T
theTinule
Гостин
Поради себе. Да не се заборави. Да се знае, да не се повтори. Потпиши се за РЕКОМ.
КОНЦЕРТ ЗА РЕКОМ
29 мај (недела), Градски парк – ШКОЛКА
12 – 17 часот
Настапуваат:
ФОЛТИН
БЕЈ Д ФИШ + Ола Диос
ДЈ Ивана Низамовска (Радио МОФ)
ДЈ Филип Славковски (Радио МОФ)
Коалицијата за РЕКОМ, Младински образовен форум и Радио МОФ, ве покануваат да присуствувате на концертот на РЕКОМ, во недела (29-ти мај) на Школка во Градски парк, од 12 до 17 часот.
Овој настан се одржува по повод собирањето потписи за формирање на Регионална и независна комисија (РЕКОМ) која има за цел да ги утврди и јавно изнесе фактите за воените злочини и другите тешки кршења на човекови права, почнувајќи од 1991 година до 2001 година на просторите на поранешна Југославија.
Со музичка поддршка на оваа иницијатива ќе настапата двата најактуелни музички бендови во земјава, Фолтин и Беј д фиш (со Ола Диос), како и двајца ди-џеи од Радио МОФ, Ивана Низамовска и Филип Славковски.
Коалицијата за РЕКОМ е неполитички регионален собир на организации од граѓанското општество. Ја сочинуваат мрежа на невладини организации, здруженија и поединци/поединки кои ја застапуваат и афирмираат Иницијативата за РЕКОМ, за основање на Регионална и независна комисија со мандат да ги утврди и јавно изнесе фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права, како и да придонесе кон расветлување на судбината на исчезнатите, во војните 1991 - 2001 година на подрачјето на некогашната СФРЈ.
РЕКОМ досега го поддржаа и претседателите на Србија и Хрватска, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ, црногорскиот премиер Игор Лукшиќ и претседателот Филип Вујановиќ, Собранието на Црна Гора, Европската комисија, Европскиот парламент како и бројни јавни личности во регионот.