„Нејаваниот коњ станува тврдоглав, а синот препуштен на сопствената волја, станува дрзок“(Сир.30.8)
Денеска дојде до мешање на поимите смелост, независност и слобода на изразувањето на волјата со дрскост, безобзирност и бесрамност.
За многумина старомодно е воопшто да се зборува за моралот, совеста и честа. Скромноста се смета безмалку за физичка слабост, кротоста се смета за морална настраност, а срамежливоста како болна состојба која треба да се лекува. Вкоренетата претстава за тоа дека нашето време бара силни, одлучни, безобзирни и нечувствителни луѓе го условува и воспитанието на децата. И така гледаме како малото дете, нималку не се стеснува пред возрасните, се однесува бесно, не реагира на опомените. Почитта кон постарите денеска стана ретка појава. Практично отсуствува природната субординација по возраста, а на послушност принудува единствено стравот пред силата. Младите луѓе се залагаат на сите можни начини да ги напумпаат своите мускули за да со тоа ја потврдат својата независност и да живеат како што ќе им се посака. Во многу семејства неправилното воспитание доведува до тоа да малите деца стануваат идоли во семејството, ним им се поклонуваат, се трудат да ги исполнат нивните хирови; непослушноста на децата некогаш се спојува со неоправдани епизоди на суровост од страна на возрасните, меѓутоа далеку почесто физичкиоте казни воопшто не се употребуваат.
Светите Отци се изјасниле против слободното поведение кое го нарекле дрскост. „Нема страст која е посвирепа од дрскоста: таа е родителка на сите страсти“ – пишувал древниот подвижник од четвртиот век, ава Агатон. „Мајка на сите страсти“, ја нарекол дрскоста и ава Доротеј од 6-7 век. Свети Игнатиј Брјанчанинов исто така јасно се изјаснил по овој повод:„ За сите е очигледно и сфатливо дека слободното поведение лесно и често преоѓа во најголема дрскост, станува причина на караниците, гневот, злопамтењето итн.“(19 век).
И навистина, разбирајќи ја слободата како можност дека се е дозволено, современите поколенија покажуваат чудовиштна изопаченост која во толкав размер е невидена во историјата на развојот на човештвото. Падот на карактерноста здоби карактер на светска епидемија која победоносно се шири по сите земји и континенти.
Посебна приказна е кога се работи за женската дрскост. Бидејќи обидот да се уништи секоја разлика во животот и делувањето меѓу машкото и женското не само што е апсурдна, туку е и противприродна
Женската тепачка е многу многу поодвратна од онаа меѓу мажите. А грубоста од страна на жената и пцовките се доживуваат погнасно отколку оние на мажот, иако овие постапки не можат да се оправдаат од било кои причини.
Стекни цврстина и таа од тебе ќе ја одалечи слободата во однесувањето кон ближниот која е причина за секое зло“. (Варсануфиј Велики и неговиот ученик Јован од 6 век).
„ Без најголемиот надзор над себе неможно е да се успее ниту во една добродетел“- пишувал св. Игнатиј Брјанчанинов.
За да се избавиме од дрскоста, неопходно е да тежнееме кон состојби кои се спротивни на гревовните. Во прв ред се работи за смирението и кротоста како темели на христијанскиот карактер. Тие водат во напредок во добродетелите и искоренување на внатрешната несовршеност.
Во рускиот јазик постои збор кој е сличен на овој по звучност, но кој има сосем друга смисла: „смелост“. Во суштина, да се направи нешто смело, значи да се биде одлучен, но и праведен. Така Апостолите смело го благовестеле Словото Божјо, патувајќи низ разни земји. Исто така смело треба да се брани правдата, витината, да се бориме против лагата, злото и насилството.
Ава Доротеј за дрскоста
„Дрскоста е разнолика: може да се биде дрзок и со збор и со движење и со поглед. Од дрскоста некои паѓаат во празнословие, зборуваат световно, се однесуваат смешно и другите ги потикнуваат на непристојно смеење. Дрскоста е и тоа, кога некој го допира другиот без потреба, ги подава рацето кон некој кој се смее, го турка, му одзема нешто од раце, некого бесрамно набљудува. Сетоа тоа ја чини дрскоста. Затоа нема ништо поштетно од дрскоста, затоа што таа е мајка на сите страсти...“