Европарламентарците бараат забрана за влез на Путин во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
Европарламентарците бараат забрана за влез на Путин во ЕУ


Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се соочи со забрана за влез во земјите од Европската Унија ако се прифати предлогот на европратениците, кои завчера во Европскиот парламент, побараа воведување силни санкции против Русија, вклучувајќи забрана за издавање визи за високи државни службеници, пишува „Политика“

putin%5B24%5D.jpg


Белградскиот весник наведува дека гневот на европарламентарците е предизвикан поради многу лошата состојба во судството во Русија. Во резолуцијата усвоена во оваа пригода било нагласено незадоволство на Европејците за текот на судскиот процес против поранешниот олигарх Михаил Ходорковски и неговиот соработник Платон Лебедев, осуден на 14 години затвор.

Руските власти беа критикувани за апсењето на опозицискиот лидер Борис Немцов, на 31 декември минатата година, по протестниот митинг што се одржа со дозвола на владата во Москва. Во резолуцијата, исто така, се вклучени и критики за состојбата со човековите права во Северен Кавказ, слабостите во истрагите за убиствата на голем број руски новинари, како и неефикасноста во решавањето на причината за смртта на Сергеј Магнитос, адвокат на инвестицискиот фонд „Ермитаж“, кој, под мистериозни околности, почина во ноември 2009 година во самица во притвор.

Од друга страна, Андреј Климов, заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Руската дума, порачал дека таквата резолуција најверојатно е донесена по инсистирање на руските опозиционери, кои престојуваат во Европа.

- Кога се предлагаат такви резолуции без конкретен повод или без повик за дијалог меѓу Русија и ЕУ, се создава впечаток дека европарламентарците едноставно немаат попаметна работа - нагласил Климов.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21911857107&id=11&prilog=0&setIzdanie=22211
 
Браво за Нова Македонија Путин претседател , БРА-ВО

Кога се предлагаат такви резолуции без конкретен повод или без повик за дијалог меѓу Русија и ЕУ, се создава впечаток дека европарламентарците едноставно немаат попаметна работа - нагласил Климов.

немаат
 
toa e parlament- sekakvi“budali- “ bi mozhele sekakvi izjavi i baranja da davaat.So ogled na silite vo parlamentot i mozhnosta da se prifati takov predlog -predlogot mozheme da go sortirame vo oblasta „Veruvale ili ne“- ili zabava za shiroki narodni masi-od tipot Ambi bajram- koka kola.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom