Ватиканските археолози го пронашле саркофагот со посмртните останки на апостол Павле, кој бил сокриен под олтарот во базиликата Свети Павле во Ватикан.
Саркофагот датира од околу 390 година, а откриен е по новите, повеќегодишни ископувања и истражувања на базиликата Свети Павле.
„Нашата цел е остатоците од гробот да ги извадиме и да ги изложиме од побожни причини, за да можат да бидат видливи и да служат за молитви“, изјави Џорџио Филипи, археолог на Ватикан кој беше шеф на проектот на откопување во базиликата на Свети Павле.
Ковчегот се уште не е отворен, но Филипи не ја отфрла можноста дека наскоро и тоа ќе се случи.
На местото каде што е погребан светецот, најнапред било изградено мало светилиште, а потоа и храм. По уништувањето на храмот во пожар, на почетокот на 19.век е изградена сегашната Базилика.
Деталните откритија при откопувањата ќе бидат презентирани на прес конференција во Ватикан во понеделник.
izvor makfax