H
^HITMAN^
Гостин

Firewall - Oгнен ѕид е безбедносна направа која е конфигурирана да дозволува или да забранува конекции според безбедносни политики, која што функционира во мрежни околини. Постојат така наречени зони на доверба (trust zones, hign trust zones) и во нив спаѓаат мрежи на кој може да им се верува како на пример внатрешните локални мрежи и зони на недоверба (no trust zone) како што е Интернет мрежата. Главната цел на firewall-от е да се има контрола врз сообраќајот што се одвива помеѓу зоните од различно ниво на доверба и се тоa функционира преку сигурносни полиси (security policy) и конекции базирани на моделот на привилегии (least privilege). Поедноставно дефиниција би било дека firewall е еден вид на компјутер со две мрежни карти (една влезна и една излена) на кој има инсталирано свој оперативен систем со софтвер и служи за заштита од различни напади или пак контролирање на сообраќајот во мрежите. Исто така постои и софтверски firewall кој претежно е наменет за домашни корисници како многу едноставна заштита од Интернет напад и препорачливо е да функционира напоредно со некој вид на антивирус.
Се зачудив кога видов дека на форумов не постои соодветна,добро објаснета тема за дискусија за Firewall па решив да ја отворам. Ајде овде, кој колку знае за Firewall, дали го сфаќате сериозно и дали секогаш ви е уклучен, кои подесувања ги конфигурирате, кое ниво на безбедност ви е ставено...