- Член од
- 12 мај 2015
- Мислења
- 120
- Поени од реакции
- 183
- Возраст
- 47
Знаете, само пред неколку години кога се приближуваше месец Јуни, скоро сите ученици беа радосни поради што дојде летниот распуст. Но денес не е така, денес наместо да се смееме ние се загрижуваме со "екстерното".
Секоја човекова постапка треба да има оправдување, односно цел. Оттаму и онаа позната изјава на Макијавели: „Целта ги оправдува средствата“. Секако, не секогаш целта ги оправдува средствата, затоа постапката може да биде оправдана или неоправдана. Ако сето ова се стави во контекст на екстерното тестирање на учениците во Македонија, се добива ХАОС.
Кога за прв пат, пред 3 години, се спомна овој екстерен тест на знаење на учениците во Македонија, оправдување за истиот беше проверка на професорите преку знаењето на нивните ученици, со цел да се разбие системот на непотизам и корумпираност на професорите. Во ред, сите ние сме биле сведоци на некој таков професор, но ако тестирањето ги допира само професорите, која е мотивацијата не учениците да се покажат на овој тест? Ако оценките од тестирањето не влијаат на успехот на ученикот, зошто тој воопшто би го решавал тестот? Посебно ако професорот чиј предмет го полага не му е по мерак? Значи, ако сакате да го тестирате знаењето на учениците, тестот, односно оценката од истиот мора да влијае на нивниот успех. Три години подоцна, со трет министер за образование, тоа е променето. Оваа година оценката ќе влегува во успехот на учениците. Значи, тестот не е за да ги оцени нив, туку професорите, но мора да влијае и на нивниот успех за да го постигне саканиот ефект и да ја покаже „реалната “ слика. Дали учениците се чувствуваат како колатерална штета во приказнава е сосема друго прашање, но конечно екстерното тестирање доби смисла.
Но, не за долго. Министерството за образование реши да ги понуди сите прашања од сите тестови на интернет! Со ова, неспорно им ја олесни задачата на учениците. Но, дали овој метод навистина може да ги оцени професорите или само способноста и желбата на секој ученик да „набуба“ сув материјал на памет? Каква врска ќе имаат резултатите со квалитетот или пристрасноста на еден професор кога прашањата се јавни? Вака поставен тестот ќе ја оценува само желбата за учење на учениците и мотивационите методи на нивните родители.
Во јавноста се провлече и една друга „придобивка“ од екстерното тестирање. Со помош на овој начин на оценување, учениците се подготвуваат за она што ги чека на факултет! На кој ли му текна ова? Во момент кога на сите факултети во Македонија, полагањето на испитите е сведено на неколку семинарски и колоквиуми, деца од 4 одделение треба да спремаат по 10тина предмети за екстерен тест?!!! Па ако не, да им дадеме на девојченцата од 4 одделени да носат јастуци во маиците, тешки по 10тина кила, за да се подготвуваат за бременост!
Дали некој воопшто се запраша како овој тест влијае на воспитувањето на децата? Знаете училиштата се образовно-воспитни институции, па воспитувањето е подеднакво важно со образованието. А каква воспитна лекција добиваат младите од овој тест? Мама и тато го критикуваат тестот. Професорите го критикуваат тестот. Нивните другарчиња го критикуваат тестот… Сите го критикуваат, но истиот е задолжителен, односно наметнат. Од кого? Од државата, односно од оние кои се на врвот. Значи државата е нешто страно, туѓо, со свои цели и интереси кои може да ги наметне со сила?! Ако е тоа лекцијата, има само две можни реакции:
1. Страв од државата
2. Желба да се дојде на власт за да се наметне својата идеологија врз останатите, сакале тие или не.
Тоа ли е целта? Кога цела Македонија го оценува како негативен екстерниот тест, која е поентата на истиот? Да беше ова некоја друга држава, тестот ќе беше бојкотиран, но во Македонија не оди тоа така. Ние како народ сме многу „кротки“. Историјата е доказ. Османлиите не поробиле 1371 година и ние одма сме им дигнале востание во 1689 година! Па одма уште едно во 1822 година! Да останеа уште 500 години, лом ќе ги направевме!
Но, воопшто не е во тоа поентата. Не е бојкотот вистинското решение. Факт е дека на образованието во Македонија му се потребни промени. Последнив 15 тина години произведува неписмени матуранти (за факултетите да не почнувам). Ни требаат промени, но тоа не значи дека секоја промена ќе делува позитивно на системот, посебно ако при применувањето на истата има екстремно многу грешки. Кога некого го воспитуваш и образуваш со сила, резултатите можат и ќе бидат само негативни.
Екстерното тестирање нема да донесе позитивна промена, затоа што од корен е грешно. Екстерното тестирање само ги измачува учениците и троши средтсва. Екстерното тестирање не ги оправдува средствата, бидејќи нема цел!