Ендокардитис

  • Креатор на темата Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување Време на започнување
R

Roten 96

Гостин
Лекување ме интересира оваа болест што ја предизвикува и се останато.....
 
Ти најдов една статија од дневник::


ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Микроорганизмите ја воспалуваат внатрешната обвивка на срцето

Болеста почнува со нагло покачување на температурата, треска, болки во мускулите и во зглобовите, губење на телесна тежина и слабост и изнемоштеност



Инфективниот ендокардитис е инфективно-воспалителна болест на внатрешниот ѕид на срцевите шуплини - ендокардот, со најчеста локализација на срцевите залистоци. Има повеќе причинители за инфективниот еднокардитис, а најчести се: бактериите, габите, вирусите, рикециите и други микроорганизми. Инфективниот еднокардитис најчесто се среќава кај пациенти со променети залистоци, во последно време и кај голем број на зависници. Како најчести причинители на бактерискиот еднокардитис се бактерии од групата на стрептококи (viridans, piogenes, pneumonie), од групата на стафилококи (aureus), neiseria gonorrea и meningitides, hemofilus influence, грам-позитивни бактерии, како и габите кандида и хистопласма. Кај повеќе од 50 отсто од пациентите предизвикан е од стрептококи.

Инфективниот ендокардитис е најчесто локализиран на залистоците на левото срце - митралната и аортната валвула, поретко е зафатено десното срце, во услови на вродена срцева мана, зависници од дрога, ретко во услови на имплантиран пејсмејкер и десна срцева катетеризација.

Бактерискиот еднокардитис има акутен и субакутен тек. За да се развие бактериски или инфективен ендокардитис многу важна е патогеноста на бактериите, отпорноста на пациентот и степенот на оштетување на срцевите залистоци. На вака променети залистоци се лепат и размножуваат колонии на бактерии-вегетации. За акутен бактериски ендокардитис не мора секогаш да постои оштетување на срцевите залистоци, додека субакутниот најчесто се јавува кај вродени и стекнати срцеви мани.

Акутниот бактериски ендокардитис се манифестира со воспаление на срцевите залистоци, како и на вештачките залистоци, од инфекција во тек на продор на бактериите во крвта - бактериемија или како компликација по хируршки интервенции на срцето при вградување на вештачки залистоци и пејсмејкери. Најчести предизвикувачи се стафилококи - 73 отсто, пневмококи, бета-хемолитични стрептококи и грам-негативни бацили. Почетната инфекција обично се наоѓа надвор од срцето, во белите дробови, кожата, половиот систем, по стоматолошки интервенции, но често не се знае изворот на инфекцијата. Постојат три битни фактори за појава на ендокардит: бактерии во крвта, способност на бактериите за размножување на залистоците на срцето и оштетување на површината на залистоците, која овозможува развој на бактериски колонии.

Акутниот бактериски ендокардитис најчесто ја зафаќа левата страна на срцето, а кај наркомани воспалението се локализира во десното срце. При ова воспаление најчесто се оштетуваат митралните и аортните залистоци, со можност за откинување на делови од бактериските колониите и развој на тромеболиски компликации што го загрозуваат животот. Почетокот на болеста е бурен, но неспецифичен - нагло покачување на температурата, треска, болки во мускулите и во зглобовите, губење на телесна тежина и знаци за општа слабост и изнемоштеност. Во првата недела од болеста се појавуваат срцеви шумови, а во некои случаи и знаци на срцева слабост, со тромеболични компликации и појава на црвени петна по кожата. При бактериски ендокардитис на десното срце се јавува воспаление и многубројни апцеси во белите дробови.

Кај пациентите со субакутен бактериски ендокардитис воспалението се јавува на променетите срцеви залистоци, кај вродени срцеви мани и вештачки залистоци. Во 90 отсто од случаите овој тип на ендокардитис е предизвикан од стрептококи, во 25-30 отсто од стафилококи, пневмококи и многу ретко од гонококи. Се среќава кај болни кај кои е поставен катетер, по едноскопски прегледи, хируршки интервенции и други. И кај овој тип на ендокардитис се појавуваат вегетации од бактерии со различна големина, со чести тромеболичните компликации на мозокот, слезината, бубрезите, екстремитетите, белите дробови, со формирање на гнојни колекции.

Проф.др Лазар Србиновски


#
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom