Emit Knowledge нова друштвена мрежа

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Ќе може ли друштвена мрежа посветена на знаењето да стане хит меѓу корисниците и да ги замени Facebook, Twitter, LinkedIn и другите мрежи на кои секојдневно сме преплавени со информации кои немаат никаква вредност? Прашањето им го поставуваме на софтверскиот инжинер Марјан Николовски и веб програмерот Сашо Михајлов, основачи на новиот македонски стартап Emit Knowledge, кои велат дека друштвените мрежи треба да креираат заедници.
Што е Emit Knowledge?

EmitKnowledge е друштвена мрежа чија основна и единствена цел е да овозможи споделување и консумирање квалитетна содржина, споделена од корисниците.
Велите дека мрежата ќе се базира на квалитетни информации и социјализирање. Зарем тоа го немаме веќе на другите друштвени мрежи, кои иако се претрупани со информации, сепак зависи од корисникот кои информации ќе ги следи и споделува?

За разлика од останатите друштвени мрежи кои се од општ карактер и каде секојдневно се споделуваат разни содржини, EmitKnowledge тежнее да изгради заедница од корисници кои се расположени да учат и да споделуваат знаење.
Идејата е корисниците да ја користат платформата за социјализирање врз основа на заеднички интереси кон одредени области и споделување содржина од области од кои самите корисници имаат одлично познавање.
Кои функционалности нуди Emit Knowledge, конкретно да го споредиме со најпопуларните Facebook и Twitter?

EmitKnowledge го стартувавме со основни функционалности кои треба да придонесат за полесно поврзување и споделување содржини. Во тековната верзија нудиме шест апликации и пребарување:
Stream - Апликација која ги прикажува последните содржини објавени од корисникот и овозможува споделување содржини. Постојат три типа на Stream:
  • My stream: Содржина споделена од корисниците и RSS-ите на кои сте претплатени;
  • Global emits: Содржина споделена од сите корисници во системот;
  • My interests: Содржина која ви ја предлага системот согласно вашите интереси;
  • Stream reader: RSS читач на статии споделени од RSS-ите во EmitKnowledge;
Што се однесува до содржината што е видлива на Stream-от, постои можност да се гласа позитивно или негативно за одредена статија, достапно е на увид кој гласал за одредена содржина, споделување на истата на нашиот Stream (Reemit), коментирање, маркирање за подоцнежно читање или пак споделување на содржината на Twitter, Facebook или LinkedIn.
Постојат два начина за споделување содржина:
  • објавување кратка содржина;
  • објавување блог статија;
Inbox - Апликација која ви овозможува да започнете конверзација со останатите корисници на EmitKnowledge. Тековно апликацијата поддржува конверзација ’еден на еден’ и групна конверзација.
Notes - Апликација која служи да си запишете забелешки и да се служите со истите.
Read later - Апликација каде се зачувуваат содржини кои сметате дека се интересни но во моментот немате време да ги прочитате.
Emitters - Апликација каде што ги подесувате вашите претплати. Тука може да пребарате Emitter-и (корисници и RSS-и) регистрирани во системот и да се претплатите на истите. Воедно, апликацијата нуди можност да одлучите дали содржината од одредени Emitter-и ќе ви се прикажува на Stream-от, дали е видлива за останатите корисници и, секако, да ја избришете претплатата од одредени Emitter-и.
Receivers - Апликација која прикажува кои корисници се претплатуваат на вашата содржина.
Видов на профилот дека има опција за Emmitters и Recievers. Кој е што и каква улога игра?

Секој корисник во EmitKnowledge по дефиниција е ‘emitter’. Под поимот ‘emitter’ се подразбира лице кое емитува содржина во системот. Доколку се претплатите на одреден корисник за да ги добивате неговите содржини, тогаш за корисникот на кој сте се претплатиле вие станувате ‘receiver’ на неговите содржини.
Последично, апликациите Emitters и Receivers служат за подесување и преглед на Emitter-и и Receiver-и. Emitters е апликација каде ги подесувате вашите претплати, додека пак Receivers е апликација каде што може да видите кој е претплатен на вашите содржини.
Како ќе гарантирате т.е. се справите со приватноста на корисниците? Дали тие ќе можат да си ја заштитат својата информација од туѓи очи, и зошто не?

Со оглед на тоа дека содржината што се споделува на EmitKnowledge е од информативно-образовен карактер, а не од приватен карактер, истата останува јавна. Сакаме сè што ќе се сподели во EmitKnowledge да биде достапно до сите што имаат пристап до интернет, тоа е дел од нашата мисија.
Што е следното за Emit Knowledge? До која фаза сте на изработката? Колку луѓе сте зад Emit Knowledge?

Со пуштање на EmitKnowledge ја заокруживме првата целина од платформата. Сега влегуваме во втората фаза, во која ќе работиме на подобрување на функционалностите и промоција.
Сепак приказната не застанува тука. Реализирани се само 10% од целата идеја. Периодично ќе изненадуваме со нови и интересни функционалности. Тековно екипата зад EmitKnowledge е составена од двајца софтверски инжинери, дизајнер и секако, нашите пријатели кои ни помагаат во секој аспект од продуктот.
Многу стартапи со кои сме разговарале секогаш размислуваат како да се пробијат надвор од Македонија. Дали и вие така размислувате, или ќе се обидете да ги привлечете македонските корисници на вашата мрежа?

Дефинитивно размислуваме и работиме на тоа да го промовираме EmitKnowledge во светски рамки. Почетокот е секогаш тежок и, се разбира, ќе биде потребно време додека EmitKnowledge „исплива” на површина и стане впечатлив продукт во светски рамки.
emitknowledge1.jpg emitknowledge1a.jpg



 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Аман веќе од друштвени мрежи, дај да направиме една дружба надвор. Вака како тргнало ќе заборавам уште малце и кој ми се комшии..
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Аман веќе од друштвени мрежи, дај да направиме една дружба надвор. Вака како тргнало ќе заборавам уште малце и кој ми се комшии..
Јбг и јас сакам дружба и помалце овие ствари технологија итн. Но интернетот и компјутерот си го прават своето да седиме пред пц и да дремеме и да пишуваме на чет преку фејс и други ствари. Дојде време да не можеш другар ти од дома да го извадиш :cautious: да не можеш да играш фудбал и сл. :гомце: еб* времето у кое живеам :confused:
--- надополнето: 22 август 2012 во 00:22 ---
Ај да не забегувам од темава инаку за оваа социјална мрежа не верувам дека ќе стане нешто попозната а дека ќе ги замени фејбук и другиве попознати жими душава :cautious: Инаку мене најискрено и баш не ми се допаѓа премногу... :)
 
S

Sagan

Гостин
Креирав профил. Сега уште да видам што-како функционира. Визуелно далеку повеќе ми се допаѓа од веќе досадната плава на фејс :D
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Дрољите од сега ќе се соблекуваат за една дефиниција од физика,математика итн.
Тешко
 
S

Sagan

Гостин
Ова би му дошло нешто као Twitter само што наместо твитови најдени според таг, овде искачаат најнови статии... Не ли постои Google search за ваа работа? :D
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Не се бунете сите одма де, убаво е што за промена ова е социјална мрежа направена од Македонци во Македонија... Не се знае, може на долг план ќе успее да се пробие и да имаме нешто корист од неа. Ако се сеќавате и Фејсбук така почна, од социјална мрежа на локално ниво односно на Харвард универзитетот после се прошири низ цел свет...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Добро би било кога би се задржало на емитување на научни и занимливи статии, што би биле од корист!
Ако почне пак за цицките на Сораја, или гзот на Станија, или па британските научници вака, американските така статии.... ништо ич!

Мене ми се допаѓа! А и наше е! (y)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.338
Поени од реакции
6.257
Овоа е наше производство, ама не би го користел, од проста причина што никој не го користи.
И фејсбук го користам поради тоа што сите го имаат, а тука е и чатот, наместо да им давам пари на операторите, овдека бесплатно, пушти му порака на чатот, знам дека ќе ја види.
 
V

Vollstandig

Гостин
Oва му доаѓа како википедија во друштвен стил. Сепак, одлична идеја.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Каква Википедија, каков Фејсбук бе, шо крепи земјава. Побрзо би играл бинго отколку да мислам дека следниот мој проект ќе биди следниот Фејсбук.

Настрана пубертетската претенциозност на авторите.
Најголем проблем според мене им конкретност. Имаат ископирано едно зилион фичри од популарниве социјални мрежи и ги имаат бапнато на едно место, имаше еден македонски збор за ова, а да турлитава беше манџата така?
Значи мрежава не решава никаков проблем (како беше вицот што е Информатичар :D )

Ех колку пропаднати саати има во ова.
 
П

Паган-др

Гостин
Едно големо браво за трудот, ипак наше е, ама тоа е уствари уште една причина плус да не стане популарно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom