните текстови во едно ново дело наречено Книга(Библија).

Јероним, составувачот на Библијата, разочарано му напиша:

„И оние кои ме клеветат мораат да потврдат дека ... во отклонувањата не е можно да се пронајде вистината. Имено ако треба да се потпреме на латинските текстови, тогаш, молам, ете тие нека кажат: На кои? Оти има приближно исто толку форми на текстови колку што има и преписи...

g143se_x130.jpg


Јероним(Хиеронимус) - составувачот на Библијата(по налог на римскиот бискуп Дамасус Први, околу 370 год. н.е.), претчуствувајќи проблем, му пишува на папата:


„Дали нема да се најде макар еден ..., кој веднаш штом овој том(Библија) ќе го земе в раце ..., нема гласно да ме нарече фалсификатор и религиски злосторник, бидејќи поседував умешност нешто во старите книги да придодадам, да изменам, или подобрам?„ - Јероним, предговор кон Новиот Завет, цитирано според А.М. Ritter во„Црквата и историја на теологијата (том 1) погл.Старата црква стр.181(германнско издание). Исто така кај Ј.P. Migne:Patrologiae cursus completes - series Graeca.
 
поим неам германски бе друже него дај линк од кај го зеде ова на македонски што е пишано
--- надополнето: 29 мај 2013 во 01:15 ---
ахам од јеховини сведоци ок
колку само е неверодостојно ама ок ке оставиме некој поупатен да продискутира
 
Не е од Јеховините сведоци, туку од некоја прахристијанска заедница Универзален живот. Брошурката ја имам кај себе, преведена на хрватски јазик.
 
Не е од Јеховините сведоци, туку од некоја прахристијанска заедница Универзален живот.

Само да појаснам дека оваа верска заеднциа поттекнува од 20ти век и е основана од нивната „пророчица“ Габриеле од Вирцбург која наводно им дава нови откровенија од Исус Христос :)
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзален_живот


Го посочувам ова, за да не се излаже некој дека бидејќи овие го користат името „прахристијани“ демек се некои стари христијани. А како што ќе видите, не се ниту стари, а не се ниту христијани, туку следачи на нивната пророчица Габриеле.
--- надополнето: 29 мај 2013 во 02:25 ---
Дамасус I му нареди на Јероним, кој говореше 7 јазици, да направи еден нов превод на постоечките текстови на латински јазик: „Вулгата„, подредувајќи ги дотогашните текстови во едно ново дело наречено Книга(Библија).

Е тука лежи лагата на Габриелистите. Папата Дамасус 1 не му наредил на Јероним да направи нов превод на Библијата, туку да ги ревидира старите латински текстови (старата Вулгата). Забелешките за многуте варијанти што Јероним ги дава се однесуваат за тие латински текстови кои тој ги критикува дека биле направени од неточни преведувачи и уште порасипани од препишувачи кои, како што вели Јероним, работеле повеќе спиејќи, отколку будно. И затоа Јероним му вели на папата: зошто да не се навратиме кон грчките оригинали и да ги поправиме грешките внесени од неточните преведувачи?
Католичката црква тогаш инсистирала на користење на латинските текстови во нивните богослужби и затоа папата му наредил на Јероним да ги ревидира латинските текстови (со меѓусебно споредување), а Јероним пак затоа му предочува дека тоа не е добра идеја и дека е многу подобро грешките да ги поправи преку грчките оригинални текстови (кои патем во огромен број ни се достапни и денес, над 5700 грчки стари манускрипти од новозаветните документи ;)

Значи Јероним е против превод од превод, знаејќи дека секој превод е чекор подалеку од оригиналот (ова е првата лекција што се учи на филолошки факултет :) Затоа Јероним инсистирал да се наврати кон грчките оригинали на новозаветните текстови. Но бидејќи немал дозвола да ги менува многу старите латински текстови, тој само ги поправил некои од грешките (веројатно покрупните), а генерално текстот го оставил ист. Затоа и ова се нарекува ревидиран превод, а не нов превод.

Сепак овде станува збор само за латинската Вулгата, која не се користи во правењето на сериозните преводи на Библијата. Сериозните преводи се прават директно од манускриптите на оригиналните јазици т.е. од хебрејските за старозаветните книги и од грчките за новозаветните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom