P
Princ
Гостин
Во кампот на Фестивалот „Егзит“ во Нови Сад тешко се повредени двајца Македонци, откако утрово врз еден шатор од голема височина паднала гранка од дрво, пренесува агенцијата Бета.
Директорот на Ургентниот клинички центар во Војводина, Зоран Ѓерманов навел дека со тешки повреди на главата се здобила една 22-годишна девојка од Скопје и 23-годишниот Ѓорѓи Маркоски од Прилеп.
Според неговите зборови во тек е операција на девојката, неофицијално станува збор за 22-годишната Дафина Анастасова, која после операцијата ќе биде префрлена на интензивна нега. Нејзината состојба е критична. Ѓорѓи Маркоски ќе биде опериран во Институтот за белодробна хирургија во Сремска Каменица.
Директорот на болницата изјавил дека повредите на Маркоски се полесни отколку на девојката од Скопје.
Во истиот случај од здобиените тешки повреди во пределот на главата починала 28-годишната Јелена Матиќ од Параќин, чија што реанимација поминала неуспешно.
Генералниот менаџер на фестивалот „Егзит“ Бојан Бошковиќ рекол дека организаторите пред почетокот на фестивалот побарале од надлежните градски претпријатија да извршат санитарен преглед на дрвата и да ги исечат ризичните гранки во кампот.
„Санитарното сечење е извршено, но несреќа сепак се случи. Неизмерно ни е жал поради тоа и упатуваме најдлабоко сочувство на семејството на настраданата Јелена Матиќ“, рекол Бошковиќ.
Градоначалникот на Нови Сад Игор Павличиќ изјавил дека градските власти ќе утврдат кој од јавните комунални претпријатија од Градското зеленило и Заводот за изградба на градот биле одговорни за санитарното сечење и најавил најостри санкции.
Несреќата се случила околу 10 часот изутринава во кампот на Егзит кај Филозофскиот факултет во Нови Сад.
Извор