Доверба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.927
Поени од реакции
20.725
Довербата, имате ли ? Во кого најчесто? Се гаи, се негува? Има ли луѓе кои не ја познаваат, како кога ќе ја изгубите, ја стекнувате ли пак или малку потешко? Што всушност придонесува? И дали имате доверба во некого 100%?

Лично за мене како автор на темава, имам доверба во многу мал број луѓе, незнам зошто неможам во сегкого да ја имам истата, како што реков многу мал број луѓе се тоа, и ако може да се сретне во љубовта, семејство, пријателство/другарство, се знае во кого имам доверба, во личноста со која го делам домот, со кого ги имам децата.. И се надевам дека нема да ми се сруши истата, сепак треба да се гаи, за да не се изгуби барем ова е мое мислење..

Колку сте вие ранливи , кршливи во ова прашање?

Чекам ваши одговори...
 
Довербата, имате ли ?
И дали имате доверба во некого 100%?

Имам,сепак со одредена резерва секогаш. Нема 100%.

Во кого најчесто?

Само во своите дома, брат ми. Потоа хиерархиски распоредени се пријателите кои што ги знам доволно долго и добро, со кои делам и лошо и добро минато.
Па девојката.

Се гаи, се негува?

Нормално дека се негува, ништо не доаѓа само од себе.

Има ли луѓе кои не ја познаваат, како кога ќе ја изгубите, ја стекнувате ли пак или малку потешко?
Што всушност придонесува?


Зависи за кој степен на доверба станува.
Не ја стекнувам пак, туку чувствувам голема одбивност кон тој човек.


Колку сте вие ранливи , кршливи во ова прашање?

...

Не сум кршлив, ранлив ..доколку се работи за навистина блиска личност.
Доколку се случи, имам само гнев и презир.
 
Не се обидувам да стекнам кај некого доверба едноставно сама по себе си се докажувам..
а кај мене на тие шо најмалку се надевав и ја имаја мојата доверба ја изгубија од едноставна причина што не знаат да ги ценат одредени вредности:toe:
 
Довербата, имате ли ? Во кого најчесто? Се гаи, се негува? Има ли луѓе кои не ја познаваат, како кога ќе ја изгубите, ја стекнувате ли пак или малку потешко? Што всушност придонесува? И дали имате доверба во некого 100%?
Колку сте вие ранливи , кршливи во ова прашање?

Имам доверба да, во татко ми.
Тоа е единствениот човек кој што ми ја држеше раката додека паѓав, се спрепнував, си ги правев партали колената и рацете и додека ме шиеле во болница он стоеше пред вратата.
Го делиме делумно истиот карактер и се пресликуваме еден во друг како да сме огледало и слика, он е мојот единствен реален, непробоен штит од животот и грозотиите кои што сум ги правела и ми ги правеле.
Он е мојот татко!

Се останато е нешто што можам да го сврстам во некој вид на доверба, дечко ми, блиските пријателки и пријатели, тука сме, егзистираме заедно, но онаа 100% доверба која што ја имам во тој човек, нема да ја имам во никој друг, дури ни во себе.
Интересно е дека премногу ретко, скоро никогаш, не сум се нашла погодена од тоа дека некој ја злупотребил мојата доверба, ретко им кажувам битни работи на луѓето за да можат да ме удрат таму каде што најмногу ме боли.

Лесно ја создавам, лесно ја губам, често површно и пристапувам, за вистинско верување, за вистинска пожртвуваност, на една рака можам да ги избројам тие, но од друга страна, свесна сум дека премногу си значиме во животот за да паднеме во таков вид на замка како што е меѓусебното изневерување.
Не се руши толку лесно она што се гради со години.Се бориме за се, се бориме и за довреба.
 
Имам голема доверба во луѓето особено тие со кои сум опкружена ,ми се има случено да ми се злоупотреби но многу ретко, обично после тоа сум попредпазлива барем према тие од кои сум изневерена но во секој случај повеќе имам доверба отколку сомнеж.
 
Довербата, имате ли ? Во кого најчесто? Се гаи, се негува? Има ли луѓе кои не ја познаваат, како кога ќе ја изгубите, ја стекнувате ли пак или малку потешко? Што всушност придонесува? И дали имате доверба во некого 100%

Имам доверба во луѓето, дури и ако ги знам 5 минути. Отворена личност сум, си кажувам се што имам на душа.Кога запознавам некој одам со помислата дека е супер личност и дека можам да и/му верувам. Добро, нормално дека некои работи ги зборувам само со најблиските,не е се за пред сите. Лесно е човек да ја стекне мојата доверба, ама и може да ја изгуби.А ако еднаш ја изгуби никогаш повеќе неможе да ја поврати.
Имам 100 посто доверба во неколку луѓе кои ги сакам,кои ми се блиски и со кои се што ми се случува во животот делам и ништо не кријам.

Е сега, заради тој мој став на сите да им верувам, често пати сум испаѓала наивна па гадно ме заебале, ама на крај од краиштата, јас никогаш кога се запознавам со некој не гледам во минатото. Ако ме 4 -5 души ја искористиле мојата доверба, не значи дека така и во иднината ќе биде и дека во секој треба гледам со недоверба.
 
од лево во десно око немам веќе доверба па ни во најблиските, пошто сум изгорен на неколку пати па сега како викаат старите и на јогурт дувам :toe:
 
Малку се луѓето на кои можам целосно да им верувам и ги нарекувам искрени и вистински пријатели. Ме имаат излажано, изиграно луѓе на кои најмногу им имав верувано и од тогаш внимавам што на кој кажувам, бидејќи луѓето не се секогаш тоа што мислиме дека се..
 
Не сум кршлив, ранлив ..доколку се работи за навистина блиска личност.
Доколку се случи, имам само гнев и презир.


Баш сакав и за тие 100% повеќе..
Сите истото го велат,нема никогаш и несмееш да дозволиш да имаш доверба во некому 100% мора да имаш макар 1 % резерва... Зар тој истиот макар 1% нема да те копка, да чепкаш, да пазиш дали е се како што треба, и дека истата личност ја заслужува твојата доверба??
 
Баш сакав и за тие 100% повеќе..
Сите истото го велат,нема никогаш и несмееш да дозволиш да имаш доверба во некому 100% мора да имаш макар 1 % резерва... Зар тој истиот макар 1% нема да те копка, да чепкаш, да пазиш дали е се како што треба, и дека истата личност ја заслужува твојата доверба??

Не денеска, можеби во некои други времиња, можеби во Холивудски филмови тоа важи.

Во оној момент кога ќе се наговориш самиот дека можеш некому да веруваш 100% тогаш доаѓаат и најголемите разочарувања.


Тој 1% недоверба нема да ме копка, туку ќе ме држи буден..спремен и на разочарување.
Баш заради тоа, да не се скршам после, да пропаднам од болка.
 
Целосна доверба имам само во себеси и брат ми, мајка ми и татко ми.

Во сите други довербата ми е пола пола. Да отворена сум, разговарам на секоја тема, но тоа не е доверба. Па јас на нив не им ја раскажувам мојата интима, ниту пак им навестувам кои се моите планови, ниту што мислам да направам јас.

Да постојат и ликови во кои имам навистина голема доверба но не е тоа тоа. Баш оној 1% за кој разговаравте во претходните постови. Еве толку време сум со тие ликови, ама довербата не е доверба. Секогаш постои еден мал процент на недоверба кој ме пресекува кога и да сакам да кажам нешто. Најверојатно постои тука како еден вид на мала совест која постојано повторува дека никој не може да ми мисли подобро од моите најблиски.
 
немам целосна доверба во никого знам многу добро дека секој може да ме разочара и да ме повреди на било каков начин намерно или не намерно така да прекинав да сечам вени ако некој ја злоупотреби мојата доверба зошто јасно ми е дека на никој немозам потполно да верувам
 
немам доверба во никој друг освен во мајка ми ,татко ми и сега засега во еден другар.Никој друг не заслужува да му верувам целосно бидејки сите други на еден или на друг начин ме разочарале:toe:
 
На никој никогаш не може целосно да му се верува. Никогаш не се знае во животот што те чека. Од тие што најмалце очекуваш, тие и највеќе те повредуваат. Имам доверба само во моите најблиски најблиски пријатели, а во другите баш и не многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom