Фото приказна за студентскиот дом Стив Наумов

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Домов би требало (според мене) да си има сопствена тема, да не го мешаме со другите студентски домови низ Македонија.
Најпрво со една сторија, преземена од Тука

Читајте внимателно. :icon_lol:

Студентскиот дом Стив Наумов е лоциран во населбата Автокоманда, под парк-шумата Гази Баба и Природно-Математичкиот Факултет, во Скопје. Домот е составен дел на Државниот Студентски Центар – Скопје, државна институција која обезбедува сместување и исхрана за студентите од внатрешноста. Стив Наумов е најголемиот студентски дом во државата, со капацитет за сместување на околу 2000 студенти. Составен е од бараки стари 40-ина години, нешто понови две машки згради и една женска зграда изградена последна, во почетокот на деведесетите години.
Прв пат го посетив домот есента 2007-ма. Колку и да сте подготвени, уште при првата посета силен впечаток оставаат физичките условите во кои се одвива секојдневието на станарите во Стив; тешкиот мирис од ВЦ-еата кој се шири низ ходниците, полураспаднатиот мебел во собите, малиот број на функционирачки тушеви (2-3) по спрат за околу 70-80 студенти, соби без телефонски и интернет приклучок и сл. Исто така уште од самиот влез забележливи се разните пораки и графити напишани по вратите и ѕидовите на ходниците кои го навестуваат духовниот отпор и обидот на местото да му се даде личен печат и така, преку хумор (а понекогаш и вулгарност) да се неутрализираат негативните аспекти кои најчесто и не зависат од самите станари.
Фотографиите ги портретираат пред се станарите и нивните лични приказни, исто како и условите во кои битисуваат овие млади луѓе, меѓутоа фотографиите постојат како сведоци и опомена за заедничката (не)одговорност и (не)солидарност. Фотографиите може да претставуваат поттик за студентите, но и за нас останатите за преземање одговорност и акција во насока на овозможување и создавање достојни услови за живот.
Дома е приказна која се обидува да навлезе под површината. Приказна за способноста на човечкиот дух за приспособување и истрајност. Приказна за желбата и обидот позитивно да се влијае врз средината во која живееме. Дома е приказна за домувањето и потребата од создавање на место кое ќе можеме да го нарекуваме дом.

image.php.jpg

image.php-2.jpg


Сашко: Јас сум во Стив веќе 4 години и многу ми се допаѓа начинот на живот овде. Ваквиот начин на живот не можете да го најдете ни во еден друг студентски дом. Животот во Стив ти е како да живееш во Америка. Овде владее вистинска демократија.
image.php-3.jpg


Дејан: Кога дојдов немаше ништо во собата. Ако дојдеш пред другите можеш да си најдеш нешто од некоја друга соба, дали полица, маса, столче, што ти треба. Јас најдов нов кревет од соба во која уште немаше никој. Мојот беше искршен па морав да најдам друг.
image.php-4.jpg


Светлана и Зуле: Лани бевме во стан и беше поглупо. Немаш друштво. Слушнавме дека е катастрофа во Стив па отидовме во стан, ама повеќе се дружевме тука, па дури и во читалната тука доаѓавме да учиме. И оваа година се преселивме тука.
image.php-5.jpg

image.php-6.jpg


Христијан: Во собата сме тројца цимери ама во секој момент има барем уште 7-8 души. Работиме 22 саата дневно: спортска, карти, имаме и телевизор. Понекогаш одиме и на факултет, чат – пат. Некогаш не спиеме цела вечер па директно одиме на факултет, а спиеме кога ќе се вратиме.
image.php-7.jpg


Мице: Пет години сум во Стив и со цимерите супер до сега сем во еден случај кога седев со женски, со цимерки. Спиев со девојка ми во ист кревет во женска соба и затоа со цимерки. И не ми оставија добар впечаток, не се слагавме. Лошо одржуваа хигиена во собата. Јас повеќе се ангажирав од нив. И се женски муабети, за шминки, за кармини, главата тапан ми беше.
image.php-8.jpg

Јован: Првата година, една вечер си седиме со цимерот кога почна некој да вика во ходникот. Се скараа едни комшии, цимери беа. Па почнаа да се гаѓаат со столови, па со тегли ајвар и на крајот извадија ножеви и се бркаа низ ходникот. А ние останавме во собата, страв ни беше да излеземе. После дојдоа таму, ги смирија и ги разделија.
image.php-9.jpg


Александар: Многу ‘рчат цимерите во Стив. Јас имам двајца цимери и двајцата хрчат. Ќе престане едниот таман да заспијам ќе почне другиот. Што вика едно дете, каква среќа имав оваа година сите три цимера ми хрчат. А ако се случи во некој момент ниеден да не хрчи тогаш се слуша некој од кај комшиите како хрчи.
image.php-10.jpg

image.php-11.jpg


Борче и Сашко: Запознаваш нови луѓе, шириш нови пријателства.
image.php-12.jpg


Анета: Лани за Божиќ останавме сами со цимерката. Немаше никој во Стив. Кршевме паричка и сe падна кај цимерката.
image.php-13.jpg


Зоран: Стив ти е како цел живот. Тој што ќе успее тука ќе има многу повеќе успех и искуство него ли некој друг што седел во стан. И не е како што некој други го претставуваат од страна – мизерија, тука ќе фатиш болести. Тоа нема врска, нема врска! Има примери и за одлични студенти. Викаат немало услови за учење?! И тоа нема врска! На пријателов тука цимерот има 9,4 просек на биохемија, а седи у Стив.
image.php-14.jpg

image.php-15.jpg


Елеонора: Ние што седиме во бараките имаме бањи и тушеви на 100 метра од тука. Внатре се бањаат и машки и женски. Еден ден си се бањам јас и случајно погледнувам нагоре и гледам типот од соседната бања се качил на чешмата и ме ѕирка од горе. Една минута се гледаме така, јас незнам што да кажам. И наеднаш почнав да викам, да пцујам и типот се исплаши, скокна од чешмата, испадна надвор и избега.
image.php-16.jpg


Ангел: Некој ми ги одлепува рекламните плакати многу често. Изгледа имам конкуренција, сигурно има уште некој фризер во Стив.
image.php-17.jpg


Дарко: Има една добра традиција да се направи нешто, да се изведе некоја глупост за роденден место поклон. Така еднаш еден добар другар го бевме киднапирале за роденден. На излегување му ставивме селотејп на уста, вреќа на глава, па во кола. Го тепавме, го малтретиравме, што не му правевме. Кога го извадивме рече дека ова му е најдобриот роденден до сега. Се беше документирано.
image.php-18.jpg


Сања: Многу ми е убаво во Стив, кога ке го напуштам ќе ми биде многу тешко… Едни од најубавите денови од мојот живот ги поминав овде каде што ја запознав и мојата прва љубов....
image.php-19.jpg


Роберт: Четврта година сум тука во Стив. Откако го донесов сајзерот лани повеќе женски имам фатено, повеќе се палат.
image.php-20.jpg
 
иначе, Христијан е од Виница ..(ех)член на рап-групата ПОТ ( незнам дали сеуште постои, па затоа напишвав ех ) ..
 
Ептен ја нашминкале приказната...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ime
Добра репортажа.It brings back memories from студентски живот.И да,тие шо не биле во Стив мислат се најлошо.Јас не сум седел во Стив ама сум одел некој пат,многу ок си поминав (велам во смисла дружба и колку се ок дечките ако знајме какви им се одредени услови).
 
Сум седел у Стив. Стив е ораториум на студентскиот живот. Таму имаш се само не услови за учење.
Стив беше место на многу дупнати душеци, скршени столови, расипани тушеви, манијакално настроени пешаци, мафијашки посетители со маструбаторски активности, чудни животни низ мензата, илегални бизниси... Али најмногу ме нервираат ( и сега после 4 години од разделбата со Стив) новинари кои ја сликаат приказната за Стив у црно бело со многу пластика, без ниту еден ден поминат у него. И точно е условите беа катострофални,,, И точно е не се осеќавме безбедни .... И точно е Стив ја имаше " Катанга"... Али Стив имаше душа во курот...

И затоа Стив има посебно место во моето срце. Стив ми недостаје многу... Стив е мојата младост... Стив беше и зародиш на мојата иднина...Стив беше место на многу љубов, многу алкохол, многу музика, многу смеа, многу гушки, многу филозофии, многу религии... Мала хипи комуна.
 
Еве уште некоја интересна слика од Стив, ама во боја :)
Ова ти е фрижидер што не троши струја :)
D683A471-27D1-4CFF-AA6A-6D1AC135976F_mw800_s.jpg


92139CA4A574924A94BA9B147FC7FCE6.jpg


studentski-dom3.jpg
 
Ееее тетка Верче и нејзините банички​

22741_269207172410_707562410_3800135_7121678_n.jpg
 
Еве уште некоја интересна слика од Стив, ама во боја :)
Ова ти е фрижидер што не троши струја :)
D683A471-27D1-4CFF-AA6A-6D1AC135976F_mw800_s.jpg
Ууу па овие чел шпаиз го извадиле надвор. Во зимо може добро да дојде :D
 
еве јас сум од друг град и сакам да одам на природно математички факултет во скопје, но поради лошата финансиска состојба ке си останам во мојот град и тоа на друга струка што не ја сакам толку многу, сакам и јас да одам таму, како може да добијам соба нешто, ако може некој нека ми помогне поздрав
 
Викторче е легенда :pos:
Во читална тоа пред 2 години беше, само се слушат гитари влегува Виктор со цвеќиња , клекнување на колена пред девојчето .... да скратиме не беше расположено девојчето за романтика :pos:

Ееее тетка Верче и нејзините банички​

22741_269207172410_707562410_3800135_7121678_n.jpg
Верка е институја во Стив, од 7х -та работи тамо, такви банички нема никаде на светот , многу јака постапка имаше за хот дог коа правеше :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom