„ЕР Лифт сервис“ е нов редовен авиопревозник

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Македонија доби нов редовен авиопревозник. „ЕР Лифт сервис“ е домашната авиокомпанија што доби одобрение од државата дека може да биде редовен авиопревозник на 6 авиолинии, Дизелдорф, Цирих, Виена, Брисел, Рим и Истанбул.

Раководството вели дека новата дозвола значи поголеми бенефиции кои можат да донесат и поевтини авиобилети.

„Добиваме подобри услови во странство, повеќе привилегии“, изјави Ајан Џаферовски, „ЕР Лифт сервис“.

Новиот статус ќе значи и поголеми обврски кон клиентите. Во „ЕР Лифт“ ја комплетираат флотата со уште еден „Боинг 737“, а за летниот шпиц најавуваат уште два авиони.

„Исполнил одредени услови за да стане редовен авиопревозник, меѓутоа со тоа има и обврски и со еден патник, мора да се лета“, рече Стево Стефановски, пилот на „ЕР Лифт сервис“.

Во агенцијата за цивилна воздушна пловидба велат дека „ЕР Лифт“ добил одобрение за редовен авиопревозник бидејќи ги исполнил строгите меѓународни стандарди за безбедност и континуитет во авиооперациите.

За да го комплетира процесот компанијата ќе треба да добие дозвола и од странските воздухопловни власти за саканите дестинации, но разликата е во тоа што сега зад нив стои и државата како гарант дека се квалитетна авиокомпанија.

Во АЦВП информираат дека се разгледуваат барањата за редовни авиопревозници уште на две домашни авиокомпании, „МАТ Ервејс“ И „Монтер“, како и на повеќе странски авиокомпании.

Извор

Кои се баткиве? Дајте нешто подетални информации ако имате, од каде, како, што, колку :)
 
Не прашувај...Тешка катастрофа се имаат еден 25 години стар боинг 737 немаат ни асален веб сајт. Картите ги продаваат битпазарски на тезги само.Се работи Некоја малоречанска компанија што леташе само за албански гастербајтери од Германија и Швајцарија.
Цените ми се отров 300+ евра за било каде. Имам еднаш само летано со нив после секогаш со други зошто сите се поефтини од нив а услугата им е подобра. Јадење и пиење се се наплаќа во авионот.
Незнам која глупост е ова. Подобро да нема национален превозник, нека се оди со субвенција на директни линии од ова ѓубре.
 
Значи џабе од мојата надеж дека најпосле ќе имаме ефтина авиокомпанија од Скопје :)
 
Не се надевај на Ер Лифт/СкајВингс 2пати полоши се од МАТ. Ова е катастрофална грешка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom