Факултет за безбедност и финансиска контрола

  • Креатор на темата Креатор на темата sm1le
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, мене ме интересира ако знае некој, зошто ја разгледував веб страната на факултетот за безбедност, и наидов на интересни смерови за последипломски студии... Јас студирам на психологија, и ме интересира дали единствен предуслов да се запишам на постдипломски на овој факултет е да имам освоени 240 кредити од додипломски студии, или ќе треба и да дополагам предмети и слично, зошто нели, не сум завршила додипломски на овој факултет? Инаку заинтересирана сум за смеровите криминалистика и за форензични науки... Ќе ви бидам благодарна ако некој знае да ми одговори. :)
 
Дали има нешто слично во Македонија било факултет курс или обука за Безбедност за работење во полиција,гранична полиција таква работа ?
Дали некој знае дали има такво каде што може да се изучи или по потреба е само ?
 
Има факултет за безбедност во Идризово под битолскиот универзитет,има факултет за детективи и безбедност на ФОН и кај газда Бојо на ЕУ.Никој од нив не ти гарантира дека ќе бидеш припадник на безбедносните служби,ама ќе имаш диплома.Инаку за обичен полициски службеник треба да имаш средно обрзование и јаки врски(партиски) и да објават конкурс како што имаше летово.
 
Дали курсот е секоја година или по потреба кога треба тогаш објавуваат и што треба да бидат спремни тиа што одат гледам склекови ваму наму дали знаеш ?
 
Ако ти е за на граница да работиш оди учи во охрид за транспорт и шпедиција и вработи се на царина. никогаш нема да зажалиш и дури ќе ти биди ќеф да работиш по 2 смени во денот ;)
 
Некој нешто дали знае во врска со безбедност за работење како инспектор цариник во полиција .. ?
 
Некој нешто дали знае во врска со безбедност за работење како инспектор цариник во полиција .. ?
Тоа што ти одговорив другар,тоа е.За да бидеш инспектор треба да завршиш факултет и тоа било каков,такви се времињата ако имаш врски не е проблем,за цариник имаш факултет во Охрид,ти одговорија мислам за тоа,а за полицаец објавуваат конкурс кога ќе имаат потреба за тоа,годинава критериумите беа најмалку 10 повторувања на вратило,55 слекови,60 стомачни,3,2 км за 13 и нешто минути.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom