Eurovision Song Contest (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Слабо пратам ама Италија од како се врати праќа квалитетни песми не глупости како другиве
Нормално кога го праќаат победникот од Сан Ремо. Другиве праќаат ојлевци и дојлевци само за да истераат политика.
 
A Јужната циганска република што пуштија дете да ги каже 12те поени? Сериозни беа?
 
Добра да, за на златно славејче, Германците исто бедотија.

Хаха, не си ме разбрал. Уствари јас не сум појаснил. Тоа "добра песна" се однесуваше на британската од филмот, дел од цитатот е. Мислев на она 0 поени дека се оствари. Инаку далеку беше од добра песна ова.
 
Кој победи? Ние тука не фаќаме Евровизија :(
... па и ние тука не фаќаме, ама само спортски настани каде учествуваме и ја преставуваме нацијата со успеси и победи, немаме пари за конект, ама за Евровизија мора да се најде, кичот е поважен од здрав дух во здраво тело,

инаку типував за Италија и таа победи, критериумите на публиката беа и мои, а не политички, елџибистички итн...така да заслужена победа!
 
педери и шабани
тоа целната интересна група на евровизија
ја не знам друг некој да се интересира за овој настан
проблемот е што овие две групи не се поднесуваат
 
Тоа е од што праќаат мизерии да ги претставуваат, имаат сосема солидни пејачи и групи кои би можеле да учествуваат од светски калибар, не би ги набројувал претпоставувам сите ги знаете.

Ваљда сите ги оценуваме по она што праќаат, а не по тоа што можеби, можеле да го пратат.


Инаку, Италијанецов демантирал дека мавал линија, изгледа се наведнал по некое шише што му паднало. :D
 
Италија е единствена од државите од "големата петорка" која постојано има добри пласмани. Заслужено, пошто најчесто имаат добри песни.

Германија некогаш знае да изненади, имаа и победа со Лена. Франција откако гледам Евровизија прв пат да има шанси за победа. До сега мислев дека тие, Британија и Шпанија и ремек дело да пратат пак ќе бидат при дното. Британците пробаа еднаш и со звучно име кога ги пратија Blue и пак ништо не направија. Шпанија некогаш има океј песни и ми е чудно што цело време се доле.

Покрај нив гледам и Ирците почнаа да допираат дно. Биле последни во првото полуфинале, единствени зад наш Васил. А уште се најуспешна нација на Евросонг по број на победи.
 
Инаку, Италијанецов демантирал дека мавал линија, изгледа се наведнал по некое шише што му паднало. :D
По ФБ има објави дека зборувал на телефон, па се наведнувал да чуе ли, да каже нешто :)
 
Ваљда сите ги оценуваме по она што праќаат, а не по тоа што можеби, можеле да го пратат.


Инаку, Италијанецов демантирал дека мавал линија, изгледа се наведнал по некое шише што му паднало. :D
По ФБ има објави дека зборувал на телефон, па се наведнувал да чуе ли, да каже нешто :)
Со рацете стега палци во моментот, а масата оддалечена 1 метар од него. Ако шмркал, тогаш линијата морала да лебди во воздух! Или некако телекинетички да ја доближал до носот. Или многу јак шмрк има. :D

Кажа дека имало скршена чаша, се наведнал да види со стаклото да не се исече некој. И тој другиот не го клоца него, туку овој го клоца стаклото.

Не знам, не велам дека сум 100% сигурен, ама ако загледаш убаво, ќе видиш дека врска нема тоа за кое го обвинуваат.

И не, не е педер типот.
 
По ФБ има објави дека зборувал на телефон, па се наведнувал да чуе ли, да каже нешто :)

Кај пак сега и телефон виделе? Во право се со песната, стварно луѓето свашта си зборат. :D

Има фотки од масичката, како уствари е мала и не ни стига до него, а и долу стварно има искршено стакло кај нив. Ме мрзи да ги барам. Децата пишале на инста дека се против дрога и дека би се тестирале. Ама тетоважи, рок, ајлајнер и штикли, и одма сите дрога шмрка.
Јас сум изненадена и со тоа што ги реметат за изгледот. Добро, рок бендови од 70-80ти не ни виделе луѓево досега? Штикли на маж, сериозно, ко нешто ново да е. Бог да чува.

Педер или не, мене не ми менува ништо. Типот буквално грмеше на сцена, има извонредна енергија и камо нашиве пеачи да изведат таков перформанс полн со самодоверба, некогаш и некаде. Препривлечен став има дечкото, алал да му е, топ артист.
 
Јас сум изненадена и со тоа што ги реметат за изгледот. Добро, рок бендови од 70-80ти не ни виделе луѓево досега? Штикли на маж, сериозно, ко нешто ново да е. Бог да чува.
Мене ми наликуваа на KISS, уште ѕвезди по лицето да имаа :)
Супер си беа, што викаш, не виделе рок бенд :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom