El Marginal

Член од
30 декември 2014
Мислења
349
Поени од реакции
436
El Marginal е аргентинска криминална драма креирана од Адриан Каетано и Себастиан Ортега, достапна на Нетфликс. Има добиено голем број национални и интернационални награди (Premios Tato, Premios Martin Fierro, Series Mania Festival...). Првата сезона е излезена во 2016 година, а финалната 5-та сезона излезе на Нетфликс во мај годинава.

El-marginal-Temporada-6-¿Que-fecha-de-estreno-¿Una-secuela.jpg

IMDB

ТРЕЈЛЕР

Претставувајќи се како осуденик, поранешниот полицаец Мигел Паласиос влегува во затворот Сан Онофре под лажен идентитет: Освалдо Пења-Пастор. Неговата мисија е да ја пронајде ќерката тинејџерка на моќниот и корумпиран судија којa наводно билa киднапиранa од мешана мафијашка банда затвореници и чувари од тој затвор.
Откако открива дека девојчето е заробено во област на затворот и се обидува да го постигне нејзиното ослободување, Мигел е предаден и останува зад решетки како само уште еден затвореник. Без сведоци кои го знаат неговиот вистински идентитет и опкружен со најлошите криминалци и убијци, Мигел наскоро ќе сфати дека само со бегство може да си го спаси животот и да си го врати вистинскиот идентитет.


Само што ја завршив 4-тата сезона, ми остана уште петата. Ова е нешто пребрутално :cuc:, дури и јас кој имам желудник за вакви нешта, на моменти ми беше мачно за гледање. Од сезона во сезона е се' подобра и подобра, ликовите (барем најважните) одлично се развиваат, актерската постава и кинематографијата извонредна, но истотака од сезона во сезона станува се' побрутално и поексплицитно.

Од мене огромна препорака, одамна немам гледано нешто толку добро и заразно, а ако и 5-тата сезона се задржи на исто ниво, дефинитивно ми станува една од најомилените серии.
Автоматски споено мислење:

Само што моментално на Нетфликс се достапни само последните две сезони (не знам зошто ги избришале првите три). Првите три сезони ги има на торенти.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom