Доверба во Македонски Пошти за добивање на пратка?

  • Креатор на темата Креатор на темата dflash88
  • Време на започнување Време на започнување
Праќање лаптоп по пошта во Македонија :pos:
Не си играј со такви работи, да беше нешто ситно па и да го прежалиш ама за вредност повеќе од 10 евра доверба во поштиве - не.
Како што ти пишаа и погоре, подобро да најдеш некој што ќе ти го донесе лаптопот отколку да ти го здиплат поштењациве.

Иам над 500 пратки, ефтини скапи од се по нешто, шансите да ти здиплат лаптоп, се 1: 10000000000000, не зборете на памет. Има строги контроли за пратките со тракинг, нема шанси да украдат таква пратка, поготово не голема како лаптоп.
 
Препорачано писмо ми каснеше 3 месеца и никогаш не го добив. Од американска амбасада до адреса во Скопје. Направив истрага и дојдов до сознание дека го снемало помеѓу главна пошта и поштата во Карпош. Шефот и поштарите се сложија да потпишат изјави дека не го примиле, а овие од главна дека го испратиле.
 
Ме замисливте со коментариве. Ќе испраќам пакет до Македонија со облека, неколку книги и пар чизми.
Значи не станува за нова облека, нема етикети, ништо од тоа.
Има шанса да го царинат?
 
Доверба < 0. И да образложам дека мене повеќе од 60 % од пратките ми се загинати а за тие без броеви за следење можам да кажам дека 90% ми гинат иако некој нудат број на контејнер и според тоа се пристигнати во Макеоднија но некаде на царина се губат. Од тука не може приговори како што ми кажаа од пошта и тоа е тоа.
 
Јас имав 3 нарачки од Алиекспрес, 2 стигнаа регуларно, а трета не. Исконтактиравме со алиекспрес и као испратија повторно, ама и по истек на вториот месец не е стигната. Во пошта ми викаат дека за да се следи пратката бројот за следење треба да е две букви, 9 бројки и земја на потекло(Cn) ама од алиекспрес не ми дадоа таков број и по се изгледа од третата пратка нема да има ништо!
Страшно е тоа што во пошта не запишуваат доаѓање на пратки ако немаат број за пратење како што наведов, така да секој од пошта може да ја мазне пратката и нема да има доказ дека воопшто стигнала до Скопје.
 
Последно уредено:
Дали некој знае колку време би било потребно за да стигне писмо од Германија во Македонија по обична пошта?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom