Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.347
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Еdsel е бренд на американскиот Ford Кој траел само три години, и тоа од 1957, до 1960 година.
Настанал како резултат на желбата на Ford да има во понудата и возило, во некоја, за тогашни услови, средна класа на возила, се разбира, според американски стандарди.
да го претставам:
Најпрвин, моделот за 1958, за мене, и најубав:

модел 1959:

и, последниот, и најредок, модел 1960:

Edsel никогаш немал сопствени погони. Секогаш се произведувал заедно со другите модели на некој од брендовите на Форд. Затоа, и квалитетот не бил на некое завидно ниво, со мала продажба, и брзо опаѓање на цената.
Некои сметат дека и дизајнот не бил баш успешен, посебно маската напред, која според некои е вагина, според некои „Олдсмобил кој цицал лимон“, а според дизајнерите бил коњски огламник.
Последните модели дури и не биле склопени цели, туку некои делови биле во багажникот со упатство како дилерот (или купувачот) да ги вгради.
Сите модели постојат како лимузина со две врати, со или без Б- носач (hardtop), кабриолет, лимузина со четири врати или караван со две или четири врати (караванот од 1960 е само со четири врати)
Имаат интересен автоматски менувач на копчиња, кои се наоѓаат таму кадешто обично е свирката, во основата на воланот (опционален бил, додуша)...
Од 1961 Форд ја укинува марката.
Стануваат интересни во `90-тите, и сега се интересна колекционерска роба, посебно моделот од 1960, кој е и најредок.
Во целина, марката се вклопува во општиот впечаток за автомобилските `50-ти на Америка, економија во силен подем, богата средна класа, нафта како секогаш ќе има, огромни возила кои многу трошат, многу лим, огромен мотор, премногу хром, декадентен дизајн, врв на кичот...но, тоа и ги прави посебни и драги, нели?