Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
А

Ајсшутер

Гостин
ФИА го објави календарот за Светското првенство во Формула 1 за следната сезона 2009 година,каде што немаше големи промени.
Исто така циклусот нема да заврши на Интерлагос, туку последна трка ќе биде во Абу Даби каде ќе се вози Наградата на Соединетите Арапски Емирати.

Распоред.​


1.Австралија 29 март
2.Малезија 5 април
3.Кина 19 април
4.Бахреин 26 април
5.Шпанија 10 мај
6.Монако 24 мај
7.Турција 7 јуни
8.Велика Британија 21 јуни
9.Германија 12 јули
10.Унгарија 26 јуни
11.Валенсија 23 август
12.Италија 13 септември
13.Сингапур 27 септември
14.Јапонија 4 октомври
15.Бразил 18 октомври
16.САЕ 1 ноември​
 
Ехее, рано е, нема ниту недела откога заврши првенството. Да почекаше барем да се претстават болидите и тимовите кои ќе се натпреваруваат догодина.
 
Знам дека е рано ама традиција е темава да се отвара на 11-11 тогаш 07 сега 08 бидејки стално денеска ги објавуваат трките ако е сеуште рано може канта :)
 
Не дека денес ги објавуваат, туку уште се свежи спомените од минатонеделната трка, па можат да се пренесат на оваа тема а тие не се за оваа сезона.
Сепак, си има подфорумов модератор, тој ќе одлучи. :)
 
Темава ке почека уште малку, ке ја отклучам онаа за сезоната 2008. Инаку календарот е супер, ке остане со мали модификации на првиот пост, па кога ке има и представување на болидите, официјално и темата ке проработи. До тогаш... Ф1 сезона 2008.
 
F1 сезона 2009

51wojo.jpg


Во новата сезона, новиот систем правила во Формула 1 предвидуваат возачот со најмногу победи да биде крунисан за нов Ф1 шампион, а не како досегашната пракса - возачот со најмногу поени.

Поените ќе бидат значајни доколку двајца возачи имаат еднаков број на победи, при што би се броеле поените за да се одлучи првакот во Ф1. Интересно е што доколку овие правила важеа минатата сезона, Фелипе Маса ќе ја однесеше титулата за сметка на Луис Хамилтон кој на крајот на сезоната имаше помалку победи од младиот Бразилец.

Повеќе ...
Што мислите, подобар ли е начинот на ваквата одлука за прогласување на оваа правило, за шампион да биде оној што имал највеќе победи ?
 
pa podobro vaka..sekoj ke saka da pobedi ke ima poveke borba
 
БИ требало да им годи на Ферари :zlo: Бољи е вака.. (според мене..)
 
Ја поебаа сезоната поради ова... Лани Хамилтон имаше 6 победи, Маса 7, а титулата отиде во Мекларен. Највероватно ја вртат работата кон Ферари.

Инаку, 100000% попаметно ке им беше да го вратат стариот начин на бодување 10 бода за прво, 6 за второ, 4 за трето, или да смислат некој нов со кој победникот ке зема пр 13 или 15 бодови со што ке се добие на натпреварување. Вака, некој може да има 9 победи на првите 10 трки и да речи кој ве еба чаос, јас појке не возам, титулата е моја, па да нема потреба да се гледа остатокот од сезоната.
 
Стариот начин е подобар. Некои што по стариот систем би можеле да имаат шанси за титулата со 2-3 освоено место би го немале тоа право со новиот систем а и нема да биде толку интересно.:toe:
 
Није добро.

Много бољи систем је онај који је ФОТА предложила да се за прво место добија 12 а друго 9 треће 7 четврто 5 пето 4 шесто 3 седмо 2 и осмо 1 бод. Али је ово нажалост одбијено и донешена је ова скандалозна одлука.
 
Бах, ја сјебаа сезоната.
 
Значи...победите или постојаноста...тоа е борбата!
Јас сум за победите!
 
Значи...победите или постојаноста...тоа е борбата!
Јас сум за победите!
Не е баш така... можеа да дадат 15 бода за прво, 10 за второ место... ете ти ги бодовите и од победа и од постојаност. Ова вака малку ја ебава цела концепција на Ф1. До сега немало вакво правило.

Дека треба да има повеќе престигнување, поголема борба за места... треба, тоа го немаше. Но, на овај начин нема ништо да подобрат. Подобро да го вратеа стариот начин на бодување до 6-то место, каде за 1-во даваа 10 бодови, за 2-ро 6 бодови, 3-то 4 бодови и тн.
 
Ovoj nacin e sega podobar bidejki ako ostanese kako minata godina ke moze vo poslednata trka da kalkulira toj sto e vo trka za titulata gluposti
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom