Eволуцијата на Т‘га за Југ

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување

Подобар начин на затворање и заштита?

  • Плутена тапа

    Гласови: 28 80,0%
  • Навојни ‘капачиња‘

    Гласови: 7 20,0%

  • Вкупно гласачи
    35
,,Што постаро вино тоа подобро,,- е голема заблуда. Напрсти се бројат вината во светот кои со стареењето добиваат на квалитет. Во Македонија немаме такво вино кое со годините би добило на квалитет. Затоа ништо не менува дали виното ке се затвори со плута или со капаче на вртење, битно е да не пропушта воздух за да го издржи периодот од година две за кој период треба да биде испиено. Исто ке биде и ако се затвори со некоја евтина плута како што беше до пред некое време. Мора да се испие што побргу. Винариите од македонија мака мачат доколку им остане вино од претходната реколта, никој од страна не сака да го купи, сите бараат од тековната реколта. Неможе за 100- 200 денари да си правиме филм. Плутата ни прави само филм кој сега ете завртката ни го расипува, со плутата се чувствувавме дека пиеме нешто екстра а завртката не враќа во реалноста а реалноста е дека тоа вино ка ко и сите други наши вина е за широки народни маси и дали ке биде тетрапак или со плута не менува ствар. Тиквеш сепак во балкански рамки е лидер по квалитет.
 
Која е цената на ова од 3l и каде се купува, го има по големиве маркети?
 
Да дадам мое мислење...Имав прилика да имам некое искуство со вина...
Прво, во право се сите што наоѓаат разлика во квалитет на старата Тга и новата. Лично сум дегустирал на маса ( заедно со други луѓе кои исто се разбират во вина ) истовремено стара и нова Тга. Разликата е неоспорна и квалитетот е во корист на старата Тга.
За ова имам подоцна зборено со еден од директорите на Тиквеш, кои ја потврди оваа разлика. Друго што кажа, дека има разлика и во составот, а и во технологија ( да не испадне анегдотата што во Кавадарци ја кажуваат за некои бивш директор што рекол “ кој од кило грозје не вади мин. кило вино, не е за винар“ )
 
Се регистрирав на форумот само за да одговорам на некои од прашањата на оваа тема :)

Имено, постојат евтини и скапи затворачи и како што претпоставувате земајќи ја цената на Т'га за југ во превид, истата се затвораше со евтини плутени затворачи затоа што до сега немаше друга опција, а плус и да не збориме што значи во производствената линија да направиш промена (колкава и да е таа). Ваквото затворање со евтини затворачи има лоши последици по квалитетот на виното (секако во одреден процент, не севкупно).

Од таа причина е преминато кон затворање со навоен затворач кој што нам ни смета пред сè од емотивни причини, а не и од практични/реални причини (промена на квалитет и сл.).

Светската практиката кажува дека вината за брза потрошувачка (во првите година две од производство) како што е Т'гата за југ се затвораат со навојни затворачи, а додека пак оние вина кои се наменети за одлежување се затвораат со плутени затворачи (Барово, Бела Вода, Alexandria Cuvee....)

А што се однесува до Т'га за југ во кутија, квалитетот е ист како и во шише, а разликата е во тоа што во кутија виното е поевтино за повеќе од 30% т.е. тоа кошта ~600денари, а 4 Т'га за југ се околу ~900-1000 денари. Нели логично е дека 1 кутија е поевтина за набавка од 4 стаклени шишиња.

Дисклејмер: Соработувам со Винарија Тиквеш, од таму и ги знам овие податоци :)


Поздрав,
Биба
 
Светската практиката кажува дека вината за брза потрошувачка (во првите година две од производство) како што е Т'гата за југ се затвораат со навојни затворачи, а додека пак оние вина кои се наменети за одлежување се затвораат со плутени затворачи (Барово, Бела Вода, Alexandria Cuvee....)
Интересно истово го прочитав на нивната страна, скоро до збор слично :) А викаш дека само соработуваш.Ако е така ептен си верувате.
Да побараме примери од познати или просечни винарии во странство, не верувам да среќаваме такво затворање.Кај нив прво поинаков е стандардот и не им дошло да кратат по едно евро од шише за квалитетна плута.Од друга страна, новите затворачи се доста поефтини, а цените останаа исти или со мали зголемувања.Да не почнувам за исплата на кооперантите...


А што се однесува до Т'га за југ во кутија, квалитетот е ист како и во шише, а разликата е во тоа што во кутија виното е поевтино за повеќе од 30% т.е. тоа кошта ~600денари, а 4 Т'га за југ се околу ~900-1000 денари. Нели логично е дека 1 кутија е поевтина за набавка од 4 стаклени шишиња.Дисклејмер: Соработувам со Винарија Тиквеш, од таму и ги знам овие податоци :)

Поздрав,
Биба
Невозможно е квалитетот во тетрапак и во стаклена амбалажа да е идентичен, од проста логика.Исто како и пакувањето во пластика.Единствено разумно објаснување е кратење трошоци.
Друго, ако сакам да уживам во виното ќе земам секако во стакло.Ако сакам да се начукам ради реда, нема да пребирам секогаш постојат ефтини опции.


За политиката на Тиквеш еве еден контра муабет од погоре:
Да дадам мое мислење...Имав прилика да имам некое искуство со вина...
Прво, во право се сите што наоѓаат разлика во квалитет на старата Тга и новата. Лично сум дегустирал на маса ( заедно со други луѓе кои исто се разбират во вина ) истовремено стара и нова Тга. Разликата е неоспорна и квалитетот е во корист на старата Тга.
За ова имам подоцна зборено со еден од директорите на Тиквеш, кои ја потврди оваа разлика. Друго што кажа, дека има разлика и во составот, а и во технологија ( да не испадне анегдотата што во Кавадарци ја кажуваат за некои бивш директор што рекол “ кој од кило грозје не вади мин. кило вино, не е за винар“ )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom