ФДУ. Еден од најдобрите универзитети за уметноста во државава. Ама ме интересира зошто камера и монтажа да имаат уписи на 4 години. Не е фер, знам дека примаат толку колку што им требаат (за да им најдат работа после дипломска) ама сепак ако го прават факултетот нека го прават како што треба. Сакав да се запишам на монтажа ама 4та година сум и ми киднаа уписите за 1 година... тапа моабет. Пробав на ЕСРА за монтажа да бркнам стипендија и тоа срање (неработеле дечките со стипендиа од тој смер), а реално да глеаме 2000 евра не се малце за година. Дојдов до некоја минимална сума од 1500-400 евра ама пак кај ќе ги најдам, моите не се во состојба да ми помогнат и кој кур, пак ништо... Па ајде викам на драмски ќе одам за продукција, приемен со 3 испита, кај да почнам, околу на околу знам нешто малце од малце за продукција (ќе пробам сеа нешто и со Жаре од еден на еден да направам као малце да ме поднаучи да одам кај него во продукција као на обука нешо ако биде топ), ама што бараат на приемните, знам дека примаат многу мал број на студенти и ако не се спремам да влезам како што треба најубаво ќе биде уште од сеа да баталам се... Ако има некој малце да ме упати или ако е веќе на ФДУ некако да ми помогне нека пише нешто, ќе му бидам многу благодарен.