Емфизем

  • Креатор на темата Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување Време на започнување
R

Roten 96

Гостин
Ме интересира дали има начин да се спречи оваа болест бидејќи слушам дека немало лек
 
Па се дефинира како трајно оштетување на дишните патишта.ИЛи може да се каже дека е оштетено белодробното ткиво.
 
Мене ми е дијагностициран во почетна фаза, може да се спречи ако не пушиш цигари или не голташ прашина пример како мене.
Лек сега засега нема, алтернативни методи се бронхијални помагала кој не се ефикасни. Исто така јога терапија помага за да го усогласиш дишењето што е најголемиот проблем на оваа болест. Читав за некој дериват од витаминот А е успешно тестиран на глодари во експериментална фаза, но исто така е утврдено дека витаминот А нема никаков ефект кон лечење на оваа болест

Добро е што ако се пазиш доволно може да го зачуваш тоа што ти останало од градите, и да живееш регуларен живот уште долги години.

Под пазиш мислам на итно откажување на цигарите како прво и најосновно средство за да си го продолжиш својот животен рок.
Избегнувај колку е можно пасивно пушење, или пак работа која е поврзана со некакви испарувања кој директно ги иритираат дишните пасишта.

Од мое искуство ќе ти кажам дека никаков ефект не видов од бронхијалните помагала зошто тие и не влијаат директно на болеста, туку се чуствувам многу подобро после откажувањето на цигарите и јога терапијата.

Пробав и еден алтернативен лек во вид на чај од планински тревки но исто и од тој не видов некаков ефект.
Без разлика дали се работи за тебе или пак за друг уште еднаш откажување на цигарите е патот за подолг живот на дијагностициран од емфизем.
 
Имам читано за ова дека е страшна и тивка болест, често ја мешаат со астма.
 
Имам читано за ова дека е страшна и тивка болест, често ја мешаат со астма.
Болеста е фатална..нема лек за неа..само може со низа бронходилататори и некои други лекови да се намали текот на болеста и симптомите.
 
Back
На врв Bottom