Ердоган: Франција не може да го спречи членството во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Франција не може да им попречи на залагањата на Турција за членство во ЕУ, изјави синоќа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по повод барањето на Париз во документот за преговорите меѓу Анкара и ЕУ да не се употребува терминот „присоединување“.
По барање на Франција од декларацијата на министрите за надворешни работи на ЕУ за стратегијата на Унијата за проширување во понеделникот беа отстранети термините „присоединување“ и „членство“ во врска со Турција.
Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека не може да го прифати полноправното членство на една муслиманска земја во ЕУ.
„Ако Франција смета дека со поддршката на неколку земји може да го спречи присоединувањето на Турција во ЕУ, тогаш таа греши“, нагласи Ердоган.
Турскиот премиер наведе дека Турција останува и ќе продолжи на патот кон членство во Унијата.
Според Ердоган, францускиот претседател испраќа различни пораки во зависност од тоа дали говори со Турција или пак на друго место.
Ердоган нагласи дека ЕУ не може да ги менува правилата во средината од мечот, алудирајќи на барањето на Саркози Турција да прифати привилегирано партнерство наместо полноправно членство.
 
Полумесец'т има место в Европа и то е на небето.Думи на Волфганг Шусел(Австрија ). Та не е само Франција.На Немците с'што им писна да плаштат социални на вечно бременни туркини в'в шалвари които за цјал живот там не са научили десет думи на немски.Тези хора не могат или не желајат да се интегрират.Какво остава за самата Турција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom