Екстензиите водат до трајна ќелавост!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Во последниве неколку години и кај нас стана тренд, да се ставаат додатоци(екстензии) на косата. Иако можеби за тие што сакаат да имаат подолга коса ова е идеално решение а плус изгледа убаво сепак не е здраво за вашата природна коса. Според најновите истражувања ставањето на додатоци на вашата коса, со тек на време придонесува за трајна ЌЕЛАВОСТ! За повеќе информации прочитајте ја статијата подолу.:pipi:
 
Фризурите што во последно време се популарни, со цврсто исплетени плетенчиња, потоа екстензиите и употреба на некои хемикалии за истегнување на косата, можат да доведат до делумно или целосно губење на косата, тврдат научниците.

Фризурите што силно и во тек на подолг временски период ја „затегаат“ косата, посебно во комбинација со хемиските средства со кои се исправува косата, се виновни за тоа што фоликулата кај некои луѓе никогаш не успева да закрепне.

Научниците од Јужноафриканската република направиле истражување во кое вклучиле скоро две илјади возрасни луѓе и деца. Ситните плетенки се многу популарни меѓу младите во Велика Британија, посебно меѓу оние од афро – карипската заедница.

Резултатите на јужноафриканските научници ги потврдиле и од Здружението на британските дерматолози. Тие утврдиле дека скоро секое седмо дете и секоја трета жена страдаат од алопеција предизвикана од претерано истегнување на косата, директно поврзано со фризурите кај кои косата е непрекинато затегната.

Проблемот е уште почест кај луѓето кои со помош на хемиски средства сакаат да ги исправат кадриците. Британските научници утврдиле дека секое петто дете кое направило таков третман, страдаат од опаѓање на косата.

Научниците откриле уште еден интересен факт. Имено, кожата на мажите кои често ја бричат главата е понаклонета кон избивање на акни, бидејќи секојдневното бричење ја оштетува нежната кожа ненавикната на таков третман.

“Најважно е проблемот да се открие во раната фаза, бидејќи кога косата е изложена на затегнување, истегнување или хемикалии во тек на подолг временски период, фоликулите можат засекогаш да се оштетат, а косата на тие места сигурно повеќе нема да расте, што пак води до друг проблем – губење на самодовербата“, велат истражувачите.
 
E pa neka mu ja mislat onie koi go pravat toa:nesvest:
 
Тачно.
Не е во ред да биде косата фатена во реп,стегната долго време,а тек сите овие перипетии.
Ај плетенките некако пак,ама надградбата е прилично лоша, лепило,па едни што ги ставаат за да држат...сенешто. Се шо е вештачко не чини.
Логично е и тоа за машките што си ги бричат главите,акни нормално дека се појавуваат и алергии,осетлива е кожата,немаме за џабе коса на глава. За да ја штити од се,почнувајќи од бактерии па натаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom